Семинар 26.05.2022 - 26.04.2022 ДИГИТАЛИЗАЦИЈА ВО ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ - УНAПАРЕДУВАЊЕ НА ПРОЦЕСИТЕ ЗА ПОЕДНОСТАВНО МЕНАЏИРАЊЕ СО ВРАБОТЕНИТЕ



Стопанската комора на Северна Македонија на 26 мај 2022 година организира еднодневен „он-лајн“ семинар на тема: ДИГИТАЛИЗАЦИЈА ВО ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ -  УНAПАРЕДУВАЊЕ НА ПРОЦЕСИТЕ ЗА ПОЕДНОСТАВНО МЕНАЏИРАЊЕ СО ВРАБОТЕНИТЕ.
Дигитализацизација на човечките ресусри претставува дигитална трансформација на услугите и процесите преку употреба на ВЕБ апликации, мобилни аплкации, игри или други технологии со цел побрзо, поточно и поедноставно менаџирање со вработените.
Целта на семинарот е учесниците преку предавање и примери од праксата да се запознаат со сите можности кои ги нуди дигитализацијата во однос на метриките, кои се директно поврзани со човечките ресурси во компанијата, можноста да се стекнат со нови знаења и вештини како и транспарентното работење.
За кого е наменета обуката:
Обуката е наменета за лица, кои на било каков начин, се вклучени во процесите поврзани со човечките ресурси во организациите и тоа менаџери, управители, раководители и останати  вработени од секторите за човечки ресурси, правен сектор, финасии. 
Начин на работа:
Еднодневниот „он-лајн“ семинар  е организиран по принцип на тренинг обука, каде што учесниците преку предавање и практично опишување на дигитализацијата на процесите ќе се стекнат нови вештини и ќе ги унапредат постојните знаења поврзани со процесот на менаџмент со човечките ресурси.
ПРОГРАМА
1. Дигитализација при процес на вработување;
2. Менаџирање со сите видови на отсуства;
3. Вработените и нивните перформаси во работниот процес;
4. Систем за размена на документи;
5. Олеснување во креирањето на плати за вработените;
6. Забрзување на процесот на споделување на информациите во една компанија;
7. Унапредување на знаењето на  вработените преку користење на соодветни алатки;
8. Активно следење на продуктивноста во компаниите;
9. Подигање на мотивацијата на вработените во една компанија;
10. Транспарентност и прегледност на личниот развој и напредок;
11. Приближување на организациската култура до вработените.
Предавач:

 Дарко Мицкоски, ко-основач и главен извршен директор на ВИДНЕТ Солушнс, компанија која се занимава со развој на дигитални решенија наменети за унапредување на процесите поврзани со менаџирање на човечките ресурси во една компанија. Предавачот има повеќе од 18 години работно искуство во македоснките телекомуникациски компании и целото свое искуство го приемнува во развојот на сопствените решенија. ВИДНЕТ Солушнс на пазарот е познат по својот WIDNET HR Portal кој веќе се користи како во нашата земја така и во странство. Се работи за унифицирано и уникатно решение кое ги опфаќа сите процеси во менаџирањето со вработените.


За сите учесници на „он-лајн“ семинарот ќе биде обезбедено:
 - Електронски работен материјал;
 - Линк за приклучување на обуката преку платформата webex cisco;
 - Електронски сертификат за присуство на семинарот.

Рок за пријавување: 20.5.2022 година.


 

 

 

 

Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 26.05.2022
САЈБЕР КРИМИНАЛИТЕТ- ОБЛИЦИ И СПРАВУВАЊЕ СО НИВ ПРЕКУ ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ
Семинар, 26.05.2022
ДИГИТАЛИЗАЦИЈА ВО ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ - УНAПАРЕДУВАЊЕ НА ПРОЦЕСИТЕ ЗА ПОЕДНОСТАВНО МЕНАЏИРАЊЕ СО ВРАБОТЕНИТЕ
Семинар, 26.05.2022
Напредна Ексел алатка: Power Query
Семинар, 27.05.2022
ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ ЗА ПРАВИЛНО И ЛЕСНО УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ ВО ЈАВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ
Семинар, 27.05.2022
ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ЗАКОНОТ ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ („Службен весник на Р.С.Македонија“ бр.99/22, 21 април 2022 година) - ПРАВАТА И ОБВРСКИТЕ НА КОНЦЕСИОНЕРИТЕ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ СО НОВИТЕ ИЗМЕНИ -
Презентација, 30.05.2022
Он-лајн презентација на инструментот за поддршка- Кoфинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст на Фондот за иновации и технолошки развој 30 мај 2022 година, 12:00 часот
Форум, 30.05.2022
МАКЕДОНСКО-РОМАНСКИ БИЗНИС ФОРУМ И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ- 30.5.2022
Презентација, 31.05.2022
БЕСПЛАТНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА- ПРОГРАМА EXECUTIVE MBA НА ROME BUSINESS SCHOOL BELGRADE, 31.5.2022
Тркалезна маса, 03.06.2022
ПОСТКРИЗНО КОВИД 19 ЗАЗДРАВУВАЊЕ НА ЕКОНОМИЈАТА – ПРЕДИЗВИЦИ И ИЗНАОЃАЊЕ НОВИ АЛАТКИ И МОЖНОСТИ ЗА ПОМОШ НА ФИРМИТЕ, СО ВКЛУЧУВАЊЕ НА МЕДИЈАЦИЈАТА И НА НОВИТЕ ПРОЦЕДУРИ ПРЕДВИДЕНИ СО НОВИОТ ЗАКОН ЗА ИНСОЛВЕНТНОСТ
Семинар, 07.06.2022
СПРОВЕДУВАЊЕ НА МЕНАЏМЕНТОТ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ ВО РАБОТНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ СО ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ ЗА ИЗРАБОТКА НА АКТИ ЗА УПРАВУВАЊЕ
Конференција, 14.06.2022
„AUSTRIA CONNECT SOUTHEAST EUROPE“ - Собир на регионални австриски компании
Семинар, 15.06.2022
ОСНОВИ НА ГРАДЕЖНА ФИЗИКА: ИЗРАБОТКА НА ЕЛАБОРАТ ЗА ЕНЕРГЕТСКИ ПЕРФОРМАНСИ НА ЗГРАДА
Семинар, 20.06.2022
ВНАТРЕШНА РЕВИЗИЈА – ПОСТАВУВАЊЕ И ФУНКЦИОНИРАЊЕ