Семинар 21.04.2021 НАПРЕДНИ ЕКСЕЛ ФУНКЦИИ ЗА АНАЛИЗА НА ПОДАТОЦИТЕ - Правила, логички функции, IF, AND & OR функции, LOOKUP и консолидација -

„онлајн“-семинар 10:00-14:00 часот



Напредните алатки на Ексел, како што се работа со правила, логички функции, IF, AND и OR функции, INDEX и MATCH функции, DATE функции, LOOKUP функции, DATABASE функции, работа со апсолутни и релативни референци, консолидација на податоците спаѓаат во најважните и најчесто користените алатки во деловното планирање, макро и микроекономската анализа и носењето на одлуки. 
Во свет во кој сме постојано опкружени со податоци, бројки, трендови и статистики, неопходно е да ги разбираме и да бидеме способни да ги користиме напредните ексел функции, бидејќи тие се дел од најважните алатки за носење на деловни одлуки.

Обуката е наменета за сите оние коишти сакаат да научат како да:
- Лесно анализираат големи бази на податоци во Ексел;
- Лесно средуваат нумерички и текстуални информации во Ексел;
- Препознаваат ситуации во кои примената на напредни Ексел алатки може да помогне во процесот на одлучување; 
- Да спроведуваат едноставна анализа во пракса користејќи MS Excel и на тој начин да издвојуваат дополнителни информации од собраните податоци; 
- Интерпретираат различни нумерички податоци прикажани во деловните извештаи или критички да пристапат во вреднувањето на статистичките податоци пред носењето на деловни одлуки.

Содржина на обуката:
- Консолидација на податоците;
- Брзи формати за внесување на податоци во Ексел;
- Користење на логички функции;
- Koристење на напредни IF функции;
- Користење на правила и напредни правила;
- Работа со сите видови на графикони и нивно форматирање.

На основа на “живи“ примери се објаснуваат опциите во Excel:
• INDEX & MATCH;
• Logical functions;
• IF Functions;
• AND Functions;
• OR Functions;
• IF, AND & OR Functions;
• 3D Functions;
• DATE functions;
• Charts;
• Design Charts;
• Conditional Formatting;
• Advanced CF techniques;
• Consolidation;
• COUNTIF, COUNTIFS;
• SUMIF, SUMIFS;
• LOOKUP functions;
• HLOOKUP;
• VLOOKUP;
• Data Base functions (DSUM, DAVERAGE, DCOUNT, DMIN, DMAX);
• Tips & tricks (трикови).

Краен резултат: Максимално забрзување на изготвување на анализи!

Предавач:
Проф. д-р Зоран Ивановски
, редовен професор на Eкономскиот факултет при Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, реномиран регионален стручњак од областа на финансискиот менаџмент и предавач со долгогодишно искуство во земјата и странство. Во својата долгогодишна универзитетска кариера бил на раководни факултетски и универзитетски позиции како Ректор на Европскиот универзитет – Република Македонија, Проректор на Европскиот универзитет – Република Македонија и Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, декан на Економски факултет при Европскиот универзитет – Република Македонија, визитинг професор на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, Универзитетот “Свети Апостол Павле“ во Охрид и на Економскиот факултет на Универзитетот во Валенсија, Шпанија. Покрај универзитетската кариера предава на обуките за брокери и за инвестициски советници организирани од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија. Успешно раководи со првата бизнис клиника во нашата земја “Business Clinic DB”.
Повеќе од 20 години реализира обуки за бизнис секторот во земјата и во странство.
Автор е на голем број универзитетски учебници и научни трудови објавени во списанија индексирани во реномирани бази на податоци. 

За сите учесници ќе биде обезбедено:
- Инструкции за приклучување на онлајн-работилницата;
- Работни материјали во електронска верзија и
- Сертификат во електронска верзија.

Сите заинтересирани за учество на оваа работилница можат да се пријават најдоцна до 16.04.2021 година.

Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Работилница, 27.04.2021
ПЛАЌАЊЕ НА РАБОТАТА И МЕРКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ПЛАТАТА
Online Бизнис средби, 28.04.2021
Виртуелен форум и билатерални деловни средби во рамки на „Moldova trade forum 2021”
Online Бизнис средби, 04.05.2021
Билатерални „онлајн“ деловни средби во рамките на Самитот за безбедност „Security Summit 2021“ - 4-6 мај 2021 година
Семинар, 06.05.2021
РAБОТА СО ЕЛЕКТРОНСКИ ДОКУМЕНТИ – законска основа, практични примери и придобивки
Конференција, 11.05.2021
ONLINE МЕЃУНАРОДНА АРБИТРАЖНА КОНФЕРЕНЦИЈА „БИЗНИСОТ И АРБИТРАЖАТА ВО ЕРАТА НА ГЛОБАЛИЗАЦИЈА: ПРЕДИЗВИЦИ И ПЕРСПЕКТИВИ“
Семинар, 18.05.2021
НАПРЕДНИ ЕКСЕЛ ФУНКЦИИ ЗА АНАЛИЗА НА ПОДАТОЦИТЕ
Презентација, 18.05.2021
Бесплатна виртуелна презентација: „Иновативни решенија во областа на енергетиката и на обновливите извори на енергија на групацијата „KNESS“
Online Бизнис средби, 18.05.2021
Виртуелен Самит и деловни средби „GLOBAL INNOVATION SUMMIT 2021 ( ГЛОБАЛЕН САМИТ ЗА ИНОВАЦИИ 2021)“
Семинар, 18.05.2021
МОДЕЛИРАЊЕ, АНАЛИЗИРАЊЕ И ВИЗУЕЛИЗИРАЊЕ НА ПОДАТОЦИ СО POWER BI 
Семинар, 20.05.2021
КАКО ДА СЕ ИСКОРИСТАТ АЛАТКИТЕ ОД GOOGLE ПЛАТФОРМАТА ЗА ПОУСПЕШНО ОНЛАЈН ПРИСУСТВО И ПОДОБРО ОГЛАСУВАЊЕ(GOOGLE BUSINESS MANAGER, GOOGLE TAG MANAGER, GOOGLE ADS)
Online Бизнис средби, 25.05.2021
Саем за директни бизнис средби- “Slovak matchmaking fair 2021”
Семинар, 28.05.2021
ОРГАНИЗАЦИЈА И РЕАЛИЗАЦИЈА, НА РАБОТЕЊЕТО ВО ПИСАРНИЦАТА, УПРАВУВАЊЕ СО СПИСИТЕ И АКТИТЕ ВО СОГЛАСНОСТ СО ПОТРЕБИТЕ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА, ПРИСТАП, СЕЛЕКЦИЈА, СКЛАДИРАЊЕ, ЧУВАЊЕ И ПОНИШТУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ
Online Бизнис средби, 01.06.2021
Он-лине МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ „Textile Connect 2021 - Virtual Matchmaking“
Конференција, 24.06.2021
„Виртуелна“ конференција и билатерални деловни средби European Logistics Innovation Day 2021
Саем, 28.02.2022
Саемска манифестација: „Internatonal Food and Drink Event (IFE)“