Форум 19.07.2021 МАКЕДОНСКО-КОСОВСКИ БИЗНИС ФОРУМ

хотел Белви, Скопје



Стопанската Комора на С. Македонија и Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување во рамки на Европската мрежа на бизнис можности (Enterprise Europe Network) организираат билатерални средби на компании од Македонија и Косово.

Овие бизнис средби претставуваат идеална можност на компанните да воспостават деловна соработка со потенцијални партнери од Косово од следниве сектори: ИКТ, дрвна индустрија и мебел.

Македонските компании кои ќе се пријават за учество на бизнис форумот ќе имаат можност да остварат средби со компании од Косово и да воспостават соработка за ширење на својот бизнис и на косовскиот пазар.

Бизнис форумот ќе се одржи на 19 јули 2021 година (понеделник), во Хотел Белви, Скопје. За точното време ќе бидете дополнително известени.

Целни сектори се:

Информатичка и комуникациска технологија (ИКТ)

Дрвна индустрија

Мебел

Агенда:

09.30 – 10.00

Регистрација

10.00 – 10.30

Воведно обраќање

10.30 – 12.30

Б2Б средби (сесија 1)

12.30 – 13.30

Пауза за ручек

13.30 – 15.30

Б2Б средби (сесија 2)


Зошто да се учествува на Бизнис форумот?

  • Бизнис Форумот е можност да најдете соодветни деловни партнери од Косово;
  • Да ја проширете својата мрежата на контакти и
  • Да бидете во тек со трендовите на пазарот во Косово.

Сите заинтересирани компании од секторот на информатичко-комуникациски технологии, дрвна индустрија и мебел кои сакаат да учествуваат на настанот потребно е да се регистрираат на следниов линк

Учеството на Бизнис Форумот е бесплатно. 

Каталогот со компании кои до овој момент се пријавени од Косово може да го погледнете на следниот линк


Контакт лице:
Емилија Андонова
emilija.andonova@mir.org.mk
Телефон: +389 (0) 2 3108891
  

 


Контакт лица:

Ирена Мојсовска
++ 389 2 3244009


Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 05.10.2022
ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ЦАРИНСКА ТАРИФА, НАМАЛУВАЊЕ И ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ПЛАЌАЊЕ НА ЦАРИНСКИ ДАВАЧКИ ; ЗАДОЛЖИТЕЛНА ТАРИФНА ИНФОРМАЦИЈА КАКО ПРАВНА ГАРАНЦИЈА НА БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА
Настан, 12.10.2022
„MARKETPLACE AUSTRIA FOOD AND BEVERAGES 2022“ БИЗНИС-СРЕДБА НА АВСТРИСКИ ФИРМИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ И ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ УВОЗНИЦИ НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ  
Саем, 14.10.2022
УЧЕСТВО ВО КУПУВАЧКА МИСИЈА ВО РАМКИ НА “BUILD EXPO GREECE 2022” 14-16 октомври 2022 Атина, Грција
Семинар, 14.10.2022
„Oн-лајн“ еднодневен семинар:ОПТИМИЗАЦИЈА И УРЕДУВАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО ПО 5С МЕТОДОЛОГИЈАТА
Семинар, 18.10.2022
ЗАКОНСКИТЕ ПРОПИСИ ВО КАНЦЕЛАРИСКОТО И АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ ВО СЛУЧАИ КОГА ИМАМЕ ВРЕМЕН ПРЕКИН НА РАБОТНИОТ ПРОЦЕС ВО КОМПАНИИТЕ (ИСПРАЌАЊЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ НА ПРИНУДЕН ОДМОР) И ВРАБОТУВАЊЕ СО СКРАТЕНО (НЕПОЛНО) РАБОТНО ВРЕМЕ
Семинар, 19.10.2022
НАПРЕДЕН ЕКСЕЛ ЗА АНАЛИЗА НА ПРОДАЖБАТА СО ПИВОТ ТАБЕЛИ И “ЖИВИ“ ГРАФИКОНИ
Семинар, 26.10.2022
МЕНАЏМЕНТ НА ОБРТЕН КАПИТАЛ, СТРАТЕГИИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ И ТЕХНИКИ ЗА МЕНАЏМЕНТ НА ЛИКВИДНОСТА
Форум, 03.11.2022
ПОКАНА за учество на Меѓународен виртуелен брокерски настан - VIRTUAL BROKERAGE EVENT @ INNOVATION VILLAGE 2022
Семинар, 07.11.2022
ВЕРИФИКУВАНА ПРОГРАМА - ВЕШТИНИ ЗА ВОВЕДУВАЊЕ И РАЗВОЈ НА ВРАБОТЕНИ
Саем, 16.11.2022
Покана за учество на Нордискиот саем за органска храна и на „Еколивинг Скандинавија“