Online Бизнис средби 25.05.2021 - 26.05.2021 Саем за директни бизнис средби- “Slovak matchmaking fair 2021”

Онлајн, Словачка



Стопанската комора на Северна Македонија во соработка со Словачката агенција за инвестиции и трговски  развој - SARIO, ве покануваат на „онлајн“ саемот за директни бизнис средби- Slovak matchmaking fair 2021 којшто ќе се одржи на 25-26 мај 2021 година.

Саемот за директни бизнис средби во организација на Словачката агенција за инвестиции и трговски развој под покровителство на Министерството за економија на Република Словачка, веќе петнаесет години по ред претставува мост за поврзување на словачки и странски компании. Овој настан на компаниите им нуди единствена можност на едно место да ги претстават своите најнови технолошки достигнувања и иновации, да разменат информации и да стапат во комуникација со нови потенцијални бизнис партнери од Словачка и од странство.

Саемот за директни бизнис средби е најголемиот деловен настан кој го организира Словачката агенција за инвестиции и трговски развој на годишно ниво и им нуди единствена можност и на малите и средни претпријатија да најдат потенцијални бизнис партнери во странство и да влезат на глобалниот пазар.

Овој меѓународен настан е наменет за:

-  реализирање билатерални средби;

-  презентации на потенцијални партнери и нивните производни капацитети;

-  создавање можности за заеднички вложувања со странски партнери;

-  следење на панел дискусии;

- полесно пронаоѓање партнери за соработка.

На овогодинешниот „онлајн“  настан  предвидени се панел дискусии на теми важни за компаниите во пост-ковид периодот како што се трансфер на технологии и знаења, диверзификација и иновации, консултации и експертиза.

Повеќе информации (агенда, услови за учество, регистрација) во врска овогодинешниот Саем за директни бизнис средби „ Slovak matchmaking fair 2021“ можете да најдете на Event | Slovak Matchmaking Fair 2021 ONLINE (sario.sk).

 Сите заинтерсирани компании своето учество можат да го пријават најдоцна до 8 мај 2021 година (сабота). За компаниите што ќе го пријават своето учество најдоцна до 5 април 2021 година, организаторите нудат спцијаленearly bird” попуст. Пријавуавањето за настанот е „онлајн“, со пополнување на пријавниот лист директно на веб-страната на организаторот, на следниот линк: Registration 1/3 « Slovak Matchmaking Fair 2021 ONLINE (sario.sk).

Агенда на настанот Пријавете се тука

Контакт лица:

м-р Сања Николова
++ 389 2 3244091, M. 071 230 452


Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Работилница, 27.04.2021
ПЛАЌАЊЕ НА РАБОТАТА И МЕРКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ПЛАТАТА
Online Бизнис средби, 28.04.2021
Виртуелен форум и билатерални деловни средби во рамки на „Moldova trade forum 2021”
Online Бизнис средби, 04.05.2021
Билатерални „онлајн“ деловни средби во рамките на Самитот за безбедност „Security Summit 2021“ - 4-6 мај 2021 година
Семинар, 06.05.2021
РAБОТА СО ЕЛЕКТРОНСКИ ДОКУМЕНТИ – законска основа, практични примери и придобивки
Конференција, 11.05.2021
ONLINE МЕЃУНАРОДНА АРБИТРАЖНА КОНФЕРЕНЦИЈА „БИЗНИСОТ И АРБИТРАЖАТА ВО ЕРАТА НА ГЛОБАЛИЗАЦИЈА: ПРЕДИЗВИЦИ И ПЕРСПЕКТИВИ“
Семинар, 18.05.2021
НАПРЕДНИ ЕКСЕЛ ФУНКЦИИ ЗА АНАЛИЗА НА ПОДАТОЦИТЕ
Презентација, 18.05.2021
Бесплатна виртуелна презентација: „Иновативни решенија во областа на енергетиката и на обновливите извори на енергија на групацијата „KNESS“
Online Бизнис средби, 18.05.2021
Виртуелен Самит и деловни средби „GLOBAL INNOVATION SUMMIT 2021 ( ГЛОБАЛЕН САМИТ ЗА ИНОВАЦИИ 2021)“
Семинар, 18.05.2021
МОДЕЛИРАЊЕ, АНАЛИЗИРАЊЕ И ВИЗУЕЛИЗИРАЊЕ НА ПОДАТОЦИ СО POWER BI 
Семинар, 20.05.2021
КАКО ДА СЕ ИСКОРИСТАТ АЛАТКИТЕ ОД GOOGLE ПЛАТФОРМАТА ЗА ПОУСПЕШНО ОНЛАЈН ПРИСУСТВО И ПОДОБРО ОГЛАСУВАЊЕ(GOOGLE BUSINESS MANAGER, GOOGLE TAG MANAGER, GOOGLE ADS)
Online Бизнис средби, 25.05.2021
Саем за директни бизнис средби- “Slovak matchmaking fair 2021”
Семинар, 28.05.2021
ОРГАНИЗАЦИЈА И РЕАЛИЗАЦИЈА, НА РАБОТЕЊЕТО ВО ПИСАРНИЦАТА, УПРАВУВАЊЕ СО СПИСИТЕ И АКТИТЕ ВО СОГЛАСНОСТ СО ПОТРЕБИТЕ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА, ПРИСТАП, СЕЛЕКЦИЈА, СКЛАДИРАЊЕ, ЧУВАЊЕ И ПОНИШТУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ
Online Бизнис средби, 01.06.2021
Он-лине МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ „Textile Connect 2021 - Virtual Matchmaking“
Конференција, 24.06.2021
„Виртуелна“ конференција и билатерални деловни средби European Logistics Innovation Day 2021
Саем, 28.02.2022
Саемска манифестација: „Internatonal Food and Drink Event (IFE)“