Форум 30.06.2021 МАКЕДОНСКО-РОМАНСКИ ЕКОНОМСКИ ФОРУМ И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ

Хотел „Александар Палас“,Скопје



Почитувани,

По повод посетата на министерот за надворешни работи на Романија, Богдан Ауреску, Стопанската комора на Северна Македонија, во соработка со Амбасадата на Романија во Република Северна Македонија и Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Ве покануваат да земете учество на претстојниот

„Македонско-романски економски форум и билатерални средби“, кој ќе се одржи на 30 јуни 2021 година во Хотел „Александар Палас“, Скопје, со почеток во 11:00 часот.

На Форумот, покрај работниот дел на кој се предвидени поздравни обраќања на министрите за надворешни работи на Република Северна Македонија и на Романија, во насока на продлабочување на економската соработка, предвидени се и билатерални средби меѓу претставници на бизнис-заедниците од двете земји, како и презентација на условите за инвестирање во Република Северна Македонија.

На настанот домашните компании ќе имаат можност да остварат директни средби со претставници на романски компании од различни сектори, како што се: 
•    градежништвото,
•    туризмот,
•    енергетиката,
•    информатичките технологии,
•    управувањето со отпад.

Сите заинтересирани компании своето учество можат да го пријават со пополнување на пријавниот лист во прилог и со негово доставување кај лицето за контакт, м-р Сања Николова, електронска адреса: sanja@mchamber.mk, тел: 3244-091, моб: 071/ 230-452, најдоцна до 29 јуни (вторник).


Во прилог:
- драфт агенда; 
- листа на романски компании;
- пријавен лист.

 

Агенда на настанот Пријавен лист Останати документи

Контакт лица:

м-р Сања Николова
++ 389 2 3244091, M. 071 230 452


Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015