Пивот табелите во Ексел спаѓаат во најважните алатки во деловното планирање, микроекономската анализа и носењето на одлуки. Во свет во кој сме постојано опкружени со податоци, бројки, трендови и статистики, неопходно е да ги разбираме и да бидеме способни да ги користиме пивот табелите, бидејќи тие се дел од најважните алатки за носење на деловни одлуки.
Обуката е наменета за сите оние коишти сакаат да научат како да:
- Препознаваат ситуации во кои примената на пивот табелите
може да помогне во процесот на одлучување;
- Да спроведуваат едноставна анализа во пракса користејќи
MS Excel и на тој начин да издвојуваат дополнителни
информации од собраните податоци;
- Интерпретираат различни нумерички податоци прикажани во деловните
извештаи или критички да пристапат во вреднувањето на статистичките
податоци пред носењето на деловни одлуки.
Содржина на обуката:
- Креирање табели;
- Анализа на податоци;
- Селекција на податоци;
- Креирање прегледи;
- Создавање комплексни извештаи.
На основа на “живи“ примери се објаснуваат опциите во Excel:
• Show details;
• Replace Blank Cells;
• Show items with no data;
• Group Text Fields;
• Group Number Fields;
• Group Date Fields;
• Automatically Refresh Data;
• Show Report Filter Pages;
• Allow Multiple Filters;
• Sort Items based on a Value Field;
• Custom Sort Orders;
• Change the Layout;
• Turnoff Get pivot data;
• Prevent Column Widths Changes;
• Calculated Fields;
• Charts;
• Slicers;
• Multiple pivot table to a slicers;
• Filter on top N items;
• Multiple Subtotals;
• Timelines;
• Show value as;
• Tips & tricks (трикови).
Краен резултат: Целосен извештај за работење на компанијата
Предавач:
Проф.д-р Зоран Ивановски, редовен професор на Eкономскиот факултет при Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, реномиран регионален стручњак од областа на финансискиот менаџмент и предавач со долгогодишно искуство во земјата и странство. Во својата долгогодишна универзитетска кариера бил на раководни факултетски и универзитетски позиции како Ректор на Европскиот универзитет – Република Македонија, Проректор на Европскиот универзитет – Република Македонија и Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, декан на Економски факултет при Европскиот универзитет – Република Македонија, визитинг професор на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, Универзитетот “Свети Апостол Павле“ во Охрид и Универзитетот во Валенсија. Покрај универзитетската кариера предава на обуките за брокери и за инвестициски советници организирани од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија. Успешно раководи со првата бизнис клиника во нашата земја “Business Clinic DB”.
Повеќе од 20 години реализира обуки за бизнис секторот во земјата и во странство.
Автор е на голем број универзитетски учебници и научни трудови објавени во списанија индексирани во реномирани бази на податоци.
За сите учесници ќе биде обезбедено:
- Напатствија за приклучување на онлајн работилницата;
- Работни материјали во електронска верзија.
Сите заинтересирани за учество на оваа работилница можат да се пријават најдоцна до 23.08.2022 година.