Со намера до го доближиме овој нов начин на работа со вработените, Стопанската комора на Северна Македонија на 28 јуни 2022 година организира еднпдневна „он-лајн“- обука на тема: Практично унапредување на човечките ресурсите во една компанија преку нов холистички пристап, која ќе се фокусира на оваа важна тема за обезбедување стабилен развој на секоја организација.
За кого е наменета обуката:
Обуката е наменета за сопственици на компании, претставници на бизнис-заедницата од врвен менаџмент, менаџери на човечки ресурси и други професионалци во оваа област.
ПРОГРАМА
Практично унапредување на човечките ресурсите во една компанија преку нов холистички пристап
1.Примена на нови методологии при вработување;
2.Прифаќање на нововработените во компанијата;
3.Транспарентност и прегледност во индивидуалните резултати на вработените;
4.Одлуките на менаџментот базирани врз 100% точни резултати;
5.Промоција на различност, еднаквост и инклузивност на сите нивоа во компанијата;
6.Техники и методи за унапредување на индивидуалното и тимското знаење на менаџментот;
7.Техники и методи за унапредување на мотивацијата и продуктивноста кај вработените;
8.Начини за приближување на компанијата до вработените преку користење различни пристапи.
Предавач:
Мирослав Драганов, ко-основач и директор за маркетинг и продажба во ВИДНЕТ Солушнс, www.widnet.mk. Дополнително, Мирослав има огромно искуство во развој на вработени, консултантство за менаџмент и организациски развој, анализи и давање насоки за дополнителни обуки на постоечките вработени и реализација на обуки за лидерство и меки вештини. Во обуките пренесува реални искуства од проекти спроведени во интернационални и локални компании. Тој е магистар по право. Поседува сертификати за ментор, тренер на обучувачи и коучинг од интернационални сертификациски програми, со кои овозможува компаниите да ги најдат најдобрите решенија за деловен раст и развој. Мирослав е избран за еден од НАЈВЛИЈАТЕЛНИТЕ ШЕЈПЕРИ во светот.
За сите учесници на обуката ќе биде обезбедено:
- упатства за приклучување на „онлајн“-обуката;
- работни материјали на маил;
Сите заинтересирани за учество да се пријават најдоцна до 24.06. 2022 година.