Конференција 26.07.2022 - 28.07.2022 ХИБРИДНА КОНФЕРЕНЦИЈА И ДЕЛОВНИ СРЕДБИ „CONNECTO 2022“ https://connecto.ba/ 26-28 јули 2022 година

Интера-Технолошки парк, Мостар, БиХ



Стопанската комора на Северна Македонија во соработка со ИНТЕРА-Технолошки парк, Мостар, БиХ и во рамки на ЕЕН–Европската мрежа на претприемачи, Ве поканува да земете учество на претстојната конференција и деловни средби на тема: CONNECTO 2022 што ќе одржат во периодот од 26-28 јули 2022 година во Интера-Технолошки парк, Мостар, БиХ.

Настанот претставува одлична можност да се воспостават контакти со партнери, клиенти и добавувачи од Босна и Херцеговина, регионот на Западен Балкан и од светски рамки.

CONNECTO 2022 претставува платформа за вмрежување меѓу бизнис дијаспората од БиХ и претприемачи од БиХ и регионот на Западен Балкан со една цел:

  • Извезување производи и услуги на глобалниот пазар;
  • Генерирање нови, добро платени работни места;
  • Креирање иновативни производи и решенија;
  • Нудење нови можности за младите во БиХ;
  • Максимизирање и искористување на исклучителниот потенцијал на пазарот на трудот во БиХ.

Настанот е наменет за услужните дејости од следните сектори:

  • Дигитализација;
  • ИКТ и телекомуникации;
  • Производи и полупроизводи од метал, дрво и пластика;
  • Инженерски, дизајн и консултантски услуги;
  • Градежна индустрија;
  • Индустриски и градежни алатки и машини;
  • Винарство, земјоделство и храна и
  • Туризам, спорт и рекреација.

Учеството на настанот е бесплатно. Целата програма ќе биде подеднакво видлива и достапна за посетителите на локацијата и за оние кои учествуваат онлајн. Настанот ќе се одржи во просториите на Технолошкиот парк ИНТЕРА како и на онлајн веб платформата. Официјални јазици ќе бидат на англиски, босански, хрватски и српски јазик.

Регистрацијата е отворена до 25 јули 2022 година на следниот линк:  https://connecto.ba/signup.

Напомена: За виртуелно учество на настанот потребно е да имате: компјутер или мобилен телефон со функционална камера и микрофон. Вашите состаноци ќе се одвиваат преку веб Б2Б платформата, без потреба од дополнителен софтвер.

Подетални информации во врска со настанот можете да најдете на нивната официјална веб-страна: https://connecto.ba/.

 

 


Контакт лица:

Ирена Мојсовска
++ 389 2 3244009

м-р Ивана Анчев
++ 389 2 3244051

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015