Online Бизнис средби 25.06.2021 Он-лине настан и деловни средби „FINNO-Access2Finance and Innovation“, Белград,

, Србија



Стопанската комора на С. Македонија во соработка со Европската мрежа на претприемачи од Србија, ве поканува да учествувате на онлине настанот и деловните средби кои се наменети за компаниите од регионот на Југоисточна Европа: „FINNO-Access2Finance and Innovation“ на 25 јуни  2021 година во Белград, Србија.                                                                                                

Платформата FINNO- Access2Finance and Innovation, претставува ONE STOP SHOP за поддршка на финансиски инструменти и иновации за малите и средни компании од Југоисточна Европа.

Конзорциумот на ЕЕН Србија ја иницираше и ја разви оваа платформа, која ќе служи за подобрување на пристапот до финансии, како и за олеснување во процесот на иновации и тоа од создавање на бизнис идеи до комерцијален успех на меѓународните пазари.

Целта на конзорциумот е преку ЕЕН мрежата да се зајакне растот и развојот на малите и средни компании од регионот на Југоисточна Европа, во Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, С.Македонија, Србија и Словенија.

Платформата FINNO претставува решение за да се направи вистински избор меѓу различните видови на финансиска и иновативна поддршка на МСП од различни програми и институции на ЕУ и нуди информации за сите релевантни и достапни можности за финансирање и иновации погодни за бизнисите.

Во прилог е линкот до Агендата од настанот https://finno.b2match.io/agenda.

Регистрацијата за учество е достапна на следниот линк: https://finno.b2match.io/signup, и е отворена до 25 јуни 2021 година, а учеството е бесплатно.

За сите дополнителни прашања поврзани со FINNO платформата можете да се информирате на следниот линк: https://finno.b2match.io/home

 

 


Контакт лица:

Ирена Мојсовска
++ 389 2 3244009


Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 05.10.2022
ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ЦАРИНСКА ТАРИФА, НАМАЛУВАЊЕ И ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ПЛАЌАЊЕ НА ЦАРИНСКИ ДАВАЧКИ ; ЗАДОЛЖИТЕЛНА ТАРИФНА ИНФОРМАЦИЈА КАКО ПРАВНА ГАРАНЦИЈА НА БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА
Настан, 12.10.2022
„MARKETPLACE AUSTRIA FOOD AND BEVERAGES 2022“ БИЗНИС-СРЕДБА НА АВСТРИСКИ ФИРМИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ И ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ УВОЗНИЦИ НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ  
Саем, 14.10.2022
УЧЕСТВО ВО КУПУВАЧКА МИСИЈА ВО РАМКИ НА “BUILD EXPO GREECE 2022” 14-16 октомври 2022 Атина, Грција
Семинар, 14.10.2022
„Oн-лајн“ еднодневен семинар:ОПТИМИЗАЦИЈА И УРЕДУВАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО ПО 5С МЕТОДОЛОГИЈАТА
Семинар, 18.10.2022
ЗАКОНСКИТЕ ПРОПИСИ ВО КАНЦЕЛАРИСКОТО И АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ ВО СЛУЧАИ КОГА ИМАМЕ ВРЕМЕН ПРЕКИН НА РАБОТНИОТ ПРОЦЕС ВО КОМПАНИИТЕ (ИСПРАЌАЊЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ НА ПРИНУДЕН ОДМОР) И ВРАБОТУВАЊЕ СО СКРАТЕНО (НЕПОЛНО) РАБОТНО ВРЕМЕ
Семинар, 19.10.2022
НАПРЕДЕН ЕКСЕЛ ЗА АНАЛИЗА НА ПРОДАЖБАТА СО ПИВОТ ТАБЕЛИ И “ЖИВИ“ ГРАФИКОНИ
Семинар, 26.10.2022
МЕНАЏМЕНТ НА ОБРТЕН КАПИТАЛ, СТРАТЕГИИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ И ТЕХНИКИ ЗА МЕНАЏМЕНТ НА ЛИКВИДНОСТА
Форум, 03.11.2022
ПОКАНА за учество на Меѓународен виртуелен брокерски настан - VIRTUAL BROKERAGE EVENT @ INNOVATION VILLAGE 2022
Семинар, 07.11.2022
ВЕРИФИКУВАНА ПРОГРАМА - ВЕШТИНИ ЗА ВОВЕДУВАЊЕ И РАЗВОЈ НА ВРАБОТЕНИ
Саем, 16.11.2022
Покана за учество на Нордискиот саем за органска храна и на „Еколивинг Скандинавија“