Семинар 26.05.2022 САЈБЕР КРИМИНАЛИТЕТ- ОБЛИЦИ И СПРАВУВАЊЕ СО НИВ ПРЕКУ ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ

Онлајн семинар



Сајбер-безбедноста е практика на заштита на системите, мрежите и програмите од дигитални напади. Овие сајбер напади обично се насочени кон пристап, промена или уништување на чувствителни информации; изнудување пари од корисници; или прекинување на нормалните деловни процеси. Живееме во време кога приватноста и заштитата на податоци  се изложени на бројни ризици кои најчесто се предмет на напад на различни видови на сајбер закани. Интернет просторот нуди бескрајни можности, но истовремено при неговото користење мора да бидеме свесни за потенцијалните ризици и закани кои одат заедно со придобивките на виртуелниот свет.

Обуката има за цел да ги запознае учесниците со видовите на сајбер закани со кои се соочува интернет просторот, правната рамка во македонскиот правен систем, политиките на управување со сајбер безбедноста кај нас но  и институционалните капацитети, како и потребата од изнаоѓање на ефикасен модел за справување со овие современи закани и предизвици во рамки на меѓународното право.

Обуката не е наменета исклучиво за ИТ секторот на компаниите, туку има за цел да придонесе кон подобра информираност и запознавање со видовите на сајбер криминалитет преку практични примери за вработените кои ги користат современите алатки за комуникација преку интернет и имаат пристап до база на (чувствителни) податоци од компанијата/лични податоци. 


За таа цел оваа обука ќе се осврне на неколку области:
-    Најчестите извори на сајбер закани;
-    Сајбер безбедност;
-    Заштита на лични податоци;
-    Социјални мрежи и потенцијални повреди на човековите права
-    Македонска правна рамка за сајбер безбедност;
-    Надлежни институции за справување со сајбер криминалитет;
-    Практични примери на потенцијални сајбер закани и справување со нив.

МОДУЛИ:
Модул 1:
Сајбер безбедност и сајбер криминалитет
-    Кои се опасностите на интернет просторот;
-    Што претставува сајбер безбедноста?
-    Најчести видови сајбер закани 
-    Злонамерен софтвер (malware) и диструбуција на компјутерски
      вируси (тројански коњи, црви, вируси) и напади со барање на отпкуп (ransomware);
-    Мрежно крадење податоци Фишинг (Phishing);
-    Спам пораки;
-    Напад со цел одбивање на услуги (DDoS attack);
-    Zero-Day Exploits;
-    Инсталирање на програми за компјутерска шпиунажа (spyware);
-    Инсталирање на програми со рекламна содржина (adware);
-    Социјален инженеринг (Social Ingeneering);
-    Сајбер тероризам;
-    Хактивизам.

 Модул 2:
Ризици во однос на заштита на лични податоци 
-    Што се лични податоци?
-    Зошто личните податоци се мета на сајбер напади?
-    Big Data- управување и закани;
-    Управување со личните податоци кои се мета на сајбер напад;
-    Инструменти за заштита на личните податоци;
-    Примери од пракса.

Модул 3:
Социјални медиуми и повреди на човековите права
-    Социјалните медиуми- мета на сајбер напади;
-    Поставки за регулирање на приватноста на социјалните мрежи;
-    Лажно претставување, кражба на податоци, интернет измами;
-    Најчести грешки при управување со профили на социјалните мрежи;
-    Примери од пракса.

Модул 4:
Правна рамка и институционални капацитети за заштита од сајбер закани
-    Македонска правна рамка за сајбер безбедност;
-    Надлежни институции за справување со сајбер криминалитет;
-    Практични примери на потенцијални сајбер закани и справување со нив.

Целна група:
Маркетинг тимот во компаниите, службата на односи со јавноста, сектор за продажба и ИТ секторот во компанијата.
Обуката не е наменета исклучиво за ИТ секторот на компаниите, туку има за цел да придонесе кон подобра информираност и запознавање со видовите на сајбер криминалитет преку практични примери за вработените кои ги користат современите алатки за комуникација преку интернет и имаат пристап до база на (чувствителни) податоци од компанијата/лични податоци. 

   Предавач:
-    Проф. д-р Христина Рунчева Тасев, доктор на правни науки и проектен менаџер на повеќе меѓународни проекти и експерт за сајбер криминал.

За сите учесници ќе биде обезбедено:
-    Напатствија за приклучување на онлајн семинарот;
-    Работни материјали во електронска верзија.

Сите заинтересирани за учество на овој онлајн семинар можат да се пријават најдоцна до 20.05.2022 година.

Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 26.05.2022
САЈБЕР КРИМИНАЛИТЕТ- ОБЛИЦИ И СПРАВУВАЊЕ СО НИВ ПРЕКУ ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ
Семинар, 26.05.2022
ДИГИТАЛИЗАЦИЈА ВО ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ - УНAПАРЕДУВАЊЕ НА ПРОЦЕСИТЕ ЗА ПОЕДНОСТАВНО МЕНАЏИРАЊЕ СО ВРАБОТЕНИТЕ
Семинар, 26.05.2022
Напредна Ексел алатка: Power Query
Семинар, 27.05.2022
ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ ЗА ПРАВИЛНО И ЛЕСНО УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ ВО ЈАВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ
Семинар, 27.05.2022
ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ЗАКОНОТ ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ („Службен весник на Р.С.Македонија“ бр.99/22, 21 април 2022 година) - ПРАВАТА И ОБВРСКИТЕ НА КОНЦЕСИОНЕРИТЕ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ СО НОВИТЕ ИЗМЕНИ -
Презентација, 30.05.2022
Он-лајн презентација на инструментот за поддршка- Кoфинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст на Фондот за иновации и технолошки развој 30 мај 2022 година, 12:00 часот
Форум, 30.05.2022
МАКЕДОНСКО-РОМАНСКИ БИЗНИС ФОРУМ И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ- 30.5.2022
Презентација, 31.05.2022
БЕСПЛАТНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА- ПРОГРАМА EXECUTIVE MBA НА ROME BUSINESS SCHOOL BELGRADE, 31.5.2022
Тркалезна маса, 03.06.2022
ПОСТКРИЗНО КОВИД 19 ЗАЗДРАВУВАЊЕ НА ЕКОНОМИЈАТА – ПРЕДИЗВИЦИ И ИЗНАОЃАЊЕ НОВИ АЛАТКИ И МОЖНОСТИ ЗА ПОМОШ НА ФИРМИТЕ, СО ВКЛУЧУВАЊЕ НА МЕДИЈАЦИЈАТА И НА НОВИТЕ ПРОЦЕДУРИ ПРЕДВИДЕНИ СО НОВИОТ ЗАКОН ЗА ИНСОЛВЕНТНОСТ
Семинар, 07.06.2022
СПРОВЕДУВАЊЕ НА МЕНАЏМЕНТОТ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ ВО РАБОТНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ СО ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ ЗА ИЗРАБОТКА НА АКТИ ЗА УПРАВУВАЊЕ
Конференција, 14.06.2022
„AUSTRIA CONNECT SOUTHEAST EUROPE“ - Собир на регионални австриски компании
Семинар, 15.06.2022
ОСНОВИ НА ГРАДЕЖНА ФИЗИКА: ИЗРАБОТКА НА ЕЛАБОРАТ ЗА ЕНЕРГЕТСКИ ПЕРФОРМАНСИ НА ЗГРАДА
Семинар, 20.06.2022
ВНАТРЕШНА РЕВИЗИЈА – ПОСТАВУВАЊЕ И ФУНКЦИОНИРАЊЕ