Семинар 23.09.2021 НАПРЕДНИ ПИВОТ ТАБЕЛИ И ГРАФИКОНИ ВО ЕКСЕЛ

Онлајн семинар



Пивот табелите во Ексел спаѓаат во најважните алатки во деловното планирање, микроекономската анализа и носењето на одлуки. Во свет во кој сме постојано опкружени со податоци, бројки, трендови и статистики, неопходно е да ги разбираме и да бидеме способни да ги користиме пивот табелите, бидејќи тие се дел од најважните алатки за носење на деловни одлуки.

Обуката е наменета за сите оние коишто сакаат да научат како да:
-    Препознаваат ситуации во кои примената на пивот табелите може да помогне во
      процесот на одлучување; 
-    Да спроведуваат едноставна анализа во пракса користејќи MS Excel и на тој начин да
     издвојуваат дополнителни информации од собраните податоци; 
-    Интерпретираат различни нумерички податоци прикажани во деловните извештаи или
     критички да пристапат во вреднувањето на статистичките податоци пред носењето на деловни одлуки.

Содржина на обуката:
-     Креирање табели;
-     Анализа на податоци;
-     Селекција на податоци;
-     Креирање прегледи;
-     Создавање комплексни извештаи.

На основа на “живи“ примери се објаснуваат опциите во Excel:
•    Show details;
•    Replace Blank Cells;
•    Show items with no data;
•    Group Text Fields;
•    Group Number Fields;
•    Group Date Fields;
•    Automatically Refresh Data;
•    Show Report Filter Pages;
•    Allow Multiple Filters;
•    Sort Items based on a Value Field;
•    Custom Sort Orders;
•    Change the Layout;
•    Turnoff Get pivot data;
•    Prevent Column Widths Changes;
•    Calculated Fields;
•    Charts;
•    Slicers;
•    Multiple pivot table to a slicers;
•    Filter on top N items;
•    Multiple Subtotals;
•    Timelines;
•    Show value as;
•    Tips & tricks (трикови).

Краен резултат: Целосен извештај за работење на компанијата. 

Предавач:
Проф.д-р Зоран Ивановски, редовен професор на Eкономскиот факултет при Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, реномиран регионален стручњак од областа на финансискиот менаџмент и предавач со долгогодишно искуство во земјата и странство. Во својата долгогодишна универзитетска кариера бил на раководни факултетски и универзитетски позиции како Ректор на Европскиот универзитет – Република Македонија, Проректор на Европскиот универзитет – Република Македонија и Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, декан на Економски факултет при Европскиот универзитет – Република Македонија, визитинг професор на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, Универзитетот “Свети Апостол Павле“ во Охрид и Универзитетот во Валенсија. Покрај универзитетската кариера предава на обуките за брокери и за инвестициски советници организирани од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија. Успешно раководи со првата бизнис клиника во нашата земја “Business Clinic DB”.
Повеќе од 20 години реализира обуки за бизнис секторот во земјата и во странство.
Автор е на голем број универзитетски учебници и научни трудови објавени во списанија индексирани во реномирани бази на податоци. 

Сите заинтересирани за учество на оваа работилница можат да се пријават најдоцна до 21.09.2021 година.

Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 21.09.2021
МАГАЦИНСКОТО И МАТЕРИЈАЛНО РАБОТЕЊЕ НИЗ ПРИЗМА НА ДАНОЧНА РЕГУЛАТИВА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, ИЗРАЗЕНО ПРЕКУ ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ И ПРИМЕНА НА МСС СТАНДАРДИТЕ
Семинар, 21.09.2021
АКАДЕМИЈА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА КОМУНИКАЦИЈА
Презентација, 21.09.2021
Инструмент за поддршка – Кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации на Фондот за иновации и технолошки развој
Настан, 21.09.2021
Бесплатен он-лине HR вебинар на тема: РАСТ НА БИЗНИСОТ ПРЕКУ РАЗВОЈ НА ВРАБОТЕНИТЕ
Семинар, 22.09.2021
УПРАВУВАЊЕ СО СОФТВЕРСКИТЕ ИЗМЕНИ
Семинар, 23.09.2021
НАПРЕДНИ ПИВОТ ТАБЕЛИ И ГРАФИКОНИ ВО ЕКСЕЛ
Семинар, 24.09.2021
НАЈЧЕСТИ ГРЕШКИ, ЗАКОНСКИ РОКОВИ, ОБВРСКИ ЗА НАВРЕМЕНО ПОДНЕСУВАЊЕ ИЗВЕШТАИ ЗА ОДБИРАЊЕ, ЕВИДЕНТИРАЊЕ НА АРХИВСКИОТ МАТЕРИЈАЛ И УНИШТУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТАРНИОТ МАТЕРИЈАЛ
Семинар, 07.10.2021
ЕФЕКТИВНА ЈАВНА КОМУНИКАЦИЈА (Jавен говор, пресс конференции, презентациски вештини и интервјуa
Семинар, 13.10.2021
НАПРЕДЕН ЕКСЕЛ ЗА POWER PIVOT ЗА АНАЛИЗА И ОБРАБОТКА НА ГОЛЕМИ СЕРИИ НА ПОДАТОЦИ ОД ПОВЕЌЕ БАЗИ
Семинар, 14.10.2021
ОСНОВИ НА CONTENT MARKETING И КАКО ДА ГО ИСКОРИСТИТЕ ЗА РАЗВОЈ НА ВАШИОТ БИЗНИС
Семинар, 15.10.2021
КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА НА САЕМОТ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО, ГРАДЕЖНИ МАТЕРИЈАЛИ И ЗА ДИЗАЈН „BUILD EXPO GREECE“
Семинар, 20.10.2021
ПРЕДВИДУВАЊЕ НА ОДНЕСУВАЊЕТО НА ПОТРОШУВАЧИТЕ СО МЕТОД НА ПОДАТОЧНО РУДАРЕЊЕ (DATA MINING)
Семинар, 21.10.2021
ОТСУСТВО ОД РАБОТА СО НАДОМЕСТОК НА ПЛАТА
Семинар, 27.10.2021
НАПРЕДЕН ЕКСЕЛ ЗА РАБОТА СО ГРАФИКОНИ, СОРТИРАЊЕ, РЕВИДИРАЊЕ И ЗАШТИТА НА РАБОТНИТЕ ДОКУМЕНТИ
Саем, 28.02.2022
Саемска манифестација: „Internatonal Food and Drink Event (IFE)“