Успешното реализирање и спроведување на обврските кои произлегуваат од менаџментот на човечки ресурси се од суштинско значење за успешноста на јавните институции. Организациската поставеност, кадровската екипираност, професионалниот развој на вработените, како и навременото исполнување на законските обврски, се основа за континуиран развој на институциите. Целта на овој онлајн семинар е низ практични примери за изработка на разни акти од областа на управувањето со менаџментот на човечките ресурси, да им се помогне на учесниците да стекнат практични знаења и вештини за полесно креирање и реализирање на истите.
Програма:
- Суштината на менаџментот на човечки ресурси;
- Изготвување на правилници за внатрешна организација и систематизација на работните места;
- Подготовка на годишен план за вработување;
- Креирање и реализиција на постапки за вработување и унапредување.
МОДУЛИ
Модул 1:
Менаџментот на човечки ресурси во функција на јавната администрација
• Основи на менаџментот на човечки ресурси;
• Функции на менаџментот на човечки ресурси.
Модул 2:
Подготовка на акти за внатрешна организација на инститицијата
• Значење на функционалната анализа;
• Изработка на Правилник за внатрешна организација на институцијата;
• Изработка на Правилник за систематизација на работните места;
• Поврзаност на закони потребни за подготовка на актите.
Модул 3:
Подготовка на Годишен план за вработување на институцијата
• Анализа на податоци за кадровската екипираност на институцијата (практични примери);
• Изработка на Годишен план за вработување (практични примери);
• Донесување на Годишен план за вработување (практични примери);
• Реализација на Годишен план за вработување (практични примери).
Модул 4:
Подготовка на огласи за вработување и унапредување на вработени
• Видови на вработување;
• Подготовка на оглас;
• Реализација на оглас.
Целна група:
- Одговорни лица за управување со човечки ресурси во јавните институции, вработени во организационите единици за управување со човечки ресурси, како и менаџери на институции.
Предавачи:
- М-р Милка Ѓурчевска, магистер по менаџмент на човечки ресурси, специјалност јавна администрација. Раководител на одделение за управување со кариера, развој и перформанси на вработени во Државниот инспекторат за труд и
- доц. д-р Викторија Трајков, доктор на економски науки, специјалност маркетинг и брендирање.
За сите учесници ќе биде обезбедено:
- Напатствија за приклучување на онлајн семинарот;
- Работни материјали во електронска верзија.
Сите заинтересирани за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 25.05.2022 година.