Семинар 14.07.2021 - 15.07.2021 ПОДОБРО И ПОБРЗО ОДЛУЧУВАЊЕ СО КОРИСТЕЊЕ НА POWER BI 

„онлајн“-семинар 10:00-13:30 часот



Денес организациите работат во дигитална ера и се соочуваат со предизвикот како да извлечат информации од големите податоци врз основа на кои ќе можат да донесуваат подобри и побрзи одлуки. Водечката алатка за бизнис интелигенција, Microsoft Power BI Desktop овозможува податоците кои доаѓаат од различни извори да се поврзат преку креирање на модел на податоци, да се креираат нови колони и мерки со користење на DAX, да се визуелизираат податоците и да се креираат моќни интерактивни извештаи. Крајниот производ, извештаите отклучуваат вредни информации за доносителите на одлуки кои можат да им помогнат да ги согледаат остварените резултати, да откријат што влијаело на нивното остварување, да предвидат што може да се случи во иднина и да донесат подобри и побрзи одлуки кои се базирани на факти врз основа на кои ќе ги остварат поставените таргети, ќе можат да остварат конкурентска предност и да осигураат опстанок на пазарот на долг рок. Во таа насока, Стопанската комора на Северна Македонија на 14 и 15 јули 2021 година организира „онлајн“-обука на тема: „ПОДОБРО И ПОБРЗО ОДЛУЧУВАЊЕ СО КОРИСТЕЊЕ НА POWER BI“ која ќе ви озвозможи да стекнете знаења и вештини за оваа алатка и да помогнете за успешно работење на вашата организација.

За кого е наменета обуката?
Обуката е наменета за сопственици, менаџери, вработени во приватен и државен сектор кои анализираат податоци и донесуваат одлуки, како и за сите кои сакаат да стекнат една од најважните дигитални вештини на 21-от век – користење на Power BI Desktop.

Целта на обуката е да се стекне солидно ниво на знаење и вештини за користење на најмоќната алатка на бизнис интелигенцијата, Power BI Desktop која ќе ви овозможи да ги трансформирате податоците во вредни сознанија кои ќе ви служат како препораки во одлучувањето. Во фокусот на обуката е практичната примена на оваа алатка за да може веднаш по нејзиното завршување да ги примените стекнатите вештини на сетовите на податоци во вашите организации.

Придобивки од обуката:
• Стекнување знаење и вештини за извлекување, трансформирање и вчитување на податоци (ETL процедура) во Power BI Desktop
• Стекнување вештини за креирање на модел на податоци
• Разбирање на јазикот на формули и оператори - DAX за креирање на нови колони и мерки
• Стекнување на вештини за визуелизирање на податоците и креирање на интерактивни извештаи
• Стекнување вештини за предвидување со користење на алатка на вештачка интелигенција во Power BI Desktop
• Стекнување вештини за кажување на добра приказна од податоците која помага во подобро и побрзо одлучување

ПРОГРАМА:

I сесија
• Microsoft Power BI Desktop: причини за користење и интерфејс
• Извлекување, трансформирање и вчитување на податоци (ETL процедура)
• Практична вежба

II сесија
• Креирање на модел на податоци
• Креирање на нови колони и мерки со користење на DAX
• Практична вежба

III сесија
• Визуелизирање на податоци и креирање на интерактивни извештаи
• Практична вежба

IV сесија
• Предвидување со користење на Key Influencers (алатка на вештачка интелигенција)
• Кажување на приказна од податоците за донесување на подобри и побрзи одлуки
• Практична вежба

За обуката потребно е да инсталира следната верзија на Power BI Desktop: 2.91.884.0, достапна бесплатно на следниов линк: https://www.microsoft.com/en-us/download/details.aspx?id=58494 

Предавач:

Д-р Виолета Цветкоска е вонреден професор на Економскиот факултет – Скопје при УКИМ на дисциплините Основи на бизнис аналитика и Операциони истражувања. Таа е глобален експерт за аналитика и бизнис моделирање и советува менаџери во донесување на подобри и побрзи одлуки преку трансфмирање на податоците во вредни сознанија. Има голема „архива“ на меѓународно искуство и стекнати признанија и награди од водечките меѓународни здруженија во нејзината област. На извонреден начин го пренесува своето знаење за клучните вештини на 21-от век (бизнис интелигенција, бизнис аналитика, наука за податоци, вештачка интелигенција, машинско учење) со цел да им помогне на организациите да имаат обучени професионалци за податоци за да можат да ги подобрат своите перформанси, да остварат конкурентска предност и да осигураат опстанок на долг рок.

За сите учесници на обуката ќе биде обезбедено:    
• упатства за приклучување на „онлајн“-обуката;
• материјали во електронска верзија и
• сертификат за учество на обуката.       

Сите заинтересирани за учество  да се пријават најдоцна до 09.07.2021 година.

Агенда на настанот Пријавен лист

Контакт лица:

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015