Работилница 18.03.2021 ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС

Онлајн семинар



Стопанската комора на Македонија, на 18 март 2021 година, организира еднодневна онлајн работилница на тема: „Престанок на работниот однос“.
Како една од темите која секогаш е подложна на креирање бројни дилеми и несигурности како за работодавачите, така и за работниците, анализата на основите за престанокот на работниот однос навистина претставува голем потфат.
Во рамки на оваа работилница, ќе се дискутира за законската поставеност на престанокот на работниот однос, при што почнувајќи од начините за престанување на договорот за вработување, па сé до интрикантноста на отказот, ќе се разглобат сите поединости на институот.
Така, ќе се разговара за спогодбен престанок на работниот однос, наспроти неговиот престанок по волја на една од договорните страни преку отказ од страна на работникот или од страна на работодавачот. Во поглед на отказот од работодавачот, особено ќе се анализираат основите за отказот, групирани во три големи категории: лични причини, причини на вина и деловни причини. 
Понатаму, ќе се развие дискусија и по однос на прашањата за отказните рокови, суспензијата од работа, како и паричната казна наместо отказ.
Работилницата ќе биде особено насочена кон севкупно информирање на слушателите за сите аспекти на дисциплинската постапка, условите и методите за нејзино спроведување, последователните дејствија по нејзиното заклучување, а ќе биде потенцирана и важноста од подготовката и примената на интерен акт за дисциплинска постапка. 
Во насока на заокружување на правната поставеност на темата, ќе се дискутира и за некои од останатите законски предвидени основи за престанок на договорот за вработување.

ПРОГРАМА

I.    НАЧИНИ НА ПРЕСТАНУВАЊЕ НА ВАЖНОСТА НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ 
·    Престанување на важноста на договорот за вработување на определено работно време;
·    Престанување на важноста на договорот за вработување поради смрт на работникот, односно
     работодавачот (физичко лице);
·    Престанување на важноста на договорот за вработување поради поведување постапка за престанок на
     работодавачот.

·    РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ СО СПОГОДБА

II.    ОТКАЖУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ СО ОТКАЗ ОД СТРАНА НА РАБОТНИКОТ И
       РАБОТОДАВАЧОТ

·    Дозволеност, причина и обврска за докажување на основ за отказ;
·    Форма, содржина и врачување на отказ;
·    Основани и неосновани причини за отказ;
·    Понуда на нов променет договор пред отказ.

·    ЛИЧНИ ПРИЧИНИ
·    Постапка пред и за време на откажување на договорот за вработување од лични причини на
     страна на работникот;
·    Услови.

·    ПРИЧИНИ НА ВИНА
·    Откажување на договорот за вработување поради кршење на работниот ред и дисциплина или
     работните обврски со и без отказен рок.

·    ДЕЛОВНИ ПРИЧИНИ
·    Права и обврски во случај на отказ од деловни причини;
·    Испратнина.

III.    ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС
·    Отстранување од работа од кај работодавачот до донесување на одлука за отказ на договорот за
     вработување;
·    Парична казна;
·    Форма и донесувач на одлуката за откажување на договорот за вработување, односно на
    одлуката за  паричната казна.

·    ОТКАЗНИ РОКОВИ
·    Отказни рокови: минимални отказни рокови, течење на отказен рок, паричен надоместок наместо
     отказен рок;
·    Права и обврски на страните за време на отказниот рок;
·    Други основи за престанок на договорот за вработување.

·    ПРИГОВОР ПРОТИВ ОДЛУКА ЗА ОТКАЖУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ СО И БЕЗ
     ОТКАЗЕН РОК.

·    ЗАСТАРЕНОСТ.

·    ДРУГИ ОСНОВИ ЗА ПРЕСТАНОК НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
·    Отказ од работодавачот и работникот поради причини во чл. 99 и чл. 100 од ЗРО, судска пресуда,
      возраст на рабоникот.

IV.  ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА
·    Законска регулатива;
·    Основи и услови за спроведување дисциплинска постапка – кршење на работен ред и дисциплина.

·    ПОДГОТОВКА НА ИНТЕРЕН АКТ ЗА СПРОВЕДВАЊЕ НА ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА
·    Елементи на интениот акт;
·    Услови, начин и претпоставки за спроведување дисциплинска постапка.

·    ДИСКУСИЈА

   Предавачи: 
-    Викторија Спасовска – Симоноска, адвокат, предавач на обуки, семинари и конференции со особен
     фокус на тематики од облигационото, деловното и трудовото право;
-    Злате Стојановски, Државен советник при Државниот инспекторат за труд.

За сите учесници ќе биде обезбедено:
-    Напатствија за приклучување на онлајн работилницата и
-    Работни материјали во електронска верзија.

Сите заинтересирани за учество на оваа работилница можат да се пријават најдоцна до 16.03.2021 година.
 

Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Работилница, 27.04.2021
ПЛАЌАЊЕ НА РАБОТАТА И МЕРКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ПЛАТАТА
Online Бизнис средби, 28.04.2021
Виртуелен форум и билатерални деловни средби во рамки на „Moldova trade forum 2021”
Online Бизнис средби, 04.05.2021
Билатерални „онлајн“ деловни средби во рамките на Самитот за безбедност „Security Summit 2021“ - 4-6 мај 2021 година
Семинар, 06.05.2021
РAБОТА СО ЕЛЕКТРОНСКИ ДОКУМЕНТИ – законска основа, практични примери и придобивки
Конференција, 11.05.2021
ONLINE МЕЃУНАРОДНА АРБИТРАЖНА КОНФЕРЕНЦИЈА „БИЗНИСОТ И АРБИТРАЖАТА ВО ЕРАТА НА ГЛОБАЛИЗАЦИЈА: ПРЕДИЗВИЦИ И ПЕРСПЕКТИВИ“
Семинар, 18.05.2021
Напредни Ексел функции за анализа на податоците
Презентација, 18.05.2021
Бесплатна виртуелна презентација: „Иновативни решенија во областа на енергетиката и на обновливите извори на енергија на групацијата „KNESS“
Online Бизнис средби, 18.05.2021
Виртуелен Самит и деловни средби „GLOBAL INNOVATION SUMMIT 2021 ( ГЛОБАЛЕН САМИТ ЗА ИНОВАЦИИ 2021)“
Семинар, 18.05.2021
МОДЕЛИРАЊЕ, АНАЛИЗИРАЊЕ И ВИЗУЕЛИЗИРАЊЕ НА ПОДАТОЦИ СО POWER BI 
Online Бизнис средби, 25.05.2021
Саем за директни бизнис средби- “Slovak matchmaking fair 2021”
Семинар, 28.05.2021
Организација и реализација, на работењето во писарницата, управување со списите и актите во согласност со потребите на организацијата, пристап, селекција, складирање, чување и поништување на документи
Online Бизнис средби, 01.06.2021
Он-лине МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ „Textile Connect 2021 - Virtual Matchmaking“
Саем, 28.02.2022
Саемска манифестација: „Internatonal Food and Drink Event (IFE)“