Семинар 19.08.2022 Напредни Ексел функции за анализа на податоците

Онлајн семинар




Напредните алатки на Ексел, како што се напредни филтри, правила, валидација на податоците и текстуалните функции спаѓаат во најважните и најчесто користените алатки во деловното планирање, макро и микроекономската анализа и носењето на одлуки. 
Во свет во кој сме постојано опкружени со податоци, бројки, трендови и статистики, неопходно е да ги разбираме и да бидеме способни да ги користиме напредните ексел функции, бидејќи тие се дел од најважните алатки за носење на деловни одлуки.


Обуката е наменета за сите оние коишти сакаат да научат како да:
-    Лесно анализираат големи бази на податоци во Ексел;
-    Лесно средуваат текстуални информации во Ексел;
-    Препознаваат ситуации во кои примената на напредни
     Ексел алатки може да помогне во процесот на одлучување; 
-    Да спроведуваат едноставна анализа во пракса користејќи MS Excel
     и на тој начин да издвојуваат дополнителни информации од собраните податоци; 
-    Интерпретираат различни нумерички податоци прикажани
     во деловните извештаи или критички да пристапат во
    вреднувањето на статистичките податоци пред носењето на деловни одлуки.
 Содржина на обуката:
-    Валидација на податоците;
-    Брзи формати за внесување на податоци во Ексел;
-    Користење на филтри;
-    Koристење на напредни филтри;
-    Користење на правила и напредни правила;
-    Текстуални функции во Ексел.

На основа на “живи“ примери се објаснуваат опциите во Excel:
•    Data filters;
•    Text filters;
•    Number filters;
•    Date filters;
•    Advanced filters;
•    Form control;
•    Data Validation;
•    Slicers;
•    Easy data entry forms;
•    Check box;
•    Conditional formatting;
•    Advanced CF techniques;
•    Trim, Proper, Upper, Lower, Len;
•    Split Names;
•    Data-Text-to Columns;
•    Flash fill;
•    Text functions;
•    Tips & tricks (трикови).
Краен резултат: Максимално забрзување на изготвување на анализи!

Предавач:
Проф.д-р Зоран Ивановски, редовен професор на Eкономскиот факултет при Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, реномиран регионален стручњак од областа на финансискиот менаџмент и предавач со долгогодишно искуство во земјата и странство. Во својата долгогодишна универзитетска кариера бил на раководни факултетски и универзитетски позиции како Ректор на Европскиот универзитет – Република Македонија, Проректор на Европскиот универзитет – Република Македонија и Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, декан на Економски факултет при Европскиот универзитет – Република Македонија, визитинг професор на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, Универзитетот “Свети Апостол Павле“ во Охрид и на Економскиот факултет на Универзитетот во Валенсија, Шпанија. Покрај универзитетската кариера предава на обуките за брокери и за инвестициски советници организирани од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија. Успешно раководи со првата бизнис клиника во нашата земја “Business Clinic DB”.Повеќе од 20 години реализира обуки за бизнис секторот во земјата и во странство.Автор е на голем број универзитетски учебници и научни трудови објавени во списанија индексирани во реномирани бази на податоци. 

За сите учесници ќе биде обезбедено:
-    Напатствија за приклучување на онлајн работилницата;
-    Е-сертификат и
-    Работни материјали во електронска верзија.

Рок за пријавување:17.8.2022 година.


 

Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ