Сите со нетрпение очекуваме да се нормализира ситуацијата и да се вратиме на добро познатиот “business as usual” во 2021 година. Но сепак, светот се промени и претприемачите ширум светот се прилагодија на новото нормално - работење на далечина.
За естонските„ е-жители“, бизнисот остана релативно непроменет за време на овие тешки времиња. Естонија е првата земја што нуди „е-престој“, дигитална идентификација издаден од владата, која им овозможува на претприемачите да основаат компанија со седиште во ЕУ и безхартиено да управуваат со истата, целосно на интернет, од каде било во светот.
Претприемачите од Западен Балкан можат целосно да го искористат највисоко рангираното деловно опкружување на Естонија и доверливите „е-услуги“, без да трошат време на бирократија.
Во насока на подетално запознавање со можностите што ги нуди „е-престојот“, Стопанската комора на Северна Македонија во соработка со Амбасадата на Естонија во Будимпешта, „1Office Group“ и тимот на „E-Residency“, Ве покануваат да земете учество на претстојниот вебинар на тема:
„E-Residency“ - Како „е-престојот“ може да им помогне на претприемачите од Западен Балкан да започнат глобален, 100% онлајн бизнис?, што ќе се одржи на 21.04.2021 (среда), во периодот од 13:30 до 15:00 часот.
На вебинарот ќе имате можност да:
- Дознаете како да ја прескокнете бирократијата, да основата и да водите компанија со седиште во ЕУ, целосно на интернет од каде било во светот;
- Како да ја проширите Вашата деловна активност на глобално ниво со стекнување на естонски „е-престој“?
- Да слушнете експерти од областа и да поставувате прашања (процесот за стекнување „е-престој“, основање на компанија, плаќање даноци, и др.
Сите заинтересирани учесници своето учество можат да го пријават на следниот линк: https://zoom.us/webinar/register/WN_9Ax0jp2PTgup4gP5FAlvqQ.
Агенда:
- Поздравно обраќање на Амбасадорката на Естонија во Унгарија, Србија, Црна Гора, Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Н.Е. Г-ѓа Кристи Карелсон
- Вовед во „е-престој“ и деловно опкружување со највисок ранг во светот, г-дин Јан Хеинсо („E-Residency“)
- Искуство за водење бизнис со користење на „е-престој“- српска „е-жителка“ Невена Софраниќ
- Даночни и правни аспекти на водење меѓународен безхартиен бизнис од далечина, г-дин Tõnis Jõgeva („1Office Group“)
- Прашања и одговори