Online Бизнис средби 13.07.2021 - 15.07.2021 Виртуелен настан и деловни средби „Qatar Virtual Matchmaking & Exhibition 2021“

Виртуелно



Стопанската комора на С. Македонија, во соработка со Развојната Банка на Катар и ТАСДЕР- Агенција за развој на извоз од Катар преку ЕЕН–Европската мрежа на претприемачи, Ве покануваат да учествувате на виртуелен настан: „Qatar Virtual Matchmaking & Exhibition 2021“, што ќе се одржи во периодот од 13-15 јули 2021 година.

Во пресрет на третото издание на настанот предвидено е на едно место да се соберат реномирани претпријатија, дистрибутери и локални бизниси со цел истражување и развој на идни партнерства со меѓународни компании. 

Во фокусот на настанот е подигнување на свеста за производствените капацитети во Катар, со цел отворање на нови хоризонти за меѓународните компании да соработуваат со водечките производители во Катар.

Настанот е наменет за увозници, продавачи на големо, дистрибутери и компании од следните сектори:

-    Градежништво, градежни материјали, хемикалии и електрична опрема;
-    Пластика и пакување;
-    Хемиски производи;
-    Производи од хартија;
-    Производи за широка потрошувачка;
-    Храна и пијалоци;
-    ИКТ услуги и
-    Фармацевтска, здравствена и медицинска опрема.

Учеството на настанот е бесплатно. Регистрацијата е отворена до 15 јули 2021 година на следниот линк за регистрација: https://matchmaking.qdb.qa/signup

Во врска деталите со учеството на виртуелните деловни средби можете да се информирате на следниот линк: https://matchmaking.qdb.qa/page-3131  

Работен јазик е англиски. 

Останати документи

Контакт лица:

Ирена Мојсовска
++ 389 2 3244009


Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015