Online Бизнис средби 18.05.2021 - 20.05.2021 Виртуелен Самит и деловни средби „GLOBAL INNOVATION SUMMIT 2021 ( ГЛОБАЛЕН САМИТ ЗА ИНОВАЦИИ 2021)“

Грац, Австрија



Стопанската комора на С. Македонија, во соработка со Австриската интернационалната мрежа за иновации Еурека преку ЕЕН–Европската мрежа на претприемачи, Ве покануваат да учествувате на виртуелен Самит и деловни средби  во рамки на настанот „GLOBAL INNOVATION SUMMIT 2021 (ГЛОБАЛЕН САМИТ ЗА ИНОВАЦИИ 2021)”, што ќе се одржи во периодот од 18-20 мај 2021 година во Грац, Виена.

Настанот претставува одлична можност за средба и деловни активности на иноватори, истражувачи и експерти коишто ќе стекнат и споделат нови знаења,  искуства и развој на нови деловни идеи, како и за остварување на меѓународни контакти за соработка и пронаоѓање нови деловни партнери во следните области на иновациите:

  •     поддршка на иновативниот развој кон зелена транзиција и значење на улогата на програмите за истражување и иновации;
  •     реконструкција на економијата и меѓународната соработка по Корона кризата и
  •     дигитална трансформација.

Учеството на настанот е бесплатно. Регистрацијата е отворена до 19.5.2021 година на следниот линк #GIS2021 - Global Innovation Summit 2021 - Welcome to #GIS2021 (b2match.io).

Планирано е настанот да се одржи со ограничено присуство на лице место и неограничено виртуелно присуство. Во зависност од постојано променливата COVID-19 регулатива за одржување на настани во живо, организаторите ќе бидат флексибилни во врска со бројот на учесници што ќе можат лично да се приклучат на настанот преку обезбедување на сите потребни безбедносни мерки за физичко присуство на учесниците.

За повеќе информации за #GIS2021 и подетална Агенда, посетете го линкот - #GIS2021 - Global Innovation Summit 2021 - Welcome to #GIS2021 (b2match.io).

Работен јазик е англиски.


Контакт лица:

Ирена Мојсовска
++ 389 2 3244009


Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Работилница, 27.04.2021
ПЛАЌАЊЕ НА РАБОТАТА И МЕРКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ПЛАТАТА
Online Бизнис средби, 28.04.2021
Виртуелен форум и билатерални деловни средби во рамки на „Moldova trade forum 2021”
Online Бизнис средби, 04.05.2021
Билатерални „онлајн“ деловни средби во рамките на Самитот за безбедност „Security Summit 2021“ - 4-6 мај 2021 година
Семинар, 06.05.2021
РAБОТА СО ЕЛЕКТРОНСКИ ДОКУМЕНТИ – законска основа, практични примери и придобивки
Конференција, 11.05.2021
ONLINE МЕЃУНАРОДНА АРБИТРАЖНА КОНФЕРЕНЦИЈА „БИЗНИСОТ И АРБИТРАЖАТА ВО ЕРАТА НА ГЛОБАЛИЗАЦИЈА: ПРЕДИЗВИЦИ И ПЕРСПЕКТИВИ“
Семинар, 18.05.2021
НАПРЕДНИ ЕКСЕЛ ФУНКЦИИ ЗА АНАЛИЗА НА ПОДАТОЦИТЕ
Презентација, 18.05.2021
Бесплатна виртуелна презентација: „Иновативни решенија во областа на енергетиката и на обновливите извори на енергија на групацијата „KNESS“
Online Бизнис средби, 18.05.2021
Виртуелен Самит и деловни средби „GLOBAL INNOVATION SUMMIT 2021 ( ГЛОБАЛЕН САМИТ ЗА ИНОВАЦИИ 2021)“
Семинар, 18.05.2021
МОДЕЛИРАЊЕ, АНАЛИЗИРАЊЕ И ВИЗУЕЛИЗИРАЊЕ НА ПОДАТОЦИ СО POWER BI 
Семинар, 20.05.2021
КАКО ДА СЕ ИСКОРИСТАТ АЛАТКИТЕ ОД GOOGLE ПЛАТФОРМАТА ЗА ПОУСПЕШНО ОНЛАЈН ПРИСУСТВО И ПОДОБРО ОГЛАСУВАЊЕ(GOOGLE BUSINESS MANAGER, GOOGLE TAG MANAGER, GOOGLE ADS)
Online Бизнис средби, 25.05.2021
Саем за директни бизнис средби- “Slovak matchmaking fair 2021”
Семинар, 28.05.2021
ОРГАНИЗАЦИЈА И РЕАЛИЗАЦИЈА, НА РАБОТЕЊЕТО ВО ПИСАРНИЦАТА, УПРАВУВАЊЕ СО СПИСИТЕ И АКТИТЕ ВО СОГЛАСНОСТ СО ПОТРЕБИТЕ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА, ПРИСТАП, СЕЛЕКЦИЈА, СКЛАДИРАЊЕ, ЧУВАЊЕ И ПОНИШТУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ
Online Бизнис средби, 01.06.2021
Он-лине МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ „Textile Connect 2021 - Virtual Matchmaking“
Конференција, 24.06.2021
„Виртуелна“ конференција и билатерални деловни средби European Logistics Innovation Day 2021
Саем, 28.02.2022
Саемска манифестација: „Internatonal Food and Drink Event (IFE)“