Семинар 24.06.2021 УПРАВУВАЊЕ СО УЧИНОКОТ – АЛАТКИ ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ РЕЗУЛТАТИ

„онлајн“-обука 10:00-13:30 часот



Кога зборуваме за УПРАВУВАЊЕ СО УЧИНОКОТ, зборуваме за управување со резултатите од работата на секој вработен, преку поставување јасни индикатори и цели кои треба да се постигнат. Факт е дека без поставени очекувања и цели ангажманот на вработените често е прашање на добра волја – да работат колку можат или колку што сметаат дека е доволно. Со ова се доведува во прашање долгорочниот развој на компанијата и, секако, нивото на успех кое може да се постигне.

Велат дека најдобар начин да се предвиди иднината е таа да се планира. Ова се покажа како особено важно минатата година, кога компаниите беа соочени со потребата да носат брзи одлуки за приспособување кон новите услови за работа. Оние компании кои имаа поставено системи за управување со резултатот, како секојдневен начин на работа, можеа бргу да ги ревидираат индикаторите за резултат, не само како бројки туку и како нов пристап кон извршување на задачите. Системот за управување со резултат може да биде поврзан со системот за плати и за придобивки, како и со развојот на вработените преку рамката на клучни компетенции. Овие процеси овозможуваат стабилност и раст на секој бизнис.

Со намера овој концепт да се доближи до компаниите во земјава, Стопанската комора на Северна Македонија на 24 јуни 2021 година организира „онлајн“-обука на тема: УПРАВУВАЊЕ СО УЧИНОКОТ – АЛАТКИ ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ РЕЗУЛТАТИ, која ќе се фокусира на оваа важна тема за обезбедување стабилен развој на секоја организација.

За кого е наменета обуката?
Обуката е наменета за сопственици, за претставници на бизнис-заедницата од врвниот менаџмент, за менаџери на човечки ресурси и за други професионалци во оваа област.

Придобивки од обуката
• Разбирање на релацијата меѓу системот за управување со резултати и долгорочниот раст на компанијата – основа за поттикнување резултати
• Запознавање со принципите за развој на ваков систем, кој одговара на стадиумот на развој и на потребите на организацијата
• Стекнување конкретни насоки и најдобри практики за воведување систем за мерење и за управување со резултатот – интернационално и локално ниво

ПРОГРАМА

I сесија
• Вовед – планирање на бизнисот: следно ниво на ЕВОЛУЦИЈА
• Од генерално кон специфично – BALANCED SCORE CARD: сите аспекти на успехот
• Како СИСТЕМОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО УЧИНОКОТ (Performance Management System) поттикнува ангажираност и постигнување на поставените цели    

II сесија
• Клучни индикатори за резултат (Key Performance Indicators-KPI) – вежба 
• Процес на поставување KPI, каталог на индикатори и ниво на исполнување (таргети)
• Од КОНЦЕПТ до РЕАЛНОСТ: 5 чекори за поставување на системот за управување со резултатот и 5 најчести пречки 


Предавачи:

- Наташа Ивановска е консултант за човечки ресурси, сертифициран бизнис-коуч на Колеџот „Ериксон коучинг“ од Канада, како и сертифициран тренер од неколку светски методологии. Има над дваесетгодишно искуство во планирањето и во управувањето со човечки ресурси. Од 2011 г. е основач на „Инсајт груп“, компанија за личен и организациски развој. Низ работата со компании во земјава и во регионот успева да придонесе во областа на планирањето и на развојот на вработените, како клучен движечки ресурс на секоја компанија.    

- Биљана Велевска, раководител на компанијата „Самеримпекс импулси“, со значајно искуство во управувањето со проекти, консултантството, анализите, дијагностиките и во обуките, како во приватниот така и во јавниот сектор. Велевска е магистер по европски менаџмент на Europa Institute во Германија. Поседува сертификати за тренинг и за коучинг од неколку светски методологии и институти, со кои овозможува компаниите да ги најдат најдобрите решенија за деловен раст и развој.

За сите учесници на обуката ќе бидат обезбедени:    
 - упатства за приклучување на „онлајн“-обуката;     
 - работни материјали во електронска верзија;    
 - eлектронски сертификат за учество на семинарот.       

Сите заинтересирани за учество да се пријават најдоцна до 22.6.2021 година.

Агенда на настанот Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Михајло Донев
++ 389 2 3244067

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 05.10.2022
ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ЦАРИНСКА ТАРИФА, НАМАЛУВАЊЕ И ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ПЛАЌАЊЕ НА ЦАРИНСКИ ДАВАЧКИ ; ЗАДОЛЖИТЕЛНА ТАРИФНА ИНФОРМАЦИЈА КАКО ПРАВНА ГАРАНЦИЈА НА БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА
Настан, 12.10.2022
„MARKETPLACE AUSTRIA FOOD AND BEVERAGES 2022“ БИЗНИС-СРЕДБА НА АВСТРИСКИ ФИРМИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ И ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ УВОЗНИЦИ НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ  
Саем, 14.10.2022
УЧЕСТВО ВО КУПУВАЧКА МИСИЈА ВО РАМКИ НА “BUILD EXPO GREECE 2022” 14-16 октомври 2022 Атина, Грција
Семинар, 14.10.2022
„Oн-лајн“ еднодневен семинар:ОПТИМИЗАЦИЈА И УРЕДУВАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО ПО 5С МЕТОДОЛОГИЈАТА
Семинар, 18.10.2022
ЗАКОНСКИТЕ ПРОПИСИ ВО КАНЦЕЛАРИСКОТО И АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ ВО СЛУЧАИ КОГА ИМАМЕ ВРЕМЕН ПРЕКИН НА РАБОТНИОТ ПРОЦЕС ВО КОМПАНИИТЕ (ИСПРАЌАЊЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ НА ПРИНУДЕН ОДМОР) И ВРАБОТУВАЊЕ СО СКРАТЕНО (НЕПОЛНО) РАБОТНО ВРЕМЕ
Семинар, 19.10.2022
НАПРЕДЕН ЕКСЕЛ ЗА АНАЛИЗА НА ПРОДАЖБАТА СО ПИВОТ ТАБЕЛИ И “ЖИВИ“ ГРАФИКОНИ
Семинар, 26.10.2022
МЕНАЏМЕНТ НА ОБРТЕН КАПИТАЛ, СТРАТЕГИИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ И ТЕХНИКИ ЗА МЕНАЏМЕНТ НА ЛИКВИДНОСТА
Форум, 03.11.2022
ПОКАНА за учество на Меѓународен виртуелен брокерски настан - VIRTUAL BROKERAGE EVENT @ INNOVATION VILLAGE 2022
Семинар, 07.11.2022
ВЕРИФИКУВАНА ПРОГРАМА - ВЕШТИНИ ЗА ВОВЕДУВАЊЕ И РАЗВОЈ НА ВРАБОТЕНИ
Саем, 16.11.2022
Покана за учество на Нордискиот саем за органска храна и на „Еколивинг Скандинавија“