Online Бизнис средби 23.03.2021 - 24.03.2021 On-line конференција и виртуелни деловни средби „FUTURE OF BUILDING “

„онлјан“, Австрија



Стопанската комора на Македонија, во соработка со Стопанската комора на Австрија преку ЕЕН–Европската мрежа на претприемачи, Ве покануваат да учествувате на on – line конференција и виртуелни деловни средби во рамки на настанот „FUTURE OF BUILDING (ИДНИНАТА НА ГРАДЕЖНИОТ СЕКТОР), што ќе се одржи на 23 и 24 март 2021 година.

 Учесниците на настанот ќе имаат единствена можност да стекнат нови знаења за најновите технологии и градежни материјали, да разменат идеи и искуства на актуелни теми, како и да остварат меѓународни контакти за соработка и да пронајдат нови деловни партнери во следните области на градежништвото:

  • паметни градови (smart cities), модерно урбанистичко планирање;

  • интелигентни згради;

  • нови градежни методи и роботика;

  • нови градежни материјали / компоненти и склопови;

  • енергетска ефикасност (нула, плус, пасивни куќи);

  • одржлива и зелена архитектура;

  • дрвени градежни конструкции;

  • природни материјали со нулта емисија;

  • патишта и тунели, сообраќајна инфраструктура;

  • интелигентна и домашна автоматизација;

  • дигитализација BIM и VR;

  • модерно реновирање на градот;

  • социјално и достапно домување.   

Учеството на настанот е бесплатно.

Програмата и дополнителни информации, како и линкот за електронска регистрација се достапни на следната веб страна: https://fob2021.b2match.io/. Регистрацијата трае до 18.3.2021 година.

Работен јазик е англиски.

Напомена: Пријавувањето не значи потврдено учество. По разгледување на доставените пријави, учесниците ќе добијат потврда за учество од организаторот.

Пријавете се тука

Контакт лица:

М-р Нена Николовска
++ 389 2 3244054

Ирена Мојсовска
++ 389 2 3244009

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Работилница, 27.04.2021
ПЛАЌАЊЕ НА РАБОТАТА И МЕРКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ПЛАТАТА
Online Бизнис средби, 28.04.2021
Виртуелен форум и билатерални деловни средби во рамки на „Moldova trade forum 2021”
Online Бизнис средби, 04.05.2021
Билатерални „онлајн“ деловни средби во рамките на Самитот за безбедност „Security Summit 2021“ - 4-6 мај 2021 година
Семинар, 06.05.2021
РAБОТА СО ЕЛЕКТРОНСКИ ДОКУМЕНТИ – законска основа, практични примери и придобивки
Конференција, 11.05.2021
ONLINE МЕЃУНАРОДНА АРБИТРАЖНА КОНФЕРЕНЦИЈА „БИЗНИСОТ И АРБИТРАЖАТА ВО ЕРАТА НА ГЛОБАЛИЗАЦИЈА: ПРЕДИЗВИЦИ И ПЕРСПЕКТИВИ“
Семинар, 18.05.2021
Напредни Ексел функции за анализа на податоците
Презентација, 18.05.2021
Бесплатна виртуелна презентација: „Иновативни решенија во областа на енергетиката и на обновливите извори на енергија на групацијата „KNESS“
Online Бизнис средби, 18.05.2021
Виртуелен Самит и деловни средби „GLOBAL INNOVATION SUMMIT 2021 ( ГЛОБАЛЕН САМИТ ЗА ИНОВАЦИИ 2021)“
Семинар, 18.05.2021
МОДЕЛИРАЊЕ, АНАЛИЗИРАЊЕ И ВИЗУЕЛИЗИРАЊЕ НА ПОДАТОЦИ СО POWER BI 
Online Бизнис средби, 25.05.2021
Саем за директни бизнис средби- “Slovak matchmaking fair 2021”
Семинар, 28.05.2021
Организација и реализација, на работењето во писарницата, управување со списите и актите во согласност со потребите на организацијата, пристап, селекција, складирање, чување и поништување на документи
Online Бизнис средби, 01.06.2021
Он-лине МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ „Textile Connect 2021 - Virtual Matchmaking“
Саем, 28.02.2022
Саемска манифестација: „Internatonal Food and Drink Event (IFE)“