Во насока на продлабочување на соработката меѓу Северна Македонија и Романија, Стопанската комора на Северна Македонија, во соработка со Амбасадата на Романија во Република Северна Македонија, Ве покануваат да земете учество на претстојниот
„Македонско-романски бизнис форум и билатерални средби“, кој ќе се одржи на 30 мај 2022 година во просториите на Стопанската комора на Северна Македонија, кат 5, сала 4, со почеток во 11:00 часот.
На Форумот, покрај работниот дел на кој се предвидени поздравни обраќања од страна на амбасадорката на Романија во Република Северна Македонија, Н.Е. Моника Аксинте и претседателите на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески и претседателот на Трговско-индустриската комора на Јаши, Паул Бутнариу, во насока на продлабочување на економската соработка, предвидени се и билатерални средби меѓу претставници на бизнис-заедниците од двете земји.
На настанот домашните компании ќе имаат можност да остварат директни средби со претставници на романски компании од различни сектори, како што се:
- туризам,
- консалтинг,
- образование,
- веб дизајн, маркетинг, графички дизајн,
- медицинска опрема,
- производители на пиво,
- производители на хербициди, пестициди, инсектициди, ѓубрива,
- текстилна индустрија,
- ИТ сектор.
Сите заинтересирани компании своето учество можат да го пријават со пополнување на пријавниот лист во прилог и со негово доставување кај лицето за контакт, м-р Сања Николова, електронска адреса: sanja@mchamber.mk, тел: 3244-091, моб: 071/ 230-452, најдоцна до 27 мај (петок).
Во прилог:
- листа на романски компании;
- пријавен лист.