Стопанската комора на Северна Македонија организира низа настани и активности со цел поголема популаризација и афирмација на предностите од користењето на медијацијата во нашата држава. Во услови на нарушена ликвидност на компаниите, а со цел рационализација на нивните трошоци, зачувување на добрите деловни односи со партнерите и поголема предвидливост на настаните во следниот период, како една од најповолните алатки за решавање на сегашен или иден спор на компаниите, особено се препорачува користењето на медијацијата. Стопанската комора на Северна Македонија, за популаризација и афирмација на медијацијата, институционално е поддржана од Меѓународната финансиска корпорација ИФЦ – групација на Светска банка.
Во тој контекст следната заедничка активност на Стопанската комора на Северна Македонија и на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) е организирање на тркалезна маса на тема:„Посткризно КОВИД 19 заздравување на економијата – предизвици и изнаоѓање нови алатки и можности за помош на фирмите, со вклучување на медијацијата и на новите процедури предвидени со новиот Закон за инсолвентност“. Настанот ќе се одржи на 03 јуни 2022 година во Комората.
ЦЕЛНА ГРУПА: менаџери на компаниите, раководители на правен сектор, раководители на финансиски сектор, раководители на сектор за човечки ресурси и останати занитересирани кои сакаат да се запознаат со дадената проблематика која е тема на тркалезната маса.
Учеството на тркалезната маса е бесплатно и задолжително е пријавување за настанот најдоцна до 25 мај 2022 година, со цел професинална организација на настанот.
Контакт лице за пријавување: Елизабета Андриевска-Ефтимова, тел . 023244074, e-mail:beti@mchamber.mk
АГЕНДА
Време
|
Тема
|
10:00-10:10
|
Најава за почеток на активности за популаризација и за афирмација на медијацијата - Стопанската комора на Северна Македонија, институционално поддржана од Меѓународната финансиска корпорација ИФЦ – групација на Светска банка - Претставници од Проектот на ИФЦ - “Решавање на долгови и деловен излез во Република Северна Македонија“ и Стопанска Комора на РСМ.
|
10:10-11:00
|
Вклучување на медијацијата како нова можнoст која им се нуди на располагање на друштвата како можна алатка во борбата на посткризно заздравување на економјата
- Д-р Јелисавета Георгиева-Јовевска , Потпретседател на Стопанска комора на Северна Македонија, проектен менаџер за развој на советите, лиценциран медијатор и лиценциран обучувач на медијатори, лиценциран арбитер и помирувач.
|
11:00-11:15
|
Пауза
|
11:15-12:00
|
Новите постапки предвидени со предлог Законот за инсолвентност во насока на нови можности за фирмите за изнаоѓање на излез и решавање на проблемите произлезени од економската криза предизвикана од здравствени, воени и други фактори.
- г-дин Дејан Костовски, правен консултант во проектот на Меѓународна Финансиска Корпорација, групација на Светска Банка – „ Решавање на долгови и деловен излез во Република Северна Македонија“.
|
12:00-12:30
|
Рани знаци на предупредување за настанување на инсолвентност на фирмите – предизвици и решенија.
- г-дин Дејан Костовски, правен консултант во проектот на Меѓународна Финансиска Корпорација, групација на Светска Банка – „ Решавање на долгови и деловен излез во Република Северна Македонија“.
|
12:30-13:00
|
Прашања и дискусија
|