Почитувани,
Стопанската комора на Северна Македонија, како ваш долгогодишен бизнис-партнер, ве поканува да учествувате на претстојната презентација на Програмата Executive MBA на Rome Business School Belgrade („РБС Белград“).
„РБС Белград“ е меѓународен бизнис-универзитет со седиште во Белград, акредитиран од Rome Business School од Италија. Универзитетот во Рим е членка на PlanetaFormacion y Unervesidades, меѓународна мрежа создадена во 2003 година од De Agostini и од Групацијата Planeta, која претставува синоним за посветеност не само на компаниите туку и на универзитетското образование и на стручната и доживотна обука.
Програмата MBA е наменета за сите професионалци, менаџери и претприемачи кои имаат цел да се здобијат со дополнителни вештини и компетенции, кои не само што се потребни за успешни деловни потфати туку се и клучни за сите оние кои веруваат во етички пристап во работата. Со завршувањето на Програмата студентите се здобиваат со 60 меѓународно признати ЕКТС-кредити и со двојна диплома.
Програмите се креирани во согласност со работните обврски на студентите, со тоа што предавањата се одвиваат еднаш месечно за време на викендите.
Изборот на една од програмите на „РБС Белград“ е инвестиција во иднината, бидејќи на студентите им овозможува вистинско корпоративно искуство и деловно опкружување, преку стратешки насоки, иновативен пристап и преку висококвалитетна содржина.
Со цел подетално запознавање со програмите и со можностите што ги нуди Rome Business School Belgrade („РБС Белград“), ве покануваме да ја проследите презентацијата која ќе се одржи на 31 мај 2022 година (вторник), во просториите на Стопанската комора на Северна Македонија (кат 5, сала 4), со почеток во 12:00 часот.
Сите заинтересирани учесници своето присуство можат да го потврдат со пополнување на пријавниот лист во прилог, најдоцна до 27 мај 2022 година (петок).
За подетални информации ве молиме контактирајте со лицето за контакт, м-р Сања Николова, тел: +389/3244-091, моб: 071/230-452, електронска адреса: sanja@mchamber.mk.
Ве очекуваме!
Во прилог:
- пријавен лист