Работилница 29.07.2021 ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ - УКИНУВАЊЕ НА МОЖНОСТА ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ПО НАПОЛНЕТИ 64 ГОДИНИ (Сл. весник бр. 151/21 од 06.07.2021)

„онлајн“-семинар 10:00-13:00 часот



Стопанската комора на Северна Македонија, на 29 јули 2021 година, организира еднодневна онлајн интерактивна работилница на тема: „Изменување и дополнување на Законот за работни односи - укинување на можноста за продолжување на договорот за вработување по наполнети 64 години; Останати основи за престанок на работниот однос со осврт на спроведување дисциплинска постапка во приватниот сектор“.
Целта на оваа работилница е навремено да се информираат слушателите за актуелната измена на Законот за работни односи во поглед на прекин на договорот за вработување поради навршена возраст на работникот. Во овој дел ќе се разгледа изменетата одредба, ќе се посочат разликите од досега важечкото правило и ќе се разговара за причините кои доведоа до укинување на можноста за продолжување на договорот за вработување до 67 години. 
Исто така, ќе се посочат исклучоците, односно ќе се утврди во кои сектори и согласно кои закони, сé уште ќе биде дозволено продолжувањето на договорот за вработување до навршени 67 години на работникот. Крајно, ќе се објасни кое е очекуваното постапување со Изјавите за продолжување на договорот поднесени до 31.08.2021.
Во рамки на работилницата ќе се дискутира и за останатите основи за престанок на работниот однос, како една од темите која секогаш е подложна на креирање бројни дилеми и несигурности како за работодавачите, така и за работниците како и ќе се дискутира за подробностите на спогодбениот престанок на работниот однос, наспроти неговиот престанок по волја на една од договорните страни преку отказ од страна на работникот или од страна на работодавачот. Во рамки на оваа тема, ќе се разгледаат и други институти поврзани со престанокот на работниот однос, а примерно, суспензијата, паричната казна, отказните рокови и застареноста.
Работилницата ќе биде насочена и кон севкупно информирање на слушателите за сите аспекти на дисциплинската постапка, условите и методите за нејзино спроведување, последователните дејствија по нејзиното заклучување, а ќе биде потенцирана и важноста од подготовката и примената на интерен акт за дисциплинска постапка. 


ПРОГРАМА

I.   ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗРО ВО СИЛА ОД 14.07.2021
·    Возраста на работникот – задолжителен услов за престанување на договорот за вработување;
·    Укинување на можноста за продолжување на договорот за вработување до 67 години;
·    Исклучок: области во кои е дозволено продолжување на договорот за вработување до 67 години;
·    Постапување со Изјави поднесени до 31.08.2021.

II.  ОСНОВИ ЗА ПРЕСТАНОК НА ВАЖНОСТА НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ 
·    Престанување на важноста на договорот за вработување на определено работно време;
·    Престанување на важноста на договорот за вработување поради смрт на работникот, односно
     работодавачот (физичко лице);
·    Престанување на важноста на договорот за вработување поради поведување постапка
     за престанок на работодавачот;
·    РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ СО СПОГОДБА.

III.    ОТКАЖУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ СО ОТКАЗ ОД СТРАНА НА РАБОТНИКОТ
        И РАБОТОДАВАЧОТ

·    Дозволеност, причина и обврска за докажување на основ за отказ;
·    Форма, содржина и врачување на отказ;
·    Основани и неосновани причини за отказ.
·    ЛИЧНИ ПРИЧИНИ:
·    Постапка пред и за време на откажување на договорот за вработување од лични причини
     на страна на работникот.
·    ПРИЧИНИ НА ВИНА:
·    Откажување на договорот за вработување поради кршење на работниот ред и дисциплина
      или работните обврски со и без отказен рок.

IV.    ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА
·    Законска регулатива;
·    Основи и услови за спроведување дисциплинска постапка – кршење на работен ред
     и дисциплина;
·    ПОДГОТОВКА НА ИНТЕРЕН АКТ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА:
·    Елементи на интерниот акт;
·    Услови, начин и претпоставки за спроведување дисциплинска постапка.

V.    ОСТАНАТИ ПРАШАЊА ПРИ ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС
·    Отстранување од работа од кај работодавачот до донесување на одлука за отказ
     на договорот за вработување;
·    Парична казна;
·    Отказни рокови;
·    Право на приговор;
·    Застареност.

Предавачи: 
-    Викторија Спасовска – Симоноска, адвокат, предавач на обуки, семинари и конференции со особен фокус на тематики од облигационото, деловното и трудовото право;
-   Злате Стојановски, експерт од областа на трудовото законодавство.

За сите учесници ќе биде обезбедено:
-    Напатствија за приклучување на онлајн работилницата;
-    Работни материјали во електронска верзија.

Сите заинтересирани за учество на оваа работилница можат да се пријават најдоцна до 27.07.2021 година.

Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 17.09.2021
„Онлајн“ еднодневен семинар:ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ВО РАБОТНИТЕ ОДНОСИ (Законот за заштита на личните податоци, „Сл. весник на РСМ, бр. 42 од 16.02.2020 година”)
Презентација, 21.09.2021
Инструмент за поддршка – Кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации на Фондот за иновации и технолошки развој
Настан, 21.09.2021
Бесплатен он-лине HR вебинар на тема: РАСТ НА БИЗНИСОТ ПРЕКУ РАЗВОЈ НА ВРАБОТЕНИТЕ
Семинар, 21.09.2021
МАГАЦИНСКОТО И МАТЕРИЈАЛНО РАБОТЕЊЕ НИЗ ПРИЗМА НА ДАНОЧНА РЕГУЛАТИВА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, ИЗРАЗЕНО ПРЕКУ ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ И ПРИМЕНА НА МСС СТАНДАРДИТЕ
Семинар, 21.09.2021
АКАДЕМИЈА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА КОМУНИКАЦИЈА
Семинар, 22.09.2021
УПРАВУВАЊЕ СО СОФТВЕРСКИТЕ ИЗМЕНИ
Семинар, 23.09.2021
НАПРЕДНИ ПИВОТ ТАБЕЛИ И ГРАФИКОНИ ВО ЕКСЕЛ
Семинар, 24.09.2021
НАЈЧЕСТИ ГРЕШКИ, ЗАКОНСКИ РОКОВИ, ОБВРСКИ ЗА НАВРЕМЕНО ПОДНЕСУВАЊЕ ИЗВЕШТАИ ЗА ОДБИРАЊЕ, ЕВИДЕНТИРАЊЕ НА АРХИВСКИОТ МАТЕРИЈАЛ И УНИШТУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТАРНИОТ МАТЕРИЈАЛ
Семинар, 07.10.2021
ЕФЕКТИВНА ЈАВНА КОМУНИКАЦИЈА (Jавен говор, пресс конференции, презентациски вештини и интервјуa
Семинар, 13.10.2021
НАПРЕДЕН ЕКСЕЛ ЗА POWER PIVOT ЗА АНАЛИЗА И ОБРАБОТКА НА ГОЛЕМИ СЕРИИ НА ПОДАТОЦИ ОД ПОВЕЌЕ БАЗИ
Семинар, 14.10.2021
ОСНОВИ НА CONTENT MARKETING И КАКО ДА ГО ИСКОРИСТИТЕ ЗА РАЗВОЈ НА ВАШИОТ БИЗНИС
Семинар, 15.10.2021
КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА НА САЕМОТ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО, ГРАДЕЖНИ МАТЕРИЈАЛИ И ЗА ДИЗАЈН „BUILD EXPO GREECE“
Семинар, 20.10.2021
ПРЕДВИДУВАЊЕ НА ОДНЕСУВАЊЕТО НА ПОТРОШУВАЧИТЕ СО МЕТОД НА ПОДАТОЧНО РУДАРЕЊЕ (DATA MINING)
Семинар, 21.10.2021
ОТСУСТВО ОД РАБОТА СО НАДОМЕСТОК НА ПЛАТА
Семинар, 27.10.2021
НАПРЕДЕН ЕКСЕЛ ЗА РАБОТА СО ГРАФИКОНИ, СОРТИРАЊЕ, РЕВИДИРАЊЕ И ЗАШТИТА НА РАБОТНИТЕ ДОКУМЕНТИ
Саем, 28.02.2022
Саемска манифестација: „Internatonal Food and Drink Event (IFE)“