Внатрешната ревизија е независна, објективна и консултативна активност, дизајнирана да додаде вредност и да го подобри работењето на организациите. Таа и помага на организацијата да ги исполни своите цели со тоа што ќе обезбеди систематски, дисциплиниран пристап за проценка и подобрување на ефикасноста на процесите за управување, контрола и управувањето со ризикот.
Мисијата на внатрешната ревизија е да се зголеми и заштити вредноста на организацијата преку давање на уверување базирано на ризик и објективност, како и обезбедување на подлабоко разбирање и консултација.
Внатрешната ревизија претставува современ инструмент за подобрување на управувањето во компаниите и организациите. Согласно тоа, успешната поставеност и функционирање на внатрешната ревизија е од огромна важност за успешно функционирање на секоја организација. Внатрешната ревизија постојано се надградува, во меѓународни рамки е етаблирана и претставува професија која има голема перспектива.
Програма:
- Важноста и значењето на внатрешната ревизија;
- Организацијата на внатрешната ревизија;
- Методологијата на внатрешната ревизија;
- Планирањето и спроведувањето на внатрешната ревизија;
- Изработката на ревизорските извештаи.
МОДУЛИ
Модул 1:
Организациски и методолошки аспекти на внатрешната ревизија базирана на правилата на професијата
• Дефиниција;
• Етички кодекс;
• Стандарди.
Модул 2:
Планирање на внатрешната ревизија
• Стратешко планирање;
• Годишно планирање;
• План за пединечно планирање.
Модул 3:
Извршување на внатрешната ревизија
• Фази во спроведувањето на ревизијата.
Модул 4:
Известување за ревизијата
• Видови на поединечни извештаи;
• Периодични извештаи.
Целна група:
- Внатрешни ревизори, раководни лица и одговорни лица за внатрешна контрола на различни работни позиции во рамки на вертикалната хиерархија на организацијата.
Предавачи:
- Д-р Богдан Ѓурчевски, доктор на економски науки, специјалност внатрешна ревизија и
- Д-р Викторија Трајков, доктор на економски науки, специјалност маркетинг.
За сите учесници ќе биде обезбедено:
- Напатствија за приклучување на онлајн семинарот;
- Работни материјали во електронска верзија.
Сите заинтересирани за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 17.6.2022 година.