Online Бизнис средби 28.04.2021 - 30.04.2021 Виртуелен форум и билатерални деловни средби во рамки на „Moldova trade forum 2021”

„онлajн“, Молдавија



Стопанската комора на Македонија, во соработка со ЕЕН - Европската мрежа на претприемачи од Молдавија, Ве поканува да земете учество на претстојниот виртуелен форум и билатерални деловни средби во рамки на „Moldova trade forum 2021”, што ќе се одржи во периодот од 28 до 30 април 2021 година.

Во текот на изминатите 25 години, трговијата генерираше постојан глобален економски раст, повисоки нивоа на приходи и намалување на сиромаштијата. Последната година донесе невидена неизвесност во меѓународните економски односи, како и во регионалните административни ограничувања, ланците за снабдување, придонесе за голем недостатокот на суровини на локалните пазари, намален пристап на компаниите до финансиски средства, недостаток на транспортни и логистички капацитети, недоволна дигитализација на комерцијалното и финансиското работење од страна на компаниите, што резултираше со драстично намалување на приходите, бројот на вработените, па дури и банкрот на голем број на компании, особено микро, мали и средни компании.

Овогодинешниот „Moldova trade forum” има за цел да иницира дијалог со учество на сите релевантни страни (владин сектор, приватен сектор, меѓународни донаторски организации, тинк-тенк и академската заедница) за глобалните трендови во трговијата и  можните решенија за извозно ориентираните компании погодени од економската рецесија, предизвикана од коронавирусот.

За време на еднодневниот форум, ќе се реализираат неколку пленарни сесии и дводневни индивидуални билатерлани средби со производители, дистрибутери, препродавачи на производи што се занимаваат со трговија на големо и мало,  од Молдавија но и голем број на други европски земји, со цел поврзување и генерирање нови деловни контакти и можности за соработка.

На форумот ќе бидат покриени клучни теми од областа на трговијата и извозот, како што се:

  • Влијание на корона кризата врз малите и средни претпријатија и мерките за наплата;
  • Глобални трендови за трансформација на претпријатијата за ефикасен извоз;
  • Улогата на економската дипломатија во унапредувањето на извозот;
  • Поддршка за обновување на малите и средни претпријатија промовирајќи инклузивна, иновативна, зелена економија;
  • Предности на е-трговијата и дигиталната трансформација во трговските односи;
  • Решенија за интеграција на производителите на земјоделски, прехранбени и текстилни производи во глобалните синџири на вредности;
  • Најголемите трендови во продажбата на мало во 2021 година.

Сите компании, заинтересирани за учество на деловните средби, можат да се регистрираат на https://tradeforum.md/signup. Рокот за регистрација е најдоцна до 16 Април 2021 година. Учеството на настанот е бесплатно.

Откако ќе се регистрирате, ќе можете да закажете деловни состаноци, во согласност со Вашите деловни потреби.

Подетални информации во врска со настанот можете да најдете на нивната официјална веб-страница: https://tradeforum.md/.

Пријавете се тука

Контакт лица:

м-р Сања Николова
++ 389 2 3244091, M. 071 230 452


Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Работилница, 27.04.2021
ПЛАЌАЊЕ НА РАБОТАТА И МЕРКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ПЛАТАТА
Online Бизнис средби, 28.04.2021
Виртуелен форум и билатерални деловни средби во рамки на „Moldova trade forum 2021”
Online Бизнис средби, 04.05.2021
Билатерални „онлајн“ деловни средби во рамките на Самитот за безбедност „Security Summit 2021“ - 4-6 мај 2021 година
Семинар, 06.05.2021
РAБОТА СО ЕЛЕКТРОНСКИ ДОКУМЕНТИ – законска основа, практични примери и придобивки
Конференција, 11.05.2021
ONLINE МЕЃУНАРОДНА АРБИТРАЖНА КОНФЕРЕНЦИЈА „БИЗНИСОТ И АРБИТРАЖАТА ВО ЕРАТА НА ГЛОБАЛИЗАЦИЈА: ПРЕДИЗВИЦИ И ПЕРСПЕКТИВИ“
Семинар, 18.05.2021
НАПРЕДНИ ЕКСЕЛ ФУНКЦИИ ЗА АНАЛИЗА НА ПОДАТОЦИТЕ
Презентација, 18.05.2021
Бесплатна виртуелна презентација: „Иновативни решенија во областа на енергетиката и на обновливите извори на енергија на групацијата „KNESS“
Online Бизнис средби, 18.05.2021
Виртуелен Самит и деловни средби „GLOBAL INNOVATION SUMMIT 2021 ( ГЛОБАЛЕН САМИТ ЗА ИНОВАЦИИ 2021)“
Семинар, 18.05.2021
МОДЕЛИРАЊЕ, АНАЛИЗИРАЊЕ И ВИЗУЕЛИЗИРАЊЕ НА ПОДАТОЦИ СО POWER BI 
Семинар, 20.05.2021
КАКО ДА СЕ ИСКОРИСТАТ АЛАТКИТЕ ОД GOOGLE ПЛАТФОРМАТА ЗА ПОУСПЕШНО ОНЛАЈН ПРИСУСТВО И ПОДОБРО ОГЛАСУВАЊЕ(GOOGLE BUSINESS MANAGER, GOOGLE TAG MANAGER, GOOGLE ADS)
Online Бизнис средби, 25.05.2021
Саем за директни бизнис средби- “Slovak matchmaking fair 2021”
Семинар, 28.05.2021
ОРГАНИЗАЦИЈА И РЕАЛИЗАЦИЈА, НА РАБОТЕЊЕТО ВО ПИСАРНИЦАТА, УПРАВУВАЊЕ СО СПИСИТЕ И АКТИТЕ ВО СОГЛАСНОСТ СО ПОТРЕБИТЕ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА, ПРИСТАП, СЕЛЕКЦИЈА, СКЛАДИРАЊЕ, ЧУВАЊЕ И ПОНИШТУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ
Online Бизнис средби, 01.06.2021
Он-лине МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ „Textile Connect 2021 - Virtual Matchmaking“
Конференција, 24.06.2021
„Виртуелна“ конференција и билатерални деловни средби European Logistics Innovation Day 2021
Саем, 28.02.2022
Саемска манифестација: „Internatonal Food and Drink Event (IFE)“