Семинар 15.06.2022 - 16.06.2022 ОСНОВИ НА ГРАДЕЖНА ФИЗИКА: ИЗРАБОТКА НА ЕЛАБОРАТ ЗА ЕНЕРГЕТСКИ ПЕРФОРМАНСИ НА ЗГРАДА

сала 4, 5-ти кат



Во пресрет на новиот Закон за градење (во ингеренции на Министерството за транспорт и врски) и новата подзаконска регулатива на Законот за енергетска ефикасност, односно новите Правилник за енергетски карактеристики на згради и Правилник за енергетска контрола, (во ингеренции на Министерството за економија), Стопанската комора на Северна Македонија организира дводневен едукативен семинар на тема: „Основи на градежна физика со практична изработка на Елаборат за енергетски перформанси на згради“.

Цел на обуката
Обуката треба теоретски и практично да ги подготви учесниците да се справат со предизвикот за успешно имплементирање на дел од новата регулатива, што ќе им биде од корист во нивната секојдневна професионална работа (проектирање и изработка на елаборати за градежна физика, ревизија на проекти, изведба и / или надзор при градба на објекти и сл.).
Исто така, добиеното предзнаење од обуката, заедно со други услови кои во иднина ќе бидат дефинирани, на кандидатите ќе им овозможи учество на курсеви за енергетски контролори, со цел да добијат „Овластување за енергетски контролор“, потребно како услов за учество во (или сопствено формирање на) правно лице – „Лиценциран енергетски контролор“.
Со оглед на фактот што материјата опфатена со науката „Градежна физика“ многу малку или воопшто не се изучува на факултетите, обуката организирана од Стопанска комора има за цел на кандидатите да им надомести она што го испуштиле во текот на образованието или подоцна во текот на практичната работа.


ПРОГРАМА

1. Теоретскиот дел од обуката (прв ден) ги опфаќа следните теми:

Пренесување на топлина
•    Стандард МКС EN ISO 6946;
•    Топлинско-физиолошки и физички поими;
•    Форми на пренесување на топлината;
•    Термини и дефиниции, симболи, физички големини и единици, индекси;
•    Пресметка на вредностите на физичките големини;
•    Топлински отпор на воздушни слоеви;
•    Топлински отпор на негреани простори;
•    Коефициент на пренесување на топлината;
•    Стандард МКС EN ISO 13370;
•    Пренесување на топлина низ тло;
•    Пренесување на топлина низ застаклени елементи;
•    Стандард МКС EN ISO 10211;
•    Топлински мостови - 1D, 2D и 3D модели;
•    Македонски Каталог на линеарни топлински мостови на згради во сеизмички региони;
•    Растеж на мувла;
•    Законска регулатива за енергетска ефикасност.

Иновативни материјали и системи за топлинска изолација
•    Системи за амортизација на топлински мостови на балкони;
•    Надворешна транспарентна топлинска изолација;
•    Вакуумирани изолациски панели;
•    Нанотехнологија.

Обновливи извори на енергија
•    Пасивно користење на сончевата енергија;
•    Соларна контрола - ефект на стаклена градина; 
•    Директни сончеви добивки;
•    Активно користење на сончевата енергија; 
•    Геотермална енергија;
•    Мултидисциплинарни проекти;
•    Нула енергетска куќа.

Изолациски материјали и системи
•    Експандиран полистирен (EPS) – Стиропор;
•    Минерална (камена и стаклена) волна;
•    Гасбетон (“Итонг“, “Сипорекс“).
 
Композитни Системи за Надворешна Топлинска Изолација (КСиНТИ)
•    Стандарди МКС EN 13495, 13496, 13497, 13498, 13499, 13500;
•    КСиНТИ врз база на плута;
•    КСиНТИ врз база на плoчи од гасбетон;
•    Компоненти на системот КСиНТИ на основа на стиропор (EPS);
•    Систем ДЕМИТ – плочи од стиропор (EPS);
•    Фази на изведба;
•    Грешки при изведба;
•    Систем ДЕМИТ – тест за однесување при пожар; 
•    “Стареење“ на стиропор (EPS);
•    Оптимална дебелина на изолацискиот слој од EPS;
•    Штети од погрешно изведени фасадни изолации. 

Климатски податоци.

Пресметки според методологија.


2.  Практичен дел од обуката (втор ден):
Изработка на елаборат за градежна физика на зграда

По завршување на теоретскиот дел, вториот ден, за практична работа – Изработка на елборат за градежна физика, кандидатите треба да набават свој или позајмен реален проект за некој поедноставен објект (мала приватна куќа, едноставна станбена зграда или сл.) и на обуката да го донесат проектот снимен на лаптоп (вклучително и калкулатор).
Претходно, на кандидатите електронски ќе им бидат пратени материјали со влезни податоци потребни во пресметките (климатски податоци, вредности на физички големини, неопходни формули), како и бланко таблици за табеларни пресметки.
Поради обемна работа и ограничено расположиво време, пожелно е пресметките на еден објект заеднички да ги прават 2 – 3 кандидати, кои меѓусебно ќе формираат групи уште по завршување на теоретскиот дел, а пред почеток на практичниот. Непосредно пред почеток на работилницата, ќе им се дадат препораки околу поделба на поединечните работни задолженија во рамки на групите.

Семинарот е наменет за: стручни лица, архитекти, градежни инженери и инженери од термодинамичка струка

Предавач:
Д-р Петар Николовски, дипл. инж. арх. теоретски и практично се занимава со енергетска ефикасност и градежна физика повеќе од 50 години. Автор е на 13 книги од оваа област, а докторската дисертација на тема “Линеарни топлински мостови во згради во сеизмички региони“ ја има одбрането во Софија, пред Вишата атестациона комисија при бугарската Академија на науки.
Тој е еден од тројцата автори на македонската подзаконска регулатива за енергетски перформанси на згради како и овластен обучувач на курсеви за енергетски контролори.
Повеќе од 15 години го водел Техничкиот комитет ИСРМ ТК8 за стандарди од областа топлински перформанси на згради, во рамките на Институтот за стандардизација на Р.С. Македонија. Активно соработува со соодветните комитети во CEN (Европски комитет за стандардизација) и во ISO (Меѓународен комитет за стандардизација).
Предавал градежна физика, обновливи извори на енергија и одржлива архитектура на додипломски и постдипломски студии на универзитетите ФОН и МИТ.
Со свои стручни трудови учествувал на повеќе меѓународни конференции на горната тема. Учесник е во повеќе меѓународни проекти за енергетска ефикасност и енергетска рехабилитација на згради (GTZ, KWI, SMAQVa, CARDS 2002, AEA, UNDP, GIZ). 
Актуелно, како локален експерт учествува во техничка работна група на Проект за регионална енергетска ефикасност REEP Plus: Western Balkans Regional Energy Efficiency Programme: Albania, Bosnia and Herzegovina, Croatia, North Macedonia, Kosovo, Montenegro and Serbia.

За сите учесници на работилницата ќе биде обезбедено:
−    работен материјал; 
−    ручeк и освежување; 
−    сертификат за присуство на работилницата. 

Сите заинтересирани за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 13.6.2022 година.

Агенда на настанот Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 26.05.2022
САЈБЕР КРИМИНАЛИТЕТ- ОБЛИЦИ И СПРАВУВАЊЕ СО НИВ ПРЕКУ ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ
Семинар, 26.05.2022
ДИГИТАЛИЗАЦИЈА ВО ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ - УНAПАРЕДУВАЊЕ НА ПРОЦЕСИТЕ ЗА ПОЕДНОСТАВНО МЕНАЏИРАЊЕ СО ВРАБОТЕНИТЕ
Семинар, 26.05.2022
Напредна Ексел алатка: Power Query
Семинар, 27.05.2022
ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ ЗА ПРАВИЛНО И ЛЕСНО УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ ВО ЈАВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ
Семинар, 27.05.2022
ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ЗАКОНОТ ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ („Службен весник на Р.С.Македонија“ бр.99/22, 21 април 2022 година) - ПРАВАТА И ОБВРСКИТЕ НА КОНЦЕСИОНЕРИТЕ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ СО НОВИТЕ ИЗМЕНИ -
Презентација, 30.05.2022
Он-лајн презентација на инструментот за поддршка- Кoфинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст на Фондот за иновации и технолошки развој 30 мај 2022 година, 12:00 часот
Форум, 30.05.2022
МАКЕДОНСКО-РОМАНСКИ БИЗНИС ФОРУМ И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ- 30.5.2022
Презентација, 31.05.2022
БЕСПЛАТНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА- ПРОГРАМА EXECUTIVE MBA НА ROME BUSINESS SCHOOL BELGRADE, 31.5.2022
Тркалезна маса, 03.06.2022
ПОСТКРИЗНО КОВИД 19 ЗАЗДРАВУВАЊЕ НА ЕКОНОМИЈАТА – ПРЕДИЗВИЦИ И ИЗНАОЃАЊЕ НОВИ АЛАТКИ И МОЖНОСТИ ЗА ПОМОШ НА ФИРМИТЕ, СО ВКЛУЧУВАЊЕ НА МЕДИЈАЦИЈАТА И НА НОВИТЕ ПРОЦЕДУРИ ПРЕДВИДЕНИ СО НОВИОТ ЗАКОН ЗА ИНСОЛВЕНТНОСТ
Семинар, 07.06.2022
СПРОВЕДУВАЊЕ НА МЕНАЏМЕНТОТ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ ВО РАБОТНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ СО ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ ЗА ИЗРАБОТКА НА АКТИ ЗА УПРАВУВАЊЕ
Конференција, 14.06.2022
„AUSTRIA CONNECT SOUTHEAST EUROPE“ - Собир на регионални австриски компании
Семинар, 15.06.2022
ОСНОВИ НА ГРАДЕЖНА ФИЗИКА: ИЗРАБОТКА НА ЕЛАБОРАТ ЗА ЕНЕРГЕТСКИ ПЕРФОРМАНСИ НА ЗГРАДА
Семинар, 20.06.2022
ВНАТРЕШНА РЕВИЗИЈА – ПОСТАВУВАЊЕ И ФУНКЦИОНИРАЊЕ