Саем 16.11.2022 - 17.11.2022 Покана за учество на Нордискиот саем за органска храна и на „Еколивинг Скандинавија“

Малме, Шведска



Стопанската комора на Северна Македонија, во рамките на Проектот „ЕЕН“ и во соработка со Нордискиот саем за органска храна и со „Еколивинг Скандинавија“, ве покануваат да учествувате на саемот кој ќе се одржи во Малме, Шведска, на 16 и на 17 ноември 2022 година. 

Овој саем е вистинското место за средба на купувачите и на производителите кои имаат дејност во одржливата и во органската индустрија, бидејќи постои можност за поврзување со бизнис-партнери на однапред закажани бизнис-средби, што би придонело за интернационализација на вашиот бизнис. 

Саемот ви ги нуди следните можности:

-    да се сретнете со производители/купувачи кои ќе им одговараат на вашите потреби;

-    однапред да закажете состаноци со потенцијални бизнис-партнери, искусни во индустријата на храна и пијалаци, екоживеење, козметика, убавина и на природно здравје;
-    да ја развиете својата бизнис-мрежа;
-    да го споделите своето искуство со меѓународната бизнис-мрежа;
-    да бидете во тек со пазарните трендови и да детектирате технолошки иновации.

Учеството на настанот е бесплатно, со претходна задолжителна регистрација за сите учесници на следниот линк: https://noff-and-els-matchmaking-2022.b2match.io/home.
Дополнителни информации за закажување Б2Б-состаноци со потенцијални бизнис-партнери се достапни на следниот линк: https://noff-and-els-matchmaking-2022.b2match.io/page-2341.
Трошоците за превоз и за сместување ќе бидат на товар на самите компании/учесници.

Зошто да го посетите овој настан?

Ќе се запознаете со повеќе од 500 производители на природна и здрава храна и пијалаци, козметика и на производи за убавина, вклучувајќи и најдобри понуди од Нордискиот Регион, меѓународни брендови, но и интересни стартапи. Нордискиот саем за органска храна е најголемиот сертифициран настан за органска храна и пијалаци во овој регион, додека, пак, „Еколивинг Скандинавија“ е најголемиот настан за одржливост во Нордискиот Регион, кој се залага за природно здравје, убавина и за одржливо живеење. 
 

Пријавете се тука

Контакт лица:

Ирена Мојсовска
++ 389 2 3244009


Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Форум, 07.12.2022
Покана за учество на МАКЕДОНСКО-БУГАРСКИ БИЗНИС-ФОРУМ И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ
Семинар, 14.12.2022
Excel Data Analysis – Анализа на продажбата
Форум, 14.12.2022
МАКЕДОНСКО-СЛОВЕНЕЧКИ ЕКОНОМСКИ ФОРУМ, Хотел "DoubleTree by Hilton"
Семинар, 15.12.2022
ЗАТВАРАЊЕ НА ДЕЛОВОДНИК, ПОДГОТОВКА НА СПИСИТЕ ЗА ВРАЌАЊЕ ВО ПИСАРНИЦА ЗАРАДИ НИВНО СКЛАДИРАЊЕ И СРЕДУВАЊЕ ВО АРХИВА, ПОДГОТОВКА НА ОВЛАСТУВАЊА ЗА РАБОТА ЗА НАРЕДНАТА ГОДИНА ПОВРЗУВАЊЕ НА БРОЕВИ ОД МИНАТА ГОДИНА СО НОВИ БРОЕВИ ВО ТЕКОВНА ГОДИНА
Конференција, 16.12.2022
ЕКОНОМСКИ ПРЕДИЗВИЦИ ВО 2023 ГОДИНА: КАКО ДА ГО ОДРЖИМЕ ЕКОНОМСКИОТ РАСТ И ЈА ТРАНСФОРМИРАМЕ ЕКОНОМИЈАТА
Семинар, 20.12.2022
УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРОДАЖБАТА, НАЧИН НА КОМУНИКАЦИЈА СО КУПУВАЧИ, ОДРЖУВАЊЕ НА МОТИВАЦИЈА ЗА РАБОТА, ПРАКТИЧНИ АЛАТКИ ПРИ ПРОДАЖБА И ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА САМОДОВЕРБА ВО НУДЕЊЕ НА ПРОИЗВОДИ
Семинар, 21.12.2022
УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИК ЗА УСОГЛАСЕНОСТ СО РЕГУЛАТИВАТА ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ ЗАРАДИ ИЗБЕГНУВАЊЕ ПРЕКРШОЧНА ОДГОВОРНОСТ
Семинар, 21.12.2022
НАПРЕДЕН ЕКСЕЛ ЗА РАБОТА СО ГРАФИКОНИ, СОРТИРАЊЕ, РЕВИДИРАЊЕ И ЗАШТИТА НА РАБОТНИТЕ ДОКУМЕНТИ