Работилница 13.07.2021 МЕНАЏЕРСКИ ДОГОВОР, КОНКУРЕНТСКА КЛАУЗУЛА И КОНКУРЕНТСКА ЗАБРАНА, ДЕЛОВНА ТАЈНА, ПАРИЧНА КАЗНА НАМЕСТО ОТКАЗ КАКО ОСНОВ ЗА ЗАДРЖУВАЊЕ НА ИСПЛАЌАЊЕТО НА ПЛАТА

Онлајн семинар



Стопанската комора на Северна  Македонија, на 13 јули 2021 година, организира еднодневна онлајн работилница на тема: „Менаџерски договор, конкурентска клаузула и конкурентска забрана, деловна тајна, парична казна наместо отказ како основ за задржување на исплаќањето на плата“. 
Целта за одржувањето на оваа онлајн работилница се пронаоѓа во намерата слушателите да постигнат поголема информираност за институтите кои ќе бидат предмет на обработка. 
На онлајн  работилницата, преку интерактивен пристап, ќе се анализираат прашањата за менаџерскиот договор, неговите карактеристики, колку тој е практичен и потребен во работењето, кои се главните разлики од договорот за вработување, и како да се состави, односно концепира издржан менаџерски договор и ќе се презентира и поимот на паричната казна преку разгледување на нејзиниот максимален износ, формата и начинот на одредување, нејзиното изрекување при спроведена дисциплинска постапка, како и ефектуирањето преку задржувањето на исплаќање на плата.  

ПРОГРАМА

I.    МЕНАЏЕРСКИ ДОГОВОРИ
-    КАРАКТЕРИСТИКИ НА МЕНАЏЕРСКИОТ ДОГОВОР
-    Менаџерскиот договор во македонското законодавство и пракса;
-    Специфични карактеристики и елементи;
-    Разлика помеѓу менаџерски договор и договор за вработување;
-    Како до правилно составен менаџерски договор;

-    КОНКУРЕНТСКА ЗАБРАНА
-    Законска забрана за конкурентско дејствување.

-    КОНКУРЕНТСКА КЛАУЗУЛА 
-    Договорна забрана за конкурентско дејствување;
-    Надоместок за почитување на конкурентската клаузула;
-    Престанок на конкурентската клаузула.
-    ДИСКУСИЈА И ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ

II.    ДЕЛОВНА ТАЈНА
-    Обврска за чување на деловна тајна;
-    Податоци кои се сметаат за деловна тајна;
-    Интерен акт на работодавачот за протокол околу чување деловна тајна;
-    Последици од непостапување по обврска за чување деловна тајна.
-    ДИСКУСИЈА И ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ

III.    ПАРИЧНА КАЗНА КАКО ОСНОВ ЗА ЗАДРЖУВАЊЕ НА ИСПЛАЌАЊЕТО НА ПЛАТА
-    ПАРИЧНАТА КАЗНА ПРИ СПРОВЕДЕНА ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА
-    Основи за спроведување дисциплинска постапка – кршење на работен ред и дисциплина;
-    Услови, начин и претпоставки за спроведување дисциплинска постапка;
-    Откажување на договорот за вработување со и без отказен рок;
-    Подготовка на интерен акт за спроведување на дисциплинска постапка.

-    ПАРИЧНА КАЗНА НАМЕСТО ОТКАЗ 
-    Максимална висина на паричната казна;
-    Форма на одлуката за парична казна;
-    Надлежен орган за изрекување парична казна.

-    СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПАРИЧНАТА КАЗНА 
-    Задржување на исплаќање на плата;
-    Основ и услови за задржувањето.

Предавачи: 
-    Викторија Спасовска – Симоноска, адвокат, предавач на обуки, семинари и конференции со особен фокус на тематики од облигационото, деловното и трудовото право;
-    Сашка Бошковска Богдановска, овластен ревизор, овластен сметководител и овластен проценител, со практично работно искуство во областа на ревизија, сметководство, даноци и пресметка на плати.

За сите учесници ќе биде обезбедено:
-    Напатствија за приклучување на онлајн работилницата;
-    Е-сертификат и
-    Работни материјали во електронска верзија.

Сите заинтересирани за учество на оваа работилница можат да се пријават најдоцна до 9.07.2021 година.

Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015