Стопанската комора на Северна Македонија, на 27 април 2021 година, организира еднодневна онлајн работилница на тема: „Плаќање на работата и мерки за намалување на плата“.
Целта за одржувањето на оваа работилница се пронаоѓа во изразената потреба на деловните субјекти да развијат подобро разбирање за актуелните редовни принципи на плаќање на работата, наспроти потенцијалните мерки кои можат да ги преземат во насока на намалување на платата, а со цел надминување на одредени ограничувања и потешкотии во работниот процес.
Така, во рамки на работилницата ќе се дискутира за составните елементи на платата како сложена категорија, при што ќе се посочат карактеристиките на овие елементи и ќе се дистингвира помеѓу основна плата, делот од плата за работна успешност и додатоците на плата. Во поглед на додатоците на плата, покрај нивно поединечно разгледување, ќе се разгледаат и различните категории на додатоци, односно оние кои се зависни од распоредот на работното време на работникот, наспроти оние кои се зависни од одредени услови на работа потешки од вообичаените.
Следно, ќе се дискутира за надоместоците на плата, со што ќе се објасни кога следува исплаќање на истите, а особено ќе се направи анализа и ќе се потенцираат најактуелните основи за исплаќање на надоместоци на плата, од перспектива на моменталната ситуација на вонредно работење.
Во делот за плаќање на работата, ќе се прегледаат и трошоците поврзани со работата како и основите за порамнување и задржување на исплаќањето на плата и ќе се анализираат мерките за намалување на плата кои може да се преземат во насока на надминување на потешкотиите во работењето, а заради спречување на порепресивни чекори како откажување на договорот за вработување.
ПРОГРАМА:
I. ПЛАЌАЊЕ НА РАБОТАТА
· Законска регулатива;
· Право на плата;
· Општ осврт на составните елементи на плата.
ДОДАТОЦИ НА ПЛАТА
· Додатоци кои произлегуваат од работно време: работа во смени, работа во поделено работно
време,ноќна работа, работа на дежурство, согласно со закон, продолжена работа,
работа во ден нанеделен одмор, работа во празници определени со закон, додаток за работен стаж;
· Додатоци кои произлегуваат од условите на работата.
· НАДОМЕСТОЦИ НА ПЛАТА
· Основи, пресметка и исплаќање.
II. ТРОШОЦИ ПОВРЗАНИ СО РАБОТЕЊЕТО
· Дневници за службени патувања;
· Надомест за користење на сопствен автомобил за потреби на работодавачот;
· Надомест за одвоен живот;
· Теренски додаток.
III. ПОРАМНУВАЊЕ И ЗАДРЖУВАЊЕ НА ИСПЛАЌАЊЕТО НА ПЛАТА
· Основ и услови за порамнување на побарување на работодавач со обврска за исплата на плата;
· Основ и услови за задржување на исплаќањето на плата: Административна забрана, налог за извршување врз основа на извршна исправа, претходно исплатен аванс кој сé уште не е оправдан, надомест на штета, парична казна изречена од работодавачот.
IV. МЕРКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ПЛАТА
· Договорно намалување на платата;
· Намалување на нето платата поради виша сила;
· Намалување на плата поради потешкотии во работењето.
Предавачи:
- Викторија Спасовска – Симоноска, адвокат, предавач на обуки, семинари и конференции со особен фокус на тематики од облигационото, деловното и трудовото право;
- Сашка Бошковска Богдановска, овластен ревизор, овластен сметководител и овластен проценител, со практично работно искуство во областа на ревизија, сметководство, даноци и пресметка на плати.
За сите учесници ќе биде обезбедено:
- Напатствија за приклучување на онлајн работилницата;
- Работни материјали во електронска верзија.
Сите заинтересирани за учество на оваа работилница можат да се пријават најдоцна до 22.04.2021 година.