Почитувани,
Со цел подобро промовирање и позиционирање на туристичките понуди на Западен Балкан низ светот, од витално значење е поттикнувањето на заедничките туристички понуди на регионот. Во таа насока, Надворешно-трговската комора на Босна и Херцеговина, во соработка со другите пет комори од регионот во рамките на Коморскиот инвестициски форум „ЗБ6 (КИФ)“ и на Проектот „Коморско партнерство за Западен Балкан“, организира конференција на тема „Промоција на регионалните туристички производи“, која ќе се одржи на 16 и на 17 мај 2022 година во Хотелот „SL Industry“ во Требиње.
Дводневниот настан, чија примарна цел е вмрежување и размена на знаење и на искуства, ќе започне со обиколка на Винскиот пат во Херцеговина, а вториот ден ќе се реализира конференцијата со панел-дискусии за регионалните туристички дестинации, со учество на експерти од туризмот од шесте земји на Западен Балкан, по што се предвидени и билатерални средби за вмрежување, за успешно развивање регионални туристички производи, како и за заедничка промоција на Западен Балкан.
На конференцијата се очекува да присуствуваат околу 100 компании од секторот туризам (туристички агенции, тур-оператори, претставници на угостителскиот сектор, на институции, на туристички одбори, како и претставници на регионалните комори од Западен Балкан).
Сите заинтересирани компании своето учество можат да го пријават најдоцна до 30.4.2022 година со пополнување на формуларот на следниот линк: KONFERENCIJA „JAČANJE REGIONALNIH TURISTIČKIH PROIZVODA“ / CONFERENCE "FOSTERING OF REGIONAL TOURISM PRODUCTS" (google.com).
За повеќе информации контакт-лица: м-р Сања Николова, тел: 02/3244-091, моб: 071/230-452, електронска адреса: sanja@mchamber.mk или Даниела Михајловска-Василевска, тел: 02/3244-021, моб: 072/220-037, електронска адреса: daniela@mchamber.mk
Градот Требиње ја освои првата награда на Меѓународниот натпревар „Зелени дестинации – 100 најдобри приказни за одржливоста“, во рамките на Меѓународниот саем за туризам во Берлин, „ИТБ“, со својата приказна „Херцеговска куќа“ и токму од тие причини претставува совршено место за реализација на овој настан.
|
Во прилог:
- агенда од настанот (на српски јазик)