Почитувани стопанственици,
Стопанската комора на Северна Македонија, во соработка со Стопанската комора на Хрватска и со Амбасадата на Република Северна Македонија во Загреб, ве поканува да учествувате на Македонско-хрватскиот бизнис-форум, кој ќе се одржи на 26 септември 2022 година (понеделник) во Загреб, Хрватска.
Основната цел на Бизнис-форумот е да се поттикнат заедничката деловна соработка и партнерството меѓу компаниите од сите сектори.
Со цел интензивирање на економската соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Хрватска, во првиот дел од Форумот свое обраќање ќе имаат претставници од владините институции, од Хрватската стопанска комора (ХСК) и Амбасадорот на Република Северна Македонија во Загреб, како и претседателот на Македонско-хрватскиот бизнис-клуб.
Во вториот дел од Форумот свое обраќање ќе имаат претставници од коморите, со презентации на позначајните инфраструктурни и инвестициски проекти за можно инвестирање во Северна Македонија, а потоа ќе следуваат и билатералните средби (Б2Б).
Презентацијата и деловните средби ќе се одржат на 26 септември 2022 година (понеделник) во просториите на Хрватската стопанска комора.
Учеството на деловните средби е бесплатно, а трошоците за патувањето и за сместувањето се на товар на учесниците.
Ве молиме своето присуство задолжително да го потврдите најдоцна до 6 септември 2022 година (вторник) со пополнување на пријавниот лист до лицата за контакт: Ирена Мојсовскa, irena@mchamber.mk и Катерина Какашева-Азески, kakasheva@mchamber.mk.
За сите дополнителни информации ќе бидете навремено известени.