Конференција 24.06.2021 - 25.06.2021 „European Logistics Innovation Day 2021” - Online конференција и билатерални деловни средби, ЕЕН Германија - ЕЕН Македонија

Online,



Стопанската комора на С. Македонија, во соработка со Германската платформа за иновации и синџири за снабдување-Стартпорт и Германската агенција за иновации и европски работи на Северна Рајна-Вестфалија, преку ЕЕН–Европската мрежа на претприемачи, Ве покануваат да учествувате на виртуелна Конференција и деловни средби European Logistics Innovation Day 2021 - Info (b2match.io), што ќе се одржи во периодот од 24-25 јуни 2021 година.

Заинтересираните компании стартапи за учество на сесиите на следните теми: IoT, зелена логистика, интелигенција на локација, нови трендови и иновации, можат да аплицираат до 15 мај 2021 на следниот линк: https://european-logistics-innovation-day-2021.b2match.io/page-3321.

На настанот пред учесниците ќе бидат презентирани искуства за тековните иновации и трендови во синџирите на снабдување и логистиката од страна на бизнис платформата IBM и Институтот на иднината од Германија, искуства од работата на терен на иновативните стартапи од цела Европа, и организирано е виртуелно вмрежување меѓу стартап компании, корпорации и инвеститори.

Преку платформата b2match однапред може да се внесат профили за пребарувања со цел да се олесни насоченото пребарување на соодветните  партнери. Средбите кои однапред ќе бидат побарани од учесниците ќе бидат закажани доколку двете страни се заинтересирани.

Учеството на настанот е бесплатно. Работен јазик е англискиот. Регистрацијата е отворена до 25 јуни 2021 година на следниот линк: https://european-logistics-innovation-day-2021.b2match.io/signup.

За присуство на настанот, препорачливо е да користите слушалки и добра веб-камера избегнувајте поврзување преку телефон.

Повеќе информации во врска со техничките подготовки, прочитајте на следниот линк: https://european-logistics-innovation-day-2021.b2match.io/page-11

Пријавете се тука

Контакт лица:

Ирена Мојсовска
++ 389 2 3244009


Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 05.10.2022
ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ЦАРИНСКА ТАРИФА, НАМАЛУВАЊЕ И ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ПЛАЌАЊЕ НА ЦАРИНСКИ ДАВАЧКИ ; ЗАДОЛЖИТЕЛНА ТАРИФНА ИНФОРМАЦИЈА КАКО ПРАВНА ГАРАНЦИЈА НА БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА
Настан, 12.10.2022
„MARKETPLACE AUSTRIA FOOD AND BEVERAGES 2022“ БИЗНИС-СРЕДБА НА АВСТРИСКИ ФИРМИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ И ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ УВОЗНИЦИ НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ  
Саем, 14.10.2022
УЧЕСТВО ВО КУПУВАЧКА МИСИЈА ВО РАМКИ НА “BUILD EXPO GREECE 2022” 14-16 октомври 2022 Атина, Грција
Семинар, 14.10.2022
„Oн-лајн“ еднодневен семинар:ОПТИМИЗАЦИЈА И УРЕДУВАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО ПО 5С МЕТОДОЛОГИЈАТА
Семинар, 18.10.2022
ЗАКОНСКИТЕ ПРОПИСИ ВО КАНЦЕЛАРИСКОТО И АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ ВО СЛУЧАИ КОГА ИМАМЕ ВРЕМЕН ПРЕКИН НА РАБОТНИОТ ПРОЦЕС ВО КОМПАНИИТЕ (ИСПРАЌАЊЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ НА ПРИНУДЕН ОДМОР) И ВРАБОТУВАЊЕ СО СКРАТЕНО (НЕПОЛНО) РАБОТНО ВРЕМЕ
Семинар, 19.10.2022
НАПРЕДЕН ЕКСЕЛ ЗА АНАЛИЗА НА ПРОДАЖБАТА СО ПИВОТ ТАБЕЛИ И “ЖИВИ“ ГРАФИКОНИ
Семинар, 26.10.2022
МЕНАЏМЕНТ НА ОБРТЕН КАПИТАЛ, СТРАТЕГИИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ И ТЕХНИКИ ЗА МЕНАЏМЕНТ НА ЛИКВИДНОСТА
Форум, 03.11.2022
ПОКАНА за учество на Меѓународен виртуелен брокерски настан - VIRTUAL BROKERAGE EVENT @ INNOVATION VILLAGE 2022
Семинар, 07.11.2022
ВЕРИФИКУВАНА ПРОГРАМА - ВЕШТИНИ ЗА ВОВЕДУВАЊЕ И РАЗВОЈ НА ВРАБОТЕНИ
Саем, 16.11.2022
Покана за учество на Нордискиот саем за органска храна и на „Еколивинг Скандинавија“