Стопанската комора на Северна Македонија во соработка со Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Северна Македонија, Ве покнаува да земете учество на „Полско-Македонски Б2Б настан“, кој ќе се одржи на 28 јуни 2022 година во Варшава, Република Полска.
Целта на настанот е продлабочување на соработката на компаниите производители на прехранбени производи од Република Северна Македонија и компаниите од Република Полса, заинтересирани за откуп на производи од земјава. На настанот ќе бидат присутни компании кои работат со увоз и дистрибуција на прехранбени производи за поголемите ланци на супермаркети и имаат интерс за соработка со македонски компнии, производители на свежо овошје и зеленлчук, преработки од овошје и зеленчук, вино, млеко и млечни производи, месно, кондиторски производи и тестенини.
Во рамки на настанот ќе биде организиран и мини саем на македонски производи- преработки од овошје и зеленчук, пијалоци, вино и храна, како и настан за вмрежување (Б2Б) каде македонските производители кои ќе се пријават како учесници ќе имаат можност на сопствени штандови да ги презентираат своите производи пред потенцијалните купувачи од Полска, со цел да остварат директни средби со истите.
Транспортните трошоци се на терет на компаниите.
Сите заинтересирани компании своето учество можат да го пријават најдоцна до 20 мај 2022 година (петок), кај лицето за контакт : м-р Сања Николова, телефон: +389(2)3244-091, моб: 071/230-452, електронска адреса: sanja@mchamber.mk