Семинар 28.06.2021 НАПРЕДНИ ЕКСЕЛ ФУНКЦИИ ЗА АНАЛИЗА НА ПОДАТОЦИТЕ

Онлајн семинар



Напредните алатки на Ексел, како што се работа со правила, логички функции, IF, AND и OR функции, INDEX и MATCH функции, DATE функции, LOOKUP функции, DATABASE функции, работа со апсолутни и релативни референци, консолидација на податоците спаѓаат во најважните и најчесто користените алатки во деловното планирање, макро и микроекономската анализа и носењето на одлуки. 
Во свет во кој сме постојано опкружени со податоци, бројки, трендови и статистики, неопходно е да ги разбираме и да бидеме способни да ги користиме напредните ексел функции, бидејќи тие се дел од најважните алатки за носење на деловни одлуки.
Обуката е наменета за сите оние коишти сакаат да научат како да:
-    Лесно анализираат големи бази на податоци во Ексел;
-    Лесно средуваат нумерички и текстуални информации во Ексел;
-    Препознаваат ситуации во кои примената на напредни Ексел алатки може да помогне во процесот на одлучување; 
-    Да спроведуваат едноставна анализа во пракса користејќи MS Excel и на тој начин да издвојуваат дополнителни информации од собраните податоци; 
-    Интерпретираат различни нумерички податоци прикажани во деловните извештаи или критички да пристапат во вреднувањето на статистичките податоци пред носењето на деловни одлуки.

Содржина на обуката:
-    Консолидација на податоците;
-    Брзи формати за внесување на податоци во Ексел;
-    Користење на логички функции;
-    Koристење на напредни IF функции;
-    Користење на правила и напредни правила;
-    Работа со сите видови на графикони и нивно форматирање.

На основа на “живи“ примери се објаснуваат опциите во Excel:
•    INDEX & MATCH;
•    Logical functions;
•    IF Functions;
•    AND Functions;
•    OR Functions;
•    IF, AND & OR Functions;
•    3D Functions;
•    DATE functions;
•    Charts;
•    Design Charts;
•    Conditional Formatting;
•    Advanced CF techniques;
•    Consolidation;
•    COUNTIF, COUNTIFS;
•    SUMIF, SUMIFS;
•    LOOKUP functions;
•    HLOOKUP;
•    VLOOKUP;
•    Data Base functions (DSUM, DAVERAGE, DCOUNT, DMIN, DMAX);
•    Tips & tricks (трикови).
Краен резултат: Максимално забрзување на изготвување на анализи!

Предавач:
 
Проф.д-р Зоран Ивановски, редовен професор на Eкономскиот факултет при Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, реномиран регионален стручњак од областа на финансискиот менаџмент и предавач со долгогодишно искуство во земјата и странство. Во својата долгогодишна универзитетска кариера бил на раководни факултетски и универзитетски позиции како Ректор на Европскиот универзитет – Република Македонија, Проректор на Европскиот универзитет – Република Македонија и Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, декан на Економски факултет при Европскиот универзитет – Република Македонија, визитинг професор на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, Универзитетот “Свети Апостол Павле“ во Охрид и на Економскиот факултет на Универзитетот во Валенсија, Шпанија. Покрај универзитетската кариера предава на обуките за брокери и за инвестициски советници организирани од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија. Успешно раководи со првата бизнис клиника во нашата земја “Business Clinic DB”.
Повеќе од 20 години реализира обуки за бизнис секторот во земјата и во странство.
Автор е на голем број универзитетски учебници и научни трудови објавени во списанија индексирани во реномирани бази на податоци. 

За сите учесници ќе биде обезбедено:
-    Инструкции за приклучување на онлајн-работилницата;
-    Работни материјали во електронска верзија и
-    Сертификат во електронска верзија.

Сите заинтересирани за учество на овој онлајн семинар можат да се пријават најдоцна до 24.06.2021 година.

Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015