Саем 20.05.2022 УЧЕСТВО ВО КУПУВАЧКИ МИСИИ И ПОСЕТА НА САЕМСКИ МАНИФЕСТАЦИИ ВО РЕПУБЛИКА ТУРЦИЈА- МАЈ-ЈУНИ 2022

Република Турција, Турција



Потсекретаријатот за надворешна трговија на Република Турција преку Трговското советништво на Амбасадата на Република Турција во Скопје, организира купувачки мисии за време на претстојните саемски манифестации што ќе се рализираат во мај и јуни 2022 година, и тоа:

1. Купувачка мисија и посета наKonya Machinery Technologies Fairs” ( İsKON, KONELEX, KONMAK, Konya Sheet Metal Processing Technologies Fair ) - саемска манифестација за машински технологии, што ќе се одржи во Конја, од 11 до 14 мај 2022 година;

2. Купувачка мисија и посета на „MAGROTEX'22“- саемска манифестиација наменета заземјоделска опрема, што ќе се одржи во Мардин, од 12 до 15 мај 2022 година;

3. Купувачка мисија и посета на „DOMOTEX Turkey“ - саемска манифестација за теписи, што ќе се одржи во Газијантеп, од 14 до 17 мај 2022 година;

4. Купувачка мисија и посета на „Cosmetics & Home Care Ingredients 2022“- саемска манифестација наменета за козметика, што ќе се одржи во Истанбул, од 25 до 27 мај 2022 година;

5. Купувачка мисија и посета на„Busworld Turkey 2022“- саемска манифестација заавтобуси, што ќе се одржи во Истанбул, од 26 до 28 мај 2022 година;

6. Купувачка мисија и посета на „Olivtech 2022“ и „Ekoloji 2022 -Organik Ürünler Fuarı“ - саемска манифестација наменета за технологии за производство на маслиново масло, маслинки, како и за винарии и за млечни производи , што ќе се одржи во Измир, од 26 до 29 мај 2022 година;

7. Купувачка мисија и посета на „IDEX 2022“- саемска манифестација наменета за стоматологија и стоматолошка опрема, што ќе се одржи во Истанбул, од 26 до 29 мај 2022 година;

8. Купувачка мисија и посета на „Automechanika İstanbul 2022“- саемска манифестација наменета за автомобилската индустрија, што ќе се одржи во Истанбул, од 2 до 5 јуни 2022 година;

9. Купувачка мисија и посета на „FOTEG İstanbul“- саемска манифестација наменета за технологии за преработка на храна, што ќе се одржи во Истанбул, од 9 до 11 јуни 2022 година.

Во рамките на овие купувачки мисии планиранo е и остварување на билатерални средби со турски компании – извозници, на база на однапред договорени средби (matchmaking). Работен јазик е англиски.

Во купувачките делегации можат да земат учество само компании кои се заинтересирани за увоз од Турција и кои претходно не учествувале во ваква мисија организирана од страна на Амбасадата на Турција.

Стопанската комора на Северна Македонија, како претходните, така и оваа година на учесниците им обезбедува бесплатно хотелско сместување. Трошоците за сместување со вклучен појадок, за еден претставник од компанија , ќе бидат покриени од страна на Потсекретаријатот за надворешна трговија на Република Турција.

За користење на оваа можност, заинтересираните македонски компании неопходно е да ги пополнат пријавниот лист на Стопанската комора на северна Македонија и формуларот на Потсекретаријатот за надворешна трговија, дадени во прилог и да ги достават до лицето за контакт најдоцна до роковите наведени во Календарот на саемски манифестации.

За подетални информации во врска Вашето учеството, Ве молиме контактирајте со лицата за контакт: м-р Сања Николова, тел:+ 389 32 44 091, моб: 071/230-452, е-адреса:sanja@mchamber.mk им-р Ивана Крстевска, тел: +389 32 44 051, е-адреса: ivana@mchamber.mk.

Агенда на настанот Пријавен лист Останати документи

Контакт лица:

м-р Сања Николова
++ 389 2 3244091, M. 071 230 452

Ивана Крстевска
++ 389 2 3244051

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 26.05.2022
САЈБЕР КРИМИНАЛИТЕТ- ОБЛИЦИ И СПРАВУВАЊЕ СО НИВ ПРЕКУ ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ
Семинар, 26.05.2022
ДИГИТАЛИЗАЦИЈА ВО ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ - УНAПАРЕДУВАЊЕ НА ПРОЦЕСИТЕ ЗА ПОЕДНОСТАВНО МЕНАЏИРАЊЕ СО ВРАБОТЕНИТЕ
Семинар, 26.05.2022
Напредна Ексел алатка: Power Query
Семинар, 27.05.2022
ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ ЗА ПРАВИЛНО И ЛЕСНО УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ ВО ЈАВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ
Семинар, 27.05.2022
ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ЗАКОНОТ ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ („Службен весник на Р.С.Македонија“ бр.99/22, 21 април 2022 година) - ПРАВАТА И ОБВРСКИТЕ НА КОНЦЕСИОНЕРИТЕ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ СО НОВИТЕ ИЗМЕНИ -
Презентација, 30.05.2022
Он-лајн презентација на инструментот за поддршка- Кoфинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст на Фондот за иновации и технолошки развој 30 мај 2022 година, 12:00 часот
Форум, 30.05.2022
МАКЕДОНСКО-РОМАНСКИ БИЗНИС ФОРУМ И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ- 30.5.2022
Презентација, 31.05.2022
БЕСПЛАТНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА- ПРОГРАМА EXECUTIVE MBA НА ROME BUSINESS SCHOOL BELGRADE, 31.5.2022
Тркалезна маса, 03.06.2022
ПОСТКРИЗНО КОВИД 19 ЗАЗДРАВУВАЊЕ НА ЕКОНОМИЈАТА – ПРЕДИЗВИЦИ И ИЗНАОЃАЊЕ НОВИ АЛАТКИ И МОЖНОСТИ ЗА ПОМОШ НА ФИРМИТЕ, СО ВКЛУЧУВАЊЕ НА МЕДИЈАЦИЈАТА И НА НОВИТЕ ПРОЦЕДУРИ ПРЕДВИДЕНИ СО НОВИОТ ЗАКОН ЗА ИНСОЛВЕНТНОСТ
Семинар, 07.06.2022
СПРОВЕДУВАЊЕ НА МЕНАЏМЕНТОТ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ ВО РАБОТНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ СО ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ ЗА ИЗРАБОТКА НА АКТИ ЗА УПРАВУВАЊЕ
Конференција, 14.06.2022
„AUSTRIA CONNECT SOUTHEAST EUROPE“ - Собир на регионални австриски компании
Семинар, 15.06.2022
ОСНОВИ НА ГРАДЕЖНА ФИЗИКА: ИЗРАБОТКА НА ЕЛАБОРАТ ЗА ЕНЕРГЕТСКИ ПЕРФОРМАНСИ НА ЗГРАДА
Семинар, 20.06.2022
ВНАТРЕШНА РЕВИЗИЈА – ПОСТАВУВАЊЕ И ФУНКЦИОНИРАЊЕ