Стопанската комора на Северна Македонија, на 12.07.2022 година, организира еднодневна работилница на тема: „Воведување на статусот овластен економски оператор врз основа на меѓународни стандарди и придобивки за имателите на одобрение“ со цел економските оператори да се запознаат со статусот овластен економски оператор, неговото значење во меѓународната трговија и начинот и постапката како да се дојде до него, а се со цел да се користат поволностите од страна на имателите на одобрение.
Во текот на работилницата ќе бидат објаснети сите аспекти околу дефинирање на поимот овластен економски оператор, законските основи, можностите и начинот за поднесување на барање и добивањето на одобрение. Истовремено учесниците ќе добијат практични совети во врска со начинот на подготовка на економскиот оператор за поднесување на барањето, но и начинот на следење на одобрението и континуирано исполнување на истите. Исто така ќе бидат објаснети поволностите пропишани со законските прописи и начинот и постапките за нивно остварување. Посебно внимание ќе биде посветено и на взаемното признавање на одобренијата за овластен економски оператор и неговото значење за економијата на Република Северна Македонија
ПРОГРАМА
1. ПОЧЕТОЦИ И ПРОПИСИ
- Почетоци на концептот овластен економски оператор;
- Царински закон;
- Уредба за спроведување на Царинскиот закон;
- Прирачник за овластен економски оператор;
- Стратегија за унапредување на статусот ОЕО во Царинската управа 2021-2023.
2. ПОИМ ЗА ОЕО И ПОДГОТОВКА ПРЕД ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ
- ПОИМ ЗА ОЕО
- Што е ОЕО;
- Учесници во меѓународниот синџир на снабдување кои можат да бидат ОЕО;
- Видови на одобренија за овластен економски оператор – царински поедноставувања/безбедност и сигурност.
3. ПОДГОТОВКА ПРЕД ПОДНЕСУВАЊЕ:
- Донесување на одлука и назначување на лице;
- Тим за подготовка;
- Прашалник за самооценување;
- Закани ризици и можни решенија.
3. КРИТЕРИУМИ И ИЗДАВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ
4. КРИТЕРИУМИ
- Почитување на царински и даночни прописи;
- Ефикасен систем на управување на трговската, а кога е потребно и транспортната евиденција;
- Финансиска солвентност;
- Практични стандарди за компетенции или професионални квалификации;
- Безбедносни и сигурносни стандарди.
5. ИЗДАВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ
- Формално прифаќање;
- Интерни контроли;
- Анализа на барањето и план за контрола;
- Спроведување на контрола;
- Донесување на одлука;
- Следење на одобрението.
4. ПОВОЛНОСТИ И ВЗАЕМНО ПРИЗНАВАЊЕ
5. ПОВОЛНОСТИ
- Поволности во зависност од видот на одобрение;
- Индиректни поволности;
- Национални поволности.
6. ВЗАЕМНО ПРИЗНАВАЊЕ
- Договори за взаемно признавање;
- ЦЕФТА;
- Договори за взаемно признавање со Република Србија и Република Албанија;
- Иницијатива за взаемно признавање со ЕУ.
Предавачи:
- Офелија Бајо, помошник директор на Сектор за царински систем во Царинската управа на Република Северна Македонија и
- Билјана Гаџовска, самостоен советник во Одделение за царински и даночни постапки во Сектор за царински систем во Царинската управа на Република Северна Македонија.
За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал доставен електронски;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.
Сите заинтересирани за учество на оваа работилница можат да се пријават најдоцна до 08.07.2022 година.