Online Бизнис средби 27.07.2021 - 29.07.2021 „виртуелна“ КОНФЕРЕНЦИЈА И ДЕЛОВНИ СРЕДБИ „CONNECTO 2021“

Интера-Технолошки парк, Мостар, БиХ



Стопанската комора на С. Македонија во соработка со ИНТЕРА-Технолошки парк, Мостар, БиХ преку ЕЕН–Европската мрежа на претприемачи, Ве поканува да земете учество на претстојната „виртуелна“ конференција и деловни средби на тема: CONNECTO 2021 што ќе одржат во периодот од 27-29 јули 2021 година во Интера-Технолошки парк, Мостар, БиХ.

Настанот претставува одлична можност да се воспостават контакти со партнери, клиенти и добавувачи од Босна и Херцеговина, регионот на Западен Балкан и од светски рамки.

CONNECTO 2021 претставува платформа за вмрежување меѓу бизнис дијаспората од БиХ и претприемачи од БиХ и регионот на Западен Балкан со една цел:

  • Извоз на производи и услуги на глобален пазар;
  • Креирање на нови и добро платени работни места;
  • Креирање на иновативни производи и решенија;
  • Обезбедување на нови можности за младите и
  • Максимизирање и искористување на потенцијалот на пазарот на трудот во БиХ.

Настанот е наменет за услужните дејости од следните сектори:

  • ИКТ и телекомуникации;
  • Производи и полупроизводи од метали, дрво и пластика;
  • Инженеринг, проектирање и консалтинг;
  • Градежна индустрија;
  • Индустриски и градежни алати и машини;
  • Производство на вино, земјоделие и прехрана и
  • Туризам, спорт и рекреација.     

Учеството на настанот е бесплатно. Со пријавување на „онлајн“-платформата, ќе имате можност подетално да се запознаете со профилите на останатите учесници, и да ги договорите деловните средби. Официјални јазици на настанот се англиски, босански, хрватски и српски.    

Регистрацијата е отворена до 22 јули 2021 година на следниот линк:  CONNECTO 2021 | Registration

Напомена: За учество на настанот потребно е да имате: компјутер или мобилен телефон со функционална камера и микрофон. Вашите состаноци ќе се одвиваат преку веб Б2Б платформата, без потреба од дополнителен софтвер.

Подетални информации во врска со настанот можете да најдете на нивната официјална веб-страна: CONNECTO 2021 - Home

 

Пријавете се тука

Контакт лица:

Ирена Мојсовска
++ 389 2 3244009


Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 05.10.2022
ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ЦАРИНСКА ТАРИФА, НАМАЛУВАЊЕ И ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ПЛАЌАЊЕ НА ЦАРИНСКИ ДАВАЧКИ ; ЗАДОЛЖИТЕЛНА ТАРИФНА ИНФОРМАЦИЈА КАКО ПРАВНА ГАРАНЦИЈА НА БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА
Настан, 12.10.2022
„MARKETPLACE AUSTRIA FOOD AND BEVERAGES 2022“ БИЗНИС-СРЕДБА НА АВСТРИСКИ ФИРМИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ И ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ УВОЗНИЦИ НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ  
Саем, 14.10.2022
УЧЕСТВО ВО КУПУВАЧКА МИСИЈА ВО РАМКИ НА “BUILD EXPO GREECE 2022” 14-16 октомври 2022 Атина, Грција
Семинар, 14.10.2022
„Oн-лајн“ еднодневен семинар:ОПТИМИЗАЦИЈА И УРЕДУВАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО ПО 5С МЕТОДОЛОГИЈАТА
Семинар, 18.10.2022
ЗАКОНСКИТЕ ПРОПИСИ ВО КАНЦЕЛАРИСКОТО И АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ ВО СЛУЧАИ КОГА ИМАМЕ ВРЕМЕН ПРЕКИН НА РАБОТНИОТ ПРОЦЕС ВО КОМПАНИИТЕ (ИСПРАЌАЊЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ НА ПРИНУДЕН ОДМОР) И ВРАБОТУВАЊЕ СО СКРАТЕНО (НЕПОЛНО) РАБОТНО ВРЕМЕ
Семинар, 19.10.2022
НАПРЕДЕН ЕКСЕЛ ЗА АНАЛИЗА НА ПРОДАЖБАТА СО ПИВОТ ТАБЕЛИ И “ЖИВИ“ ГРАФИКОНИ
Семинар, 26.10.2022
МЕНАЏМЕНТ НА ОБРТЕН КАПИТАЛ, СТРАТЕГИИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ И ТЕХНИКИ ЗА МЕНАЏМЕНТ НА ЛИКВИДНОСТА
Форум, 03.11.2022
ПОКАНА за учество на Меѓународен виртуелен брокерски настан - VIRTUAL BROKERAGE EVENT @ INNOVATION VILLAGE 2022
Семинар, 07.11.2022
ВЕРИФИКУВАНА ПРОГРАМА - ВЕШТИНИ ЗА ВОВЕДУВАЊЕ И РАЗВОЈ НА ВРАБОТЕНИ
Саем, 16.11.2022
Покана за учество на Нордискиот саем за органска храна и на „Еколивинг Скандинавија“