Стопанската комора на Македонија, во соработка со Сараевската регионална развојна агенција (SERDA) во рамки на Европската мрежа на претприемачи (EEN), Ве покануваат да земете учество на претстојните Билатерални деловни средби во рамките на Самитот за безбедност „Security Summit 2021“, што ќе се одржат „онлајн“ од 4 до 6 мај 2021 година.
Самитот за безбедност „Security Summit 2021“ има за цел на едно место да ги собере професионалците и експертите од индустријата за безбедност, заштита и IoT од регионот, како и од цела Европа.
И оваа година, како и лани, Самитот за безбедност е наменет за сите производители, дистрибутери, системски интегратори, инсталатери и менаџери на проекти, менаџери за безбедност, сопственици на мали и средни претпријатија, претставници на владини агенции за безбедност кои ги покриваат следниве области:
- Паметни решенија
- Мобилност
- Сајбер безбедност
- ИКТ, ИОТ и автоматизација
- Безбедност
- Обука и едукација
Програмата за вмрежување ги поддржува компаниите и им нуди можност за меѓународно поврзување со идни партнери и соработници.
Во рамките на Самитот, деловните средби ќе се реализираат „онлајн“, во периодот од 9:00 часот наутро до 17:00 часот попладне, почнувајќи од 4 до 6 мај 2021 година.
Сите заинтересирани за учество на деловните средби, можат да се регистрираат на следниот линк https://pro.connect2bnet.com/signup , а доколку сте претходно регистрирани од минатата година, можете со својата лозинка и paasword да се логирате без повторно да се регистрирате.
Рокот за регистрација и избор на компании за деловни средби е до 3 мај 2021 година. Учеството на настанот е бесплатно.
Agenda 2021 – Security Summit 2020, https://vsecuritysummit.com/agenda
Агенда во прилог: 4 - 6 мај 2020 година
09:00 - 17:00 часот Б2Б средби
11:00 - 13:00 часот Главни предавања
13:00 - 14:30 часот Презентации на проекти
13:00 - 17:00 часот Семинари и работилници на компаниите
Откако ќе се регистрирате, ќе можете да изберете и кој ден од настанот Ви е најпогоден и веднаш да закажете деловен состанок, во согласност со Вашите деловни преференции. Состаноците ќе се одржат на самата платформа на настанот, а единствената опрема што ќе Ви биде потребна е компјутер, таблет или паметен телефон (со функционална камера и микрофон).
Подетални информации во врска со настанот можете да најдете на нивната официјална веб-страница: https://vsecuritysummit.com/ .
Контак лице за помош при регистрација од страна на
Sarajevska regionalna razvojna agencija SERDA е Aida Džamalija Duran.
e-mail: aida@serda.ba