Семинар 21.04.2021 MARKETING MIND GAMES – ПСИХОЛОГИЈАТА ВО МАРКЕТИНГОТ – СОВЕТИ И ТЕХНИКИ

„онлајн“-семинар 10:00-13:00 часот



Интерактивниот „онлајн“ семинар „Marketing Mind games – психологијата во маркетингот – совети и техники“ има цел да ги прикаже врската меѓу психологијата и маркетингот, неопходноста од нивно поврзување и разбирање на двете дисциплини, како и ефикасноста до која може да доведе нивното правилно изучување. Само преку јасно разбирање на публиката, како и на нејзините интереси, потреби и стравови лицата од маркетингот можат да креираат персонализирана содржина, која во денешно време е единствениот начин да се оствари долгорочен контакт со публиката, кој ќе доведе до продажби. Испитувањето на однесувањето на потрошувачите, нивниот процес на размислување и начинот на одлучување се значајни сегменти во креирањето ефикасна маркетинг-стратегија. 

На семинарот ќе бидат претставени пристапи за подобро препознавање и за разбирање на целната публика, за приспособување на комуникацијата на нивните потреби и интереси, како и докажани техники кои можат да придонесат за зголемување на интересот за интеракција со брендот и за купување.

Овој семинар е наменет за претставници од маркетинг-секторите во компаниите, како и за лица задолжени за екстерна комуникација. Не е потребно претходно искуство или познавање на тематиката. Програмата е приспособена за почетници.

ПРОГРАМА:

ПРВ ДЕЛ: Психологијата во маркетингот
- Потреба од психологијата во маркетингот
  • Запознавање на пазарот
  • Разбирање на публиката
  • Насочување на однесувањето на публиката

ВТОР ДЕЛ: Однесување на публиката/потрошувачите
- Клучни принципи на однесувањето на потрошувачите
  • Избор на производ
  • Интеракција со бренд
  • Одлука за купување

- Потреба за развој на таргет-персони
  • Дефинирање таргет-персони
  • Потреба од таргет-персони
  • Примена на таргет-персони
  • Примери на таргет-персони

ТРЕТ ДЕЛ: Marketing mind games – тактики базирани на однесувањето на потрошувачите
- Најчесто користени тактики
  • Запознавање со концепти
  • Примена на концепти
  • Претставување студии (случаи)
  • Процес на спроведување на концептите

Предавач:   
Ива Дујак
e доктор на науки од областа на маркетингот, со специјализација во областа на дигиталниот маркетинг. Партнер и технички директор на маркетинг-агенцијата Brand Union, каде што е задолжена за стратешки развој и за комуникација на голем број локални интернационални брендови. Организатор на Creative Talks Mk, со искуство во предавањето на тема маркетинг и дигитален маркетинг на Економскиот факултет – Скопје, Економски факултет – Прилеп, како и на голем број невладини организации и академии.

За сите учесници ќе бидат обезбедени:    
- упатства за приклучување на „онлајн“-семинарот
- работни материјали во електронска верзија и
- eлектронски сертификат за учество на семинарот.    

Сите заинтересирани за учество на овoj „онлајн“-семинар можат да се пријават најдоцна до 16.4.2021 година.

Агенда на настанот Пријавен лист

Контакт лица:

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Работилница, 27.04.2021
ПЛАЌАЊЕ НА РАБОТАТА И МЕРКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ПЛАТАТА
Online Бизнис средби, 28.04.2021
Виртуелен форум и билатерални деловни средби во рамки на „Moldova trade forum 2021”
Online Бизнис средби, 04.05.2021
Билатерални „онлајн“ деловни средби во рамките на Самитот за безбедност „Security Summit 2021“ - 4-6 мај 2021 година
Семинар, 06.05.2021
РAБОТА СО ЕЛЕКТРОНСКИ ДОКУМЕНТИ – законска основа, практични примери и придобивки
Конференција, 11.05.2021
ONLINE МЕЃУНАРОДНА АРБИТРАЖНА КОНФЕРЕНЦИЈА „БИЗНИСОТ И АРБИТРАЖАТА ВО ЕРАТА НА ГЛОБАЛИЗАЦИЈА: ПРЕДИЗВИЦИ И ПЕРСПЕКТИВИ“
Семинар, 18.05.2021
НАПРЕДНИ ЕКСЕЛ ФУНКЦИИ ЗА АНАЛИЗА НА ПОДАТОЦИТЕ
Презентација, 18.05.2021
Бесплатна виртуелна презентација: „Иновативни решенија во областа на енергетиката и на обновливите извори на енергија на групацијата „KNESS“
Online Бизнис средби, 18.05.2021
Виртуелен Самит и деловни средби „GLOBAL INNOVATION SUMMIT 2021 ( ГЛОБАЛЕН САМИТ ЗА ИНОВАЦИИ 2021)“
Семинар, 18.05.2021
МОДЕЛИРАЊЕ, АНАЛИЗИРАЊЕ И ВИЗУЕЛИЗИРАЊЕ НА ПОДАТОЦИ СО POWER BI 
Семинар, 20.05.2021
КАКО ДА СЕ ИСКОРИСТАТ АЛАТКИТЕ ОД GOOGLE ПЛАТФОРМАТА ЗА ПОУСПЕШНО ОНЛАЈН ПРИСУСТВО И ПОДОБРО ОГЛАСУВАЊЕ(GOOGLE BUSINESS MANAGER, GOOGLE TAG MANAGER, GOOGLE ADS)
Online Бизнис средби, 25.05.2021
Саем за директни бизнис средби- “Slovak matchmaking fair 2021”
Семинар, 28.05.2021
ОРГАНИЗАЦИЈА И РЕАЛИЗАЦИЈА, НА РАБОТЕЊЕТО ВО ПИСАРНИЦАТА, УПРАВУВАЊЕ СО СПИСИТЕ И АКТИТЕ ВО СОГЛАСНОСТ СО ПОТРЕБИТЕ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА, ПРИСТАП, СЕЛЕКЦИЈА, СКЛАДИРАЊЕ, ЧУВАЊЕ И ПОНИШТУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ
Online Бизнис средби, 01.06.2021
Он-лине МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ „Textile Connect 2021 - Virtual Matchmaking“
Конференција, 24.06.2021
„Виртуелна“ конференција и билатерални деловни средби European Logistics Innovation Day 2021
Саем, 28.02.2022
Саемска манифестација: „Internatonal Food and Drink Event (IFE)“