Менаџментот на човечки ресурси или управувањето со човечките ресурси е многу важна деловна и управувачка функција во работната организација. Менаџментот со човечките ресурси не е само значајна деловна функција, туку и една од основните управувачки функции во организацијата. Управувањето со човечките ресурси ги опфаќа менаџерските одлуки, стратегии, планирање и активности кои директно влијаат на вработените во организацијата - нивното однесување, резултати, ставови, вредности и мотивација. Менаџментот со човечки ресурси се стреми кон обука, обучување, подучување и други иницијативи за градење вештини, дизајнирани да се надминат недостатоците. Со почитување на функциите на менаџментот на човечки ресурси како анализата и планирањето, регрутацијата и селекцијата, обуката и развојот, оценувањето на перформансите, плаќањето, развојот и управувањето со кариерата, може да се придонесе кон поголем успех во секоја работна организација.
Програма:
- Стратешкото значење на менаџментот на човечки ресурси;
- Целите на функцијата на менаџментот на човечки ресурси;
- Стратегијата, начелата и процедурите на менаџментот на човечки ресурси;
- Функциите на менаџментот на човечки ресурси;
- Планирањето на човечките ресурси;
- Регрутацијата на човечките ресурси;
- Селекцијата на човечките ресурси;
- Обуката и развојот на човечките ресурси;
- Оценувањето на перформансите на вработените;
- Плаќањето на човечките ресурси;
- Развојот и управувањето со кариера на вработените.
МОДУЛИ
Модул 1:
Менаџмент на човечки ресурси
• МЧР и ефективноста на организацијата;
• Цели на функцијата на менаџментот на човечки ресурси;
• Учесници во активностите на МЧР;
• Стратегија, цели, начела и процедури на менаџментот на човечки ресурси;
• Реструктуирање и редукција на работната организација;
• Вработените и МЧР.
Модул 2:
Функции на менаџментот на човечки ресурси
• Анализа на работата;
• Планирање на човечките ресурси;
• Регрутација на човечките ресурси;
• Селекција на човечките ресурси;
• Обука и развој на човечките ресурси ;
• Оценување на перформансите на вработените;
• Плаќање на човечките ресурси;
• Развој и управување со кариера на вработените.
Модул 3:
Практични примери за изработка на акти од областа на управувањето со човечки ресурси.
Целна група:
- Сите вработени лица вклучени во процесот на менаџментот на човечки ресурси
во работните организации.
Предавачи:
- М-р Милка Ѓурчевска, магистер по менаџмент на човечки ресурси, специјалност јавна администрација. Раководител на одделение за управување со кариера, развој и перформанси на вработени во Државниот инспекторат за труд.
- Доц. д-р Викторија Трајков, доктор на економски науки, специјалност маркетинг.
За сите учесници ќе биде обезбедено:
- Напатствија за приклучување на онлајн семинарот;
- Работни материјали во електронска верзија.
Сите заинтересирани за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 2.06.2022 година.