Работилница 30.03.2021 ОСНОВИ ЗА ОТСУСТВО ОД РАБОТА СО И БЕЗ НАДОМЕСТОК НА ПЛАТА

Онлајн семинар



Стопанската комора на Македонија, на 30 март 2021 година, организира еднодневна онлајн работилница на тема: „Основи за отсуство од работа со и без надоместок на плата“. 
Иако изминатиот период, кој беше одбележан со брзи регулативни промени, донесе бројни дилеми по однос на многу аспекти од работењето, можеби како најистакнати се наметнаа прашањата за отсуство на работниците од работа со и без надоместок на плата. Со цел да понуди комплетена анализа во насока на надминување на ваквите дилеми, оваа работилница ќе ги разгледа најчестите основи за отсуство од работа.
Почнувајќи од користењето на годишниот одмор, на работилнцата ќе се разговара за најчестите проблеми со кои се соочуваат работодавачите и работниците во поглед на овој институт. 
Потоа, како особено актуелно прашање, ќе се разгледа отсуството од работа поради боледување. Во рамки на оваа тема, ќе се дискутира за главните прашање: во кои случаи може да стане збор за боледување, кој е исплаќач на надоместокот на плата и како се одредува таквиот надоместок. Особено внимание ќе се посвети на боледувањето поради КОВИД-19, при што ќе се дистингвира помеѓу ситуациите кога постои можност за користење на боледување од страна на работниците кои се директно или индиректно засегнати од вирусот. Конечно, ќе се развие дискусија за отсуството на бремените работнички кои се ослободени од работа со физичко присуство, како и за отсуството поради бременост, раѓање и мајчинство.
Во рамки на работилницата, интерактивно ќе се објасни и институтот привремен принуден одмор, преку преглед на условите и модалитетите за негово спроведување.
Крајно, ќе се посочат останатите основи за платено отсуство од работа, а ќе се разгледа и поимот на неплатеното отсуство.


ПРОГРАМА

I.    ГОДИШЕН ОДМОР
-    Право на годишен одмор;
-    Определување за секој вработен одделно;
-    Стекнување право за цел годишен одмор;
-    Пропорционален дел од годишен одмор;
-    Користење годишен одмор во редовни наспроти вонредни околности;
-    Потврда за искористен годишен одмор;
-    Надоместок за неискористен годишен одмор;
-    Надоместок на плата за време на отсуство поради користење годишен одмор.

II.   БОЛЕДУВАЊЕ
-    Законска регулатива;
-    Боледување на товар на работодавач;
-    Боледување на товар на Фонд за здравствено осигурување;
-    Надомест на плата и услови за негова пресметка и исплаќање;
-    Боледување на лица кои не се враќаат на работа по престанок на привремени мерки на Владата.

ОСНОВИ ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ПОРАДИ КОВИД-19
·    Лица со позитивен тест и со симптоми, лица со позитивен тест, но без симптоми, лица во самоизолација поради спречување ширење на зараза.

ОТСУСТВО НА БРЕМЕНИ РАБОТНИЧКИ ОД РАБОТА ПОРАДИ КОВИД-19
-    Ослободување од работа со физичко присуство.

БРЕМЕНОСТ, РАЃАЊЕ И МАЈЧИНСТВО
-    Основ за платено отсуство;
-    Висина и исплаќач на надоместокот на плата;
-    Времетраење на отсуство.

III.    ПРИВРЕМЕН ПРИНУДЕН ОДМОР (ППО) СО НАДОМЕСТОК НА ПЛАТА
-    Акти врз основа на кои се организира ППО;
-    Програма за надминување на потешкотиите во работењето на субјектот;
-    Одлука за организирање на ППО;
-    План за спроведување (упатување) на ППО;
-    Решение (одлука) за ППО за секој работник одделно;
-    Критериуми за упатување на ППО;
-    Престанување на ППО;
-    Право на надоместок на плата за време на ППО.

IV.    ДРУГИ ПЛАТЕНИ ОТСУСТВА
-    Склучување на брак, склучување брак на дете, раѓање или посвојувуање дете, смрт на сопружник или дете, смрт на родител, брат, сестра, смрт на родител на сопружник, смрт на дедо или баба, полагање на стручен или друг испит за потребите на работодавачот, елементарни непогоди.

V.    НЕПЛАТЕНО ОТСУСТВО
-    Правни основи за користење неплатено отсуство;
-    Мирување на правата од работен однос;
-    Акти за реализирање на неплатено отсуство.

   Предавач: 
-    Викторија Спасовска – Симоноска, предавач на обуки, семинари и конференции
     со особен фокус на   тематики од облигационото, деловното и трудовото право.
   
За сите учесници ќе биде обезбедено:
-    Напатствија за приклучување на онлајн работилницата;
-    Работни материјали во електронска верзија.

Сите заинтересирани за учество на оваа работилница можат да се пријават најдоцна до 26.03.2021 година.
 

Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Работилница, 27.04.2021
ПЛАЌАЊЕ НА РАБОТАТА И МЕРКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ПЛАТАТА
Online Бизнис средби, 28.04.2021
Виртуелен форум и билатерални деловни средби во рамки на „Moldova trade forum 2021”
Online Бизнис средби, 04.05.2021
Билатерални „онлајн“ деловни средби во рамките на Самитот за безбедност „Security Summit 2021“ - 4-6 мај 2021 година
Семинар, 06.05.2021
РAБОТА СО ЕЛЕКТРОНСКИ ДОКУМЕНТИ – законска основа, практични примери и придобивки
Конференција, 11.05.2021
ONLINE МЕЃУНАРОДНА АРБИТРАЖНА КОНФЕРЕНЦИЈА „БИЗНИСОТ И АРБИТРАЖАТА ВО ЕРАТА НА ГЛОБАЛИЗАЦИЈА: ПРЕДИЗВИЦИ И ПЕРСПЕКТИВИ“
Семинар, 18.05.2021
Напредни Ексел функции за анализа на податоците
Презентација, 18.05.2021
Бесплатна виртуелна презентација: „Иновативни решенија во областа на енергетиката и на обновливите извори на енергија на групацијата „KNESS“
Online Бизнис средби, 18.05.2021
Виртуелен Самит и деловни средби „GLOBAL INNOVATION SUMMIT 2021 ( ГЛОБАЛЕН САМИТ ЗА ИНОВАЦИИ 2021)“
Семинар, 18.05.2021
МОДЕЛИРАЊЕ, АНАЛИЗИРАЊЕ И ВИЗУЕЛИЗИРАЊЕ НА ПОДАТОЦИ СО POWER BI 
Online Бизнис средби, 25.05.2021
Саем за директни бизнис средби- “Slovak matchmaking fair 2021”
Семинар, 28.05.2021
Организација и реализација, на работењето во писарницата, управување со списите и актите во согласност со потребите на организацијата, пристап, селекција, складирање, чување и поништување на документи
Online Бизнис средби, 01.06.2021
Он-лине МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ „Textile Connect 2021 - Virtual Matchmaking“
Саем, 28.02.2022
Саемска манифестација: „Internatonal Food and Drink Event (IFE)“