Стопанската комора на Северна Македонија, во соработка со Словачката агенција за инвестиции и трговски развој SARIO, ве поканува да учествувате на претстојниот саем за директни бизнис-средби Slovak matchmaking fair Nitra 2022, како дел од конференцијата на тема „Нова димензија на издржливоста на индустријата“, кој ќе се реализира во рамките на 27. Меѓународен саем за инженерство NITRA 2022.
Настанот ќе се одржи во просториите на Agrokomplex National Exhibition Center Nitra, Нитра, Словачка, на 25 мај 2022 година (среда), со опција и за виртуелно учество на средбите.
Саемот за директни бизнис-средби, во организација на Словачката агенција за инвестиции и трговски развој (SARIO), под покровителство на Министерството за економија на Република Словачка, веќе шеснаесет години претставува мост за поврзување на словачки и странски компании. Овој настан на компаниите им нуди единствена можност да разменат информации и да стапат во комуникација со нови потенцијални бизнис-партнери од Словачка и од странство. SARIO е најголемиот деловен настан што го организира Словачката агенција за инвестиции и трговски развој на годишно ниво и им нуди единствена можност на малите и средни претпријатија да најдат потенцијални бизнис-партнери во странство и да влезат на глобалниот пазар.
На овогодишниот настан во рамките на конференцијата предвидени се панел-дискусии на теми важни за компаниите од енергетскиот сектор, како што се енергетските приоритети, диверзификацијата на ресурсите, развојот и ширењето на нови пазари, влијанието на воениот конфликт во Украина на финансискиот пазар и тргувањето на нови пазари.
На настанот компаниите ќе имаат можност да остварат средби со компаниите што ќе бидат присутни на 27. Меѓународен саем за инженерство NITRA 2022, но и со присутните партнери на настанот, со претставниците на државната и на јавната администрација и со консултантите на SARIO.
Повеќе информации (агенда, услови за учество, регистрација) во врска со овогодишниот саем за директни бизнис-средби Slovak matchmaking fair Nitra 2022 може да најдете на Event | Slovak Matchmaking Fair Nitra 2022 (sario.sk).
Сите заинтересирани компании своето учество можат да го пријават најдоцна до 13 мај 2022 година (петок). Пријавувањето за настанот е електронски, со пополнување на пријавниот лист директно на веб-страницата на организаторот на следниот линк: Registration 1/3 « Slovak Matchmaking Fair Nitra 2022 (sario.sk)
За подетални информации во врска со настанот ве молиме контактирајте со: - м-р Сања Николова, телефон: +389(2)3244-091, моб: 071/230-452, електронска адреса: sanja@mchamber.mk