Форум 29.07.2021 ЕКОНОМСКИ ФОРУМ ЗА РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН

Скопје, Р. Северна Македонија,



Почитувани, 

     Стопанската комора на Северна Македонија, во соработка со Стопанската комора на Србија и со Унијата на трговско - индустриски комори на Албанија, во рамки на Европската мрежа на претприемачи (ЕЕН), има задоволство да ве покани на: 

ЕКОНОМСКИОТ ФОРУМ ЗА РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН
 29 јули 2021 година (четврток) 
Хотел „Александар палас“, Скопје, со почеток во 9:30 часот

     Економскиот форум е организиран во рамките на иницијативата за четири слободи (позната како „мал шенген“), лансирана од лидерите на Србија, Северна Македонија и на Албанија во октомври 2019 година.

     Основната цел на иницијативата е да ги направи постојните регионални иницијативи поефикасни, за да се постигнат практични и видливи резултати за граѓаните од Западен Балкан. Иницијативата води кон воспоставување заеднички регионален пазар, кој како преодна форма треба да го приближи регионот до Европската Унија и да го забрза патот на земјите од регионот кон полноправното членство.

     На Форумот ќе учествуваат и претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, претседателот на Владата на Албанија, Еди Рама, и претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, кои ќе ја презентираат визијата за интегриран регион.

     Б2Б средбите на компаниите од земјите од Западен Балкан ќе се одржат во рамките на Економскиот форум, во Хотелот „Александар палас“, со почеток во 12:30 часот.

     Регистрирајте се за деловни средби со партнери од регионот на посебно креираната платформа, достапна на следниот лик: ECONOMIC FORUM ON REGIONAL COOPERATION | Registration (b2match.io)

НАЦРТ-АГЕНДА НА 
ЕКОНОМСКИОТ ФОРУМ ЗА РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА 
НА ЗАПАДЕН БАЛКАН

 

09:30 – 10:00 РЕГИСТРАЦИЈА
10:00 – 11:50 – ПОВРЗАН БАЛКАН (ГЛАВЕН ПАНЕЛ)

 ВОВЕДНИ ИЗЛАГАЊА 

  • Н.Е. Зоран Заев, претседател на Владата на Република Северна Македонија;

  •  Н.Е. Александар Вучиќ, претседателот на Република Србија; 

  •  Н.Е. Еди Рама, претседател на Владата на Албанија.

ЕКОНОМСКИ ПАНЕЛ

Модератор – г. Марко Чадеж, претседател на Стопанската комора на Србија

  • Кратки воведни зборови на г. Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија и на 

  • г-ѓа Инес Мукостепа, претседател на Унијата на трговско-индустриските комори на Албанија;

  • Дискусија со лидерите Заев, Вучиќ и Рама.

ПОТПИШУВАЊЕ МЕМОРАНДУМИ И ДОГОВОРИ за регионална соработка од страна на политичките лидери. 

 11:50 – 12:30 – ПАУЗА
 12:30 – 14:00 – Б2Б СРЕДБИ на стопанствениците од земјите на Западен Балкан + РУЧЕК


Контакт лица:

Даниела Михајловска Василевска
++ 389 2 3244021, М. 072 220 037


Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 17.09.2021
„Онлајн“ еднодневен семинар:ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ВО РАБОТНИТЕ ОДНОСИ (Законот за заштита на личните податоци, „Сл. весник на РСМ, бр. 42 од 16.02.2020 година”)
Презентација, 21.09.2021
Инструмент за поддршка – Кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации на Фондот за иновации и технолошки развој
Настан, 21.09.2021
Бесплатен он-лине HR вебинар на тема: РАСТ НА БИЗНИСОТ ПРЕКУ РАЗВОЈ НА ВРАБОТЕНИТЕ
Семинар, 21.09.2021
МАГАЦИНСКОТО И МАТЕРИЈАЛНО РАБОТЕЊЕ НИЗ ПРИЗМА НА ДАНОЧНА РЕГУЛАТИВА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, ИЗРАЗЕНО ПРЕКУ ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ И ПРИМЕНА НА МСС СТАНДАРДИТЕ
Семинар, 21.09.2021
АКАДЕМИЈА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА КОМУНИКАЦИЈА
Семинар, 22.09.2021
УПРАВУВАЊЕ СО СОФТВЕРСКИТЕ ИЗМЕНИ
Семинар, 23.09.2021
НАПРЕДНИ ПИВОТ ТАБЕЛИ И ГРАФИКОНИ ВО ЕКСЕЛ
Семинар, 24.09.2021
НАЈЧЕСТИ ГРЕШКИ, ЗАКОНСКИ РОКОВИ, ОБВРСКИ ЗА НАВРЕМЕНО ПОДНЕСУВАЊЕ ИЗВЕШТАИ ЗА ОДБИРАЊЕ, ЕВИДЕНТИРАЊЕ НА АРХИВСКИОТ МАТЕРИЈАЛ И УНИШТУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТАРНИОТ МАТЕРИЈАЛ
Семинар, 07.10.2021
ЕФЕКТИВНА ЈАВНА КОМУНИКАЦИЈА (Jавен говор, пресс конференции, презентациски вештини и интервјуa
Семинар, 13.10.2021
НАПРЕДЕН ЕКСЕЛ ЗА POWER PIVOT ЗА АНАЛИЗА И ОБРАБОТКА НА ГОЛЕМИ СЕРИИ НА ПОДАТОЦИ ОД ПОВЕЌЕ БАЗИ
Семинар, 14.10.2021
ОСНОВИ НА CONTENT MARKETING И КАКО ДА ГО ИСКОРИСТИТЕ ЗА РАЗВОЈ НА ВАШИОТ БИЗНИС
Семинар, 15.10.2021
КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА НА САЕМОТ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО, ГРАДЕЖНИ МАТЕРИЈАЛИ И ЗА ДИЗАЈН „BUILD EXPO GREECE“
Семинар, 20.10.2021
ПРЕДВИДУВАЊЕ НА ОДНЕСУВАЊЕТО НА ПОТРОШУВАЧИТЕ СО МЕТОД НА ПОДАТОЧНО РУДАРЕЊЕ (DATA MINING)
Семинар, 21.10.2021
ОТСУСТВО ОД РАБОТА СО НАДОМЕСТОК НА ПЛАТА
Семинар, 27.10.2021
НАПРЕДЕН ЕКСЕЛ ЗА РАБОТА СО ГРАФИКОНИ, СОРТИРАЊЕ, РЕВИДИРАЊЕ И ЗАШТИТА НА РАБОТНИТЕ ДОКУМЕНТИ
Саем, 28.02.2022
Саемска манифестација: „Internatonal Food and Drink Event (IFE)“