Конференција 14.06.2022 „AUSTRIA CONNECT SOUTHEAST EUROPE“ - Собир на регионални австриски компании

Загреб, Хрватска



 

Стопанската комора на Северна Македонија во соработка со Advantage Austria- Трговското одделение при австриската амбасада во Скопје, Ве покануваат да земете учество на претстојната конференција AUSTRIA CONNECT Југоисточна Европа, што ќе се одржи на 14 јуни 2022 година во Загреб, Р. Хрватска.

AUSTRIA CONNECT SOUTHEAST EUROPE е водечки собир на директори на австриски компании со седиште во Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Косово и Албанија и е одлична платформа за размена на искуства со австриски компании во регионот и нудење информации за бизнис можности како и дискусии за можни решенија за предизвиците со кои се соочуваме. По успешните конференции во Загреб, Белград и Љубљана, AUSTRIA CONNECT Southeast Europe 2022 се враќа - со мало задоцнување поради пандемијата – повторно во Загреб.

Покрај актуелните случувања во земјите од регионот, конференцијата AUSTRIA CONNECT Southeast Europe 2022 ќе се фокусира на можностите за раст, можностите за инвестирање во регионот и предизвиците на променливиот пазар на труд и ИТ безбедноста.

Во рамките на „World Café Southeast Europe“ ќе можете да се консултирате во пријатна атмосфера за сите прашања што ги имате за пазарите на AUSTRIA CONNECT Југоисточна Европа.

Ве очекуваат интересни предавачи, предавања и дискусии, примери за успешен бизнис и можности за вмрежување и развој на деловна соработка. Прелиминарната програма и повеќе информации можете да најдете на  AUSTRIA CONNECT.

  • Котизација: 100 евра, - по лице или 130 евра, - по лице со вклучен гала концерт за прослава на 30 години политички односи меѓу Хрватска и Австрија на 14 јуни 2022 година.
  • Краен рок за пријавување: 10.06.2022 година.
  • Работен јазик: англиски
  • Услови за учество (плаќање и откажување на учество)

За да аплицирате за учество, користете го овој ФОРМУЛАР ЗА РЕГИСТРАЦИЈА или испратете ги деталите за вашата компанија и името /имињата на учесникот/учесниците на следната е-адреса: skopje@advantageaustria.org

Хотелско сместување: На следниот линк можете да резервирате соба во хотелот Мериот во Загреб до 01.06.2022 година по цена од 103 евра: Линк до резервација AUSTRIA CONNECT.

 

 


Контакт лица:

м-р Сања Николова
++ 389 2 3244091, M. 071 230 452


Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015