Стопанската комора на Северна Македонија, на 20 мај 2022 година, организира еднодневна онлајн работилница на тема: „Интерните акти на работодавачот како најдобар механизам за превентивно дејствување, заштита на правата на работниците и спречување на спорови“.
Донесувањето на интерни акти е еден од најважните чекори кои работодавачите можат да го преземат во насока на приспособување на законската регулатива на конкретните потреби на дејноста која ја извршуваат. Истите, без оглед дали се именувани како правилник, протокол, упатство или слично, нудат можност одредени сфери од работењето да се дефинираат, прецизираат и доуредат, со што и за работодавачите и за работниците се обезбедува поголема сигурност во нивните меѓусебни односи, а превентивно се влијае и на спречување на потенцијални спорови.
На работилницата, преку интерактивен пристап и одговор на прашањата и дилемите на слушателите, најпрво ќе се дискутира за важноста на интерните акти, при што ќе се посочат дел од материите кои можат со нив да бидат регулирани. Потоа, со особено внимание ќе се анализираат следните области кои е вообичаено да бидат предмет на обработка во интерен акт: работен ред и дисциплина и спроведување дисциплинска постапка – како најширока основа за регулирање на посакуваното однесување на работното место и последиците од однесувањето спротивно на тоа; вознемирување на работното место – како област на која се посветува сé поголемо внимание; и годишен одмор – како тема која секогаш е актуелна.
При анализата, ќе се посочат примери на елементи на интерните акти, ќе се објасни како истите да се подготват и спроведат, и како работниците да бидат навремено и целосно информирани за истите.
ПРОГРАМА
I. ОПШТИ НАПОМЕНИ ЗА ВАЖНОСТА НА ПРАВИЛНИЦИТЕ ВО РАБОТНИОТ ПРОЦЕС
И ПРИМЕРИ ЗА ТОА ШТО МОЖЕ СО НИВ ДА СЕ УРЕДИ
II. ИНТЕРЕН АКТ ЗА РАБОТЕН РЕД И ДИСЦИПЛИНА И СПРОВЕДУВАЊЕ ДИСЦИПЛИНСКА
ПОСТАПКА
- Откажување на договорот за вработување со отказ од страна на
работодавачот поради причини на вина;
- Дозволеност, причина и обврска за докажување на основ за отказ;
- Откажување на договорот за вработување поради кршење на
работниот ред и дисциплина или работните обврски со и без отказен рок.
- ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА
- Законска регулатива;
- Основи, услови, начин и претпоставки за спроведување дисциплинска
постапка – кршење на работен ред и дисциплина.
- ПОДГОТОВКА НА ИНТЕРЕН АКТ ЗА РАБОТЕН РЕД И ДИСЦИПЛИНА И
ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА
- Можност за определување дополнителни основи за отказ на договорот;
- Елементи на интерниот акт;
- Приспособување на потреби на работодавач;
- Ad hoc наспроти перманентна постапка.
III. ИНТЕРЕН АКТ ЗА ЗАШТИТА ОД ВОЗНЕМИРУВАЊЕ НА РАБОТНО МЕСТО
- Вршители и поим на вознемирување на работно место;
- Обврски на работодавачот;
- Постапка за заштита;
- Подготовка на интерен акт за заштита од вознемирување на работното место.
IV. ИНТЕРЕН АКТ ЗА ГОДИШЕН ОДМОР
- Дефинирање на правото на годишен одмор (Определување за секој вработен одделно,
стекнување право за цел годишен одмор, пропорционален дел од годишен одмор,
користење годишен одмор, потврда за искористен годишен одмор,надоместок за неискористен
годишен одмор);
- Елементи на интерниот акт;
- Граници на можност за приспособување на интерниот акт на потребите на работниот процес.
Предавач:
- Викторија Спасовска – Симоноска, адвокат, предавач на обуки, семинари
и конференции со особен фокус на тематики од облигационото,деловното и трудовото право.
За сите учесници ќе биде обезбедено:
- Напатствија за приклучување на онлајн работилницата и
- Работни материјали во електронска верзија.
Сите заинтересирани за учество на оваа работилница можат да се пријават најдоцна до 18.05.2022 година.