Дигитализацијата е дел од секоја една успешна приказна во денешно време. Социјалните медиуми преку апликациите кои секојдневно ги употребуваме на нашите смарт телефони, се само дел од новата реалност во нашите животи. Facebook,Viber, Instagram, Twitter, Snapchat, и уште многу други се само дел од нашето дигитално секојдневие.
Целта на овој „онлајн“ семинар е да ги разработиме придобивките од примената на разни апликации кои се составен дел од нашите животи, употреба на алатки за нивна примена но и најважното, придобивките за компаниите од „дигитализација“ на нивниот продажен свет. Од друга страна пак многу е важно да ги идентификуваме и предностите на нивната употреба но и недостатоците со кои би се соочиле како компанија на пазарот.
Теми кои ќе се опфатат на „онлајн“ семинарот:
- Креирање на успешна веб страна и нејзините содржини за време на пандемија;
- Дата менаџмент, што на кратко би значело архивирање на мислењето
на купувачите пред и за време на пандемијата;
- Инвестиции во дигитален маркетинг: Facebook,Viber, Instagram, Twitter, Snapchat;
- Предизвици и недостатоци од примената на дигиталниот маркетинг за време на пандемија.
Програма:
Модул 1:
Колку разновидна веб страна е рецептот за успешен пристап до потрошувачите?
- Содржина;
- Поп апс;
- Рубрики;
- Употреба на бои;
- Достапност за купување.
Модул 2:
Инвестиции во дигитален маркетинг: Facebook,Viber, Instagram, Twitter, Snapchat
- Искористување на маркетинг капацитетот на апликациите за зголемување на продажбата;
- Директни и странични начини на пристап до потрошувачите преку апликација;
- Колку многу е доволно да не се премине граница на доволно влијание врз вниманието на потрожувачот.
Модул 3:
Предизвици и недостатоци од примената на дигиталниот маркетинг за време на пандемија
- Предизвици за компанијата за дигитализирање на услугите;
- Успешност во новиот концепт за дигитално живеење;
- Индивидуален и групен пристап.
Модул 4:
Практични примери
-Успешни платформи за употреба социјални медиуми за креирање политики на продажба и зголемување на профит.
Предавач:
доц. д-р Викторија Трајков, доктор на економски науки, специјалност маркетинг и брендирање.
За сите учесници ќе биде обезбедено:
- Напатствија за приклучување на онлајн семинарот;
- Работни материјали во електронска верзија.
Сите заинтересирани за учество на овој онлајн семинар можат да се пријават најдоцна до 16.05.2022 година.