Семинар 27.05.2022 ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ЗАКОНОТ ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ („Службен весник на Р.С.Македонија“ бр.99/22, 21 април 2022 година) - ПРАВАТА И ОБВРСКИТЕ НА КОНЦЕСИОНЕРИТЕ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ СО НОВИТЕ ИЗМЕНИ -



 
Стопанската комора на Македонија на 27 мај 2022 година година организира еднодневен семинар на тема: ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ЗАКОНОТ ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ  („Службен весник на Р.С.Македонија“ бр.99/22, 21 април 2022 година) како и  ПРАВАТА И ОБВРСКИТЕ НА КОНЦЕСИОНЕРИТЕ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ СО НОВИТЕ ИЗМЕНИ.
 Главната цел на Законот за минерални суровини е да ги уреди условите и начинот на вршење на геолошките истражувања и експлоатацијата на минерални суровини, поттикнувањето и унапредувањето на истите со цел да се обезбеди оптимална искористеност на минералните суровини во согласност со начелата на одржлив развој и заштита на животната средина и здравјето на луѓето.
Предложените измени и дополнувања на Законот за минерални суровини се во фунција на усогласување на одредбите од овој закон со одредбите од Законот за прекршоците. Со  Предлог на законот се овозможува намалување на износот на глобите за субјектите, доколку согласно Законот за трговските друштва се класифицирани како микро и мали трговци, додека за останатите трговци, класифицирани како средни и големи, износот на глобата во поголемите прекроци се предлага да биде зголемен.
Извршено е и усогласување со одредбите од Законот за техничка инспекција, во делот на терминологијата на инспекторите, поточно секаде каде што стои “Државните инспектори за електрика во рударството” се менува во “Државни инспектори за опрема, производи и постројки наменети за користење при експлоатација на минерални суровини”, а извршени се и усогласувања во постапката за вршење на инспекцискиот надзор.
 Извршено е и техничко подобрување на текстот на Законот, како и доуредување на дел од одредбите во насока истите да бидат поприменливи во пракса.
Во дел од предвидените измени се постапува по забелешките и ревизорските наоди на Државниот завод за ревизија по извршената ревизија на успешност за ефикасноста на наплатата на концесиските надоместоци.
На семинарот ќе се објаснат сите побитни измени во Законот за минерални суровини и ќе се посочат правата и обврските на концесионерите кои произлегуваат со новите измени.

ПРОГРАМА

10:00 – 12:00 Сесија 1
•Претставување на предавачите и учесниците и
•Презантирање на побитните измени и дополнувања на Законот за минерални суровини
12:00 – 12:45 Пауза за кафе и ручек
12:45 – 14:30 Сесија 2
•Образложување на правата и обврските на концесионерите кои произлегуваат со новите измени
14:30 – 15:00 
Евалуација на семинарот, прашања и дискусија

Предавачи:

- Флорент Чиче, Државен советник за минерални суровини во Министерството за економија и
- м-р Александра Митреска, Помошник раководител на Сектор за минерални суровини во Министерството за економија. 

За сите учесници на обуката ќе биде обезбедено: 
 - кафе и сендвич за време на паузата; 
 - работни материјали во електронска верзија и 
 - сертификат за учество на семинарот.    

Сите заинтересирани за учество да се пријават најдоцна до 23 мај 2022 година.

Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 26.05.2022
САЈБЕР КРИМИНАЛИТЕТ- ОБЛИЦИ И СПРАВУВАЊЕ СО НИВ ПРЕКУ ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ
Семинар, 26.05.2022
ДИГИТАЛИЗАЦИЈА ВО ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ - УНAПАРЕДУВАЊЕ НА ПРОЦЕСИТЕ ЗА ПОЕДНОСТАВНО МЕНАЏИРАЊЕ СО ВРАБОТЕНИТЕ
Семинар, 26.05.2022
Напредна Ексел алатка: Power Query
Семинар, 27.05.2022
ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ ЗА ПРАВИЛНО И ЛЕСНО УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ ВО ЈАВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ
Семинар, 27.05.2022
ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ЗАКОНОТ ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ („Службен весник на Р.С.Македонија“ бр.99/22, 21 април 2022 година) - ПРАВАТА И ОБВРСКИТЕ НА КОНЦЕСИОНЕРИТЕ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ СО НОВИТЕ ИЗМЕНИ -
Презентација, 30.05.2022
Он-лајн презентација на инструментот за поддршка- Кoфинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст на Фондот за иновации и технолошки развој 30 мај 2022 година, 12:00 часот
Форум, 30.05.2022
МАКЕДОНСКО-РОМАНСКИ БИЗНИС ФОРУМ И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ- 30.5.2022
Презентација, 31.05.2022
БЕСПЛАТНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА- ПРОГРАМА EXECUTIVE MBA НА ROME BUSINESS SCHOOL BELGRADE, 31.5.2022
Тркалезна маса, 03.06.2022
ПОСТКРИЗНО КОВИД 19 ЗАЗДРАВУВАЊЕ НА ЕКОНОМИЈАТА – ПРЕДИЗВИЦИ И ИЗНАОЃАЊЕ НОВИ АЛАТКИ И МОЖНОСТИ ЗА ПОМОШ НА ФИРМИТЕ, СО ВКЛУЧУВАЊЕ НА МЕДИЈАЦИЈАТА И НА НОВИТЕ ПРОЦЕДУРИ ПРЕДВИДЕНИ СО НОВИОТ ЗАКОН ЗА ИНСОЛВЕНТНОСТ
Семинар, 07.06.2022
СПРОВЕДУВАЊЕ НА МЕНАЏМЕНТОТ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ ВО РАБОТНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ СО ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ ЗА ИЗРАБОТКА НА АКТИ ЗА УПРАВУВАЊЕ
Конференција, 14.06.2022
„AUSTRIA CONNECT SOUTHEAST EUROPE“ - Собир на регионални австриски компании
Семинар, 15.06.2022
ОСНОВИ НА ГРАДЕЖНА ФИЗИКА: ИЗРАБОТКА НА ЕЛАБОРАТ ЗА ЕНЕРГЕТСКИ ПЕРФОРМАНСИ НА ЗГРАДА
Семинар, 20.06.2022
ВНАТРЕШНА РЕВИЗИЈА – ПОСТАВУВАЊЕ И ФУНКЦИОНИРАЊЕ