
Стопанската комора на Северна Македонија, во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој, Ве поканува на он-лајн презентација на условите за аплицирање на отворениот јавен повик на инструментот за поддршка - Кoфинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст.
Целта на поддршката е претпријатијата и приватни здравствени установи (ПЗУ) да создадат услови за надминување на последиците од економската криза, да остварат забрзан раст, да ја зголемат конкурентноста на меѓународните пазари и отпорноста на пандемиски и климатски кризи, преку воведување на нови, иновативни, напредни, ‘зелени’ и дигитални технологии за нивна трансформација.
Преку овој инструмент Фондот обезбедува финансиска поддршка за микро, мали и средни компании и ПЗУ и тоа:
- до 70% од вкупниот буџет на проект, но не повеќе од 2,5 милони денари за микро претпријатија;
- до 70% од вкупниот буџет на проект, но не повеќе од 5 милиони за мали претпријатија и
- до 60% од вкупниот буџет на проект, но не повеќе од 10 милиони денари за средните компании
Сите информации поврзани со јавниот повик се достапни на следниот линк: https://www.fitr.mk/забрзан-раст-2/
Настанот ќе се одржи на 30.5.2021 (понеделник), со почеток во 12:00 часот, преку зум апликација.
Сите заинтересирани за следење на настанот можат да се приклучат преку следниот линк:
Join Zoom Meeting
https://us06web.zoom.us/j/89770872421?pwd=eG5XVkRYL0hRMHI5bTMxL0tOMHBoUT09
Meeting ID: 897 7087 2421
Passcode: 428871
За повеќе информации контакт лице во Комората е дадено во оваа објава.