Семинар 13.07.2021 EMPLOYER BRANDING

„онлајн“-семинар 10:00-13:00 часот



Интерактивниот семинар се фоксуира на запознавање со концептот на Employer Branding и негова имплементација. Семинарот има за цел да ги запознае посетителите со основите на employer branding, да прикаже примери на светски и интернационални брендови и да ги едуцира посетителите како да постават основа за спроведување на employer branding во нивните компании.
    
Репутацијата на една компанија како поволно место за вработување станува сѐ поважен фактор во изборот на работно место кај потенцијалните вработени. Компаниите ширум светот вложуваат во позитивни искуства на нивните вработени, додека финансискиот надомест во денешно време е само еден од бенефитите кои е потребно да се понудат на вработените за да се одржат среќни и за да се задржат во компаниите на долг рок. 

На овој семинар ќе бидат дискутирани можностите за спроведување на Employer Branding во компаниите, како и тактики за мотивација на вработените да станат бренд амбасадори на компаниите. 

Овој семинар е наменет за претставници на маркетинг, HR и PR секторите во компаниите, како и лица задолжени за екстерна комуникација.

ПРОГРАМА

ПРВ ДЕЛ:
- Основи на Employer Branding
• Дефинирање на Employer Branding
• Основи на комуникација
• Поделба на одговорности за спроведување
• Фази на спроведување на Employer Branding

ВТОР ДЕЛ:
- Процес на развој и спроведување
• Анализа 
• Развој на целна персона
• Поставување на Employee Value Proposition 
• Дефинирање на Employee Journey Map
• Развој на комуникација

- Практична примена: вежби за изработување на секоја од фазите – анализа, развој на персона, поставување на EVP и EJM

ТРЕТ ДЕЛ:
- Развој на комуникација
• Запознавање со employer branding комуникација на локални и интернационални брендови
• Заедничка анализа на employer branding комуникација на локални и интернационални брендови
• Анализа на employer branding комуникација на учесниците на семинарот

Предавач:   
Ива Дујак e Доктор на науки од областа на маркетингот, со специјализација дигитален маркетинг. Партнер и технички директор на маркетинг агенцијата Brand Union, каде е задолжена за стратешки развој и комуникација на бројни локални интернационални брендови. Автор на наградуваните блогови This is Not a Social Meda Blog и Skopje Casual, организатор на Creative Talks Mk,  со искуство во предавање на тема маркетинг и дигитален маркетинг на Економскиот Факултет Скопје, Економски Факултет Прилеп, бројни невладини организации и академии.

За сите учесници на обуката ќе биде обезбедено:    
• упатства за приклучување на „онлајн“-обуката;
• материјали во електронска верзија и
• сертификат за учество на обуката.       

Сите заинтересирани за учество  да се пријават најдоцна до 09.7.2021 година.

Агенда на настанот Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Михајло Донев
++ 389 2 3244067

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 05.10.2022
ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ЦАРИНСКА ТАРИФА, НАМАЛУВАЊЕ И ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ПЛАЌАЊЕ НА ЦАРИНСКИ ДАВАЧКИ ; ЗАДОЛЖИТЕЛНА ТАРИФНА ИНФОРМАЦИЈА КАКО ПРАВНА ГАРАНЦИЈА НА БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА
Настан, 12.10.2022
„MARKETPLACE AUSTRIA FOOD AND BEVERAGES 2022“ БИЗНИС-СРЕДБА НА АВСТРИСКИ ФИРМИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ И ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ УВОЗНИЦИ НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ  
Саем, 14.10.2022
УЧЕСТВО ВО КУПУВАЧКА МИСИЈА ВО РАМКИ НА “BUILD EXPO GREECE 2022” 14-16 октомври 2022 Атина, Грција
Семинар, 14.10.2022
„Oн-лајн“ еднодневен семинар:ОПТИМИЗАЦИЈА И УРЕДУВАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО ПО 5С МЕТОДОЛОГИЈАТА
Семинар, 18.10.2022
ЗАКОНСКИТЕ ПРОПИСИ ВО КАНЦЕЛАРИСКОТО И АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ ВО СЛУЧАИ КОГА ИМАМЕ ВРЕМЕН ПРЕКИН НА РАБОТНИОТ ПРОЦЕС ВО КОМПАНИИТЕ (ИСПРАЌАЊЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ НА ПРИНУДЕН ОДМОР) И ВРАБОТУВАЊЕ СО СКРАТЕНО (НЕПОЛНО) РАБОТНО ВРЕМЕ
Семинар, 19.10.2022
НАПРЕДЕН ЕКСЕЛ ЗА АНАЛИЗА НА ПРОДАЖБАТА СО ПИВОТ ТАБЕЛИ И “ЖИВИ“ ГРАФИКОНИ
Семинар, 26.10.2022
МЕНАЏМЕНТ НА ОБРТЕН КАПИТАЛ, СТРАТЕГИИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ И ТЕХНИКИ ЗА МЕНАЏМЕНТ НА ЛИКВИДНОСТА
Форум, 03.11.2022
ПОКАНА за учество на Меѓународен виртуелен брокерски настан - VIRTUAL BROKERAGE EVENT @ INNOVATION VILLAGE 2022
Семинар, 07.11.2022
ВЕРИФИКУВАНА ПРОГРАМА - ВЕШТИНИ ЗА ВОВЕДУВАЊЕ И РАЗВОЈ НА ВРАБОТЕНИ
Саем, 16.11.2022
Покана за учество на Нордискиот саем за органска храна и на „Еколивинг Скандинавија“